Ознака: занает

Дизни криел мала тајна во своите филмови

Post Views: 1 Оваа комбинација на бројки и букви со години се појавува во анимираните филмови на Дизни и Пиксар, а еден филмски ентузијаст ги изгледал сите анимирани филмови на овие компании за да ни понуди доказ дека Дизни нешто крие од нас. Оваа скриена порака се наоѓа насекаде. А вистината на овие броеви е прилично едноставна. Во прашање е бројот на училницата каде многу аниматори го изучувале својот занает.{loadposition content9}

Continue reading

Заживува филигранскиот занает во Охрид

Post Views: 9 Во охридската чаршија заживува филигранскиот занает. Долго време недостасуваше некој да почне да се занимава со изработка на филигран, напоменува Сашо Богоески претседател на охридската занаетчиска комора. Станува збор за две девојки и едно момче помлади од 30 години, кажува Богоески. „ Досега имавме двајца регистрирани филигранисти, а сега имаме плус 3 и многу значи. Спецификата на изработката на накитот и самиот занает дава добар напредок во занаетчиството. Со години наназад се регистрираа бербери, фризери, козметичари. Овие дејности филигранството и резбата на бакар...

Continue reading

Гасне ковачкиот занает во Охрид

Post Views: 14 Полека се гасне ковачкиот занает во Охрид. Секирите, соровите, ножевите, мотиките и лопатите кои рачно се изработуваат со ковање се помалку се барани.  Во работилницата на мајстор Рамис Зејнел, последниот ковач од градот,  ударите на чеканот и наковалната од ден на ден стануваат се потивки. Иако ова е период кога се подготвуваат алатите за работа во градините и овоштарниците, купувачи  нема, вели мајсторот.  „Моментално во Охрид нема побарувачка. Земјоделието не се работи. Струга се работи. И таму уште неколку години и ќе прекини. Мајстори сме 3, јас и двајца од Дебар,...

Continue reading

Филигранскиот занает во Охрид е во нагло изумирање

Post Views: 2 Ацо Димитриески, познатиот охридски  филигранист вели во Охрид филигранскиот занает во моментов е во нагло изумирање. Тој повеќе од 2 децении изработува филигрански накит и ја продолжува семејната традиција на неговите дедо и прадедо Диноски, стара повеќе од 200 години.  Во последниве 5 години никој од помалдите не се инетерсира да го учи занаетот. Во моментов на прсти може да се избројат млади филигранисти. Во занаетчиската комора нема само филигранисти туку изработувачи на накит  и бижутерија, додава  Димитриески.    „ Интересот  за изучување на филигран е многу слаб....

Continue reading

optimist

Додека чекаме предвремени

Post Views: 3 Се расправале хирург, архитект и политичар кој е најстариот занает на светот. Хирургот вели: – Господ од реброто на Адам ја создал Ева. Очигледно тој бил првиот хирург и тоа многу умешен. Архитектот го прекинал:– Чекај малку сега, Господ ја направил Ева дури шестиот ден. Сети се ти на самиот почеток, прво бил хаосот – па настанал редот. Кој би можел да го направи редот освен архитектот? Видел – не видел, се вмешал и политичарот:– Па добро луѓе, што мислите, кој го направил хаосот?{loadposition content9}

Continue reading

opinci

Калфите се враќаат во дуќаните

Post Views: 6 Голем чекор за занаетчиството, калфите, односно чираците се враќаат во дуќаните. Претседателот на регионалната занаетчиска комора Сашо Богоевски, вели дека задоволни се што Министерството за економија покажа разбирање и направи напори, нивните барања да ги стави во законска рамка. „За прв пат во последниве 20 години во законот се вметнати и калфи. Она што ние упорно го баравме, ајде да кажам една од моите големи заслуги тука и успеавме калфите да ги вметниме во законот, јас барав три години калфите да учат занает, предлогот на Министерството за економија во новиот закон...

