Ознака: Заев

Премиер Зоран Заев

Заев не размислува за оставка

Post Views: 8 Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не размислува да даде оставка. Неговиот коментар доаѓа по вчерашното барање да си поднесе оставка од претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села. Заев вели дека во изјавата на Села да си даде оставка од морална причина, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите.Заев денеска беше во посета на нова фабрика во Сарај. Во однос на понудените оставки за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово, премерот рече дека нема дополнителен коментар. Тој останува на ставот дека прво ќе ги причека форензичките...

Continue reading

Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација

Post Views: 3 Лидерите на двете најголеми политички партии во нашата земја, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација, по информацијата која ја доби Министерството за здравство дека еден новинар од телевизиски медиум е позитивен на Ковид-19 вирусот. Тој новинар во текот на минатата недела имаше ТВ интервјуа со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, и Мицкоски и Заев се тестирани на коронавирусот. Резултатот на Христијан Мицкоски, кој беше изработен доцна синоќа е негативен, но тој ќе биде во задолжителна самоизолација до истекот на 14 дена од последниот...

Continue reading

Мирен марш во чест на жртвите на пожарот, а не протест против Филипче и Заев

Post Views: 5 Марш за оддавање почит кон загинатите во модуларната болница во Тетово на Фејсбук, преку медиумски напис е претставен невистинито како марш за протест кон Заев и Филипче. Рецензираме објава на Фејсбук во које е споделен медиумски напис со наслов ,,Во живо, голем протест против Заев и Филипче во Тетово”. Во текстот не се споменува ниту премиерот Зоран Заев, ниту министерот во оставка Венко Филипче, туку се најавува мирен марш најавен на социјалните мрежи, организиран од членови на навивачката група „Балисти“. Маршот почнал од плоштадот „Илирија“ а завршил пред тетовската...

Continue reading

Премиерот Заев денес во Брисел

Post Views: 6 Премиерот Зоран Заев денес во Брисел ќе се сретне со високи претставици на ЕУ и НАТО, во прва официјална посета по преземањето на должноста, чија цел е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграците во ЕУ и НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги презентира реформските приоритети во агендата на Владата за враќање на земјава на патот на евроатлансите интеграции. Премиерот Зоран Заев, кој ќе биде придружуван од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола...

Continue reading

Заев се сретна со градоначалниците на Охрид, Струга и Дебрца

Post Views: 7 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска имаше средба со градоначалниците на Општина Охрид – Константин Георгиески, на Општина Струга – Рамиз Мерко и на Општина Дебрца – Зоран Ногачески. На средбата премиерот Заев истакна дека претстојниот извештај на УНЕСКО треба да се прифати како силен аларм кој повикува на заедничка акција на Владата и надлежните ресорни министерства како централна власт и на oпштините Охрид, Струга и Дебрца, за да се отстранат сите ризици кои го...

Continue reading

Мандатарот Зоран Заев предложи 17 имиња за идни министри

Post Views: 8 Седумнаесет имиња за министри предложи синоќа мандатарот Зоран Заев од редовите на СДСМ и коалиција, но меѓу кои има и непартиски имиња. На прес-конференцијата по Централниот одбор на партијата Заев соопшти дека ги предлагаат следниве имиња: Министер за одбрана Радмила Шеќеринска, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за надворешни работи Никола Димитров, за труд и социјална политика Мила Царовска, за финансии Драган Тевдовски, за образование и наука Рената Десковска, за земјоделство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Горан Сугаревски, за култура Роберт Алаѓозовски,...

Continue reading

Заев се сретна со Могерини

Post Views: 7 Лидерот на СДСМ Зоран Заев и мандатар за новата Влада посакува во 2018 година да се отвори датум за почеток на преговори за пристапување кон ЕУ. Тој во Брисел по неформалната вечера на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини со премиерите на земјите од западен Балкан изјави дека Отворањето на поглавјата 23 и 24 ќе бидат од огромна помош во реформите во правосудство и безбедноста во Македонија. „Јас посакувам во 2018 година да се отвори датум за отпочнување на преговори за пристапување“, изјави Заев. Од Кабинетот на Федерика Могерини, Високата претставничка на...

Continue reading

Мандатарот Заев на неформална вечера со Могерини

Post Views: 5 Претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој е мандатар за составување на новата влада на Македонија, ќе присуствува на денешната неформална вечера на премиерите на шест балкански држави што во Брисел ја организира високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Федерика Могерини. На оваа вечера ќе присуствуваат и премиерите на Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Целта на вечерата, како што е соопштено во Брисел, е да се разговара за состојбата во регионот во врска со последните случувања, како и да се погледне „како сите...

Continue reading

Заев: Легализација и декриминализација на канабисот прво во дел од туристичките центри

Post Views: 4 Премиерот Зоран Заев во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М, одговарајќи на прашањето за економските потенцијали на земјата и планираниот развој зборуваше на темата, легализација и декриминализација на канабисот. „Во смисла на декриминализацијата, потребно е да се сменат Закони, дел од Кривичниот закон, делот за опојни дроги. Тоа ќе го отвориме во првото полугодие на 2021 година и генерално реакциите за ова прашање се позитивни“, рече Заев кој во однос на прашањето, која е основната идеја која се сака да се постигне со легализацијата на канабисот, инсистираше да...

Continue reading

Премиерот Заев ги претстави приоритетите на владиниот проект „21 за европски стандарди дома“

Post Views: 0 Премиерот Зоран Заев ги најави приоритетите од иницијативата „Европски стандарди дома“. Помеѓу клучните приоритети на земјава се прочистување на првосудниот систем и борбата со корупцијата. Премиерот ги посочи и проектите за намалување на аерозагадувањето во земјава за следната година. „За 2021 во Програмата за намалување на аерозагадувањето се предвидени дополнителни 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошките системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност и обновување на урбаното зеленило. Зголемени се до 20 пати казните за прекршување...

Continue reading

Заев од Претор: Обезбедивме првични 80 милиони денари за ревитализација на Преспанско Езеро, заштитата на природното богатство е приоритет

Post Views: 1 Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, посетата на преспанскиот регион ја искористи и за увид и обиколка на Преспанското Езеро за прецизирање на спроведувањето на препораките и акцискиот план предложен од експертите за одржливо управување на Преспанското Езеро. Премиерот Заев подвлече дека без разлика што сме соочени со факторите на кои не можеме да влијаеме, како што се климатските промени и актуелната временска ситуација, препораките што произлегуваат од студијата и акцискиот план со конкретни мерки и временски рамки,...

Continue reading

Заев: Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост се имплементира со силно темпо, продолжуваме според принципот „ништо за нив – без нив“

Post Views: 5 Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со Спасе Додевски – координатор со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и Христијан Стојанов, Вера Апостоловска и Кристијан Лазарев, претставници на лицата со попреченост преку видео запис го одбележаa 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Премиерот Заев истакна дека е горд за силното темпо и огромните чекори кои се направени во претходниот мандат и за одржувањето на континуитетот во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top