Ознака: жупан

Анастазија Жупан на светскиот ден на лицата со Даунов синдром во бистро Корнер приреди изложба на тема цвеќе

Post Views: 4 Анастазија Жупан својата дарба за сликање ја претстави на изложба. Во бистро Корнер таа изложи десетината слики со мотиви на цвеќиња. На тој начин се вклучи во одбележување на денот на лицата со Даунов синдром. Изложбата ја посветува на својата неодамна почината баба Здравка Жупан. Преку веселите бои на своите цртежи таа открива колку го сака животот. Изложбата има хуманитарен карактер и собраните средства сака да ги донира во НВО „Порака Нова“ и да ги израдува децата кои се дел од оваа организација. Анастазија се радува на пролетта, а сака да учи сликарство.„ Ги сакам...

Continue reading

slovenci

Бизниз денови во Струга

Post Views: 0 „Бизниз денови низ Р. Македонија“. Овој проект на Словенечко Македонскиот бизнис клуб, денес презентиран во Струга. Промовирање  на стопанствата од двете земји како и остварување на добра билатерална соработка е главна цел на средбите од ваков карактер вели извршниот директор на клубот Искра Јовановиќ. Таа истакна дека Словенија е најголемиот лобист на патот на Макеоднија кон Европската Унија. Јовановиќ додаде, дека бенефитот од соработката меѓу двете земји е тоа што, македонците учат како подобро да се работи и како побрзо да се оствари контакт за да може заедно со...

Continue reading

saem biznisi Struga

Промоција на женски бизниси

Post Views: 6 40 претприемачки од пограничната зона Струга и Поградец, добро се покажаа. Имаше што да се погледне во холот на струшкиот хотел „Дрим“, на поставените штандови полни со, ткаени, везени, плетени шиени ракотворби, штандови со флаери од областа на  угостителство, како и производи од најразлични индустриски гранки. Јасмина Попоска од Македонската развојна фондација, рече дека се сублимираат искуствата на жените од Струга и Поградец. Додаде дека веќе се покажуваат позитивните ефекти од нивните бизниси.Претставникот од Албанија, Ариола Аголи, упати благодарност до организаторите...

Continue reading

pretpriemaci

Жените од Струга и Поградец добри претприемачи

Post Views: 13 Жените од Струга и Поградец подготвени за соработка во претприемништвото. 17 жени претприемачи од Струга го почуствуваа бизнис пулсот на Поградец, а денес пак, беше остварена возвратна посета. Глигор Михајловски од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), истакна дека целта на пограничниот проект за соработка, е да се презентираат досегашните резултати од спроведување на проектот, негова промоција, како и можноста да се зголеми трговската соработка меѓу жените претприемачи.Импресиите на првиот човек од Партнерство Албанија Ариола Голи, во поглед на организација...

Continue reading

avtobuski postojki

Автобуски постојки по светски терк

Post Views: 1 Мала но значајна инвестиција. Во Струга се реновираат автобуските постојки. Теретот за средствата на инвестицијата е поделен на два дела. Еден дел ќе плати Локалната, а друг Прокредит Банка. Нов изглед на автобуските постојки во Струга. На осум локации во општината, се реновираат автобуските постојки. Иницијативата е на Прокредит Банка, а реализацијата заедничка, на Локалната и на Банката, вели Владислав Жупан, советник за проекти при Општина Струга. „ Веќе подолго време имавме проблем со автобуските постојки во општина Струга. Истите беа комплетно девастирани и требаше...

Continue reading

Anastazija

Љубовта не ги брои хромозомите

Post Views: 1 Тие се секогаш насмеани, со исти потреби да бидат сакани и прифатени. Потребна им е поголема поддршка од општеството и да бидат признаени како еднакви без дискриминација врз основа на попреченост. Лицата со Даунов синдром неизмерно и несебично ја даруваат својата љубов. Денес на 21 март Светскиот ден на лицата со Даунов синдром барем за миг треба да се запрашаме дали правиме доволно како поединци и општество за нив.Нашата сограѓанка Анастазија е весело и комуникативно дете, сака музика, зборува шпански, не се плаши од вода, го сака езерото. Секогаш е насмеана и ведра....

Continue reading

nagrada

Наградата „Горна порта“ во рацете на доајенот на македонското сликарство, Јордан Манасијески

Post Views: 29 Јордан Манасијески, доајенот на охридското и македонското сликарство добитник на престижната награда „Горна порта“. Претседателот на комисијата која ја доделува наградата, Игор Кичеец, смета дека критериумите за да се добие една ваква награда се доста високи. Кичеец вели дека самото име на наградата „Горна порта“ покажува на еден симбол на градот, но пред се една асоцијација на некои повисоки критериуми. Тој појаснува зошто се одлучиле токму Манасијески да биде добитник на наградата за 2013та година.   „Уметникот Манасијески е присутен ширум светот и има собрано мноштво...

Continue reading

izlozba

Охрид низ трансформација