Continue reading

tapani

Гајдата и тапанот-животна преокупација

Post Views: 8 Цветко Блажески од Белчишта, славна Дебрца е најстариот и најпознат мајстор за изработка на стари традиционални музички инструменти. Првата гајда ја изработил на 20 годишна возраст, а веднаш после тоа и тапанот. Од тогаш па до ден денес, веќе три децении тие му се животна пасија. „Не само што ги изработувам и продавам инструментите, туку и одлично свирам на истите“, започна да ни раскажува чичко Целе. Но тој искрено жали што нема кој да го наследи. Чичко Целе смета дека надлежнте треба да направат нешто, и она малку што е останато од препознатливиот македонски идентитет...

Continue reading

cevlar

Занаетчиите, калфите и Законот за образование

Post Views: 0 Поголемиот број од занаетчиите се судираат со законскa пречкa која ги оневозможува да примаат ученици  да учат занает.  Во моментов само козметичарите, фризерите, автомеханичарите, електричарите или струките кои се опфатени во средното стручно образование може да добијат дипломи за одреден занает. Со вакви одредби од  Законот за образование  останатите занаетчии се ставени  во ситуација учениците да ги вработуваат, вели Сашо Богоески, претседател на регионалната занаетчиска комора. „ Ние занаетчиите, калфите мора да ги пријавуваме како вработени лица. Учeник не може...

Continue reading

rezbar janko

Исчезнува звукот на длетото

Post Views: 10 На изветвената и испрашена црно бела фотографија закачена на ѕидот од резбарската работилница заробен е еден момент од животот на стариот резбар. Гледајќи ја фотографијата Љубен Џамбазов со носталгија си припомнува  на деновите од младоста поминати во изучување на резбарскиот занает. Во сеќавањата се  навраќа во 50-ите години од минатиот век кога го  изучувал занаетот во Атељето за уметничка резба.  Чичко Љубен на фотографијата ги набројува  своите соученици ама си спомнува и за  сите познати охридски резбари од познатата Дуборезачка школа, Славе Крстанче, Ѓоре Боче,...

Continue reading

frizerski salon

Секоја жена сака да изгледа убаво

Post Views: 5 Занаетот пари вреди. Фризерските салони, сами со своите мајстори. Овој занает, кој нуди можност за добра заработка, во денешно време стагнира. Се помалку во салоните може да се забележат ученици или народски кажано чираци кои имаат афинитет да го изучуваат овој занает. Добрите познавачи на фризерството сметаат дека причината поради видниот недостаток на ученици, лежи во задолжителното средно образование. Евица Попаѓиноска, една од ретките фризери во Струга која има соодветна школа за тоа, се согласува со овој став. Таа вели дека занаетот не треба само да се изучува,...

Continue reading

vitraz

Кој сака да научи да прави витраж?

Post Views: 0 Архитектот Митко Поповски во неговото специјализирано студио веќе 15 години изработува витражи. Последниве две години, тој своето знаење го пренесува на сите оние кои сакаат овој медиум да им биде хоби или прфесионална определба. Основите на уметноста која прво се појавила како техника на застаклување, веќе две години може да се изучуваат во Охрид. Станува збор за уметност која за прв пат се појавила во Европа во 10 век, како техника за застаклување на прозорци, за да во 12 и 13 век со неа се кителе прозорците на црквите Св. Софија во Цариград и Св. Петар во Рим. Така,...

Continue reading

Milan Beleski

Опинчарскиот занает во изимирање

Post Views: 21 Тој со своите 83 години  се бори да го одржи во живот занаетот кој  исчезнува. Чичко Милан 60  години го работи овој занает, и вели цел живот сум работел како опинчар и ништо друго. Белески во далечната 1939 година заминува во Заечар, кај мајсторот Александар Костиќ, преку организацијата Привредник и 4 години го изучува опинчарскиот занет. Со носталгија во очите се сеќава на минатите времиња, кога имало работа па се правеле опинци од гума, подоцна од кожа , па амути и уздии за коњи, а сега работите се многу изменети вели мајстор Белески. Златни времиња беа годините...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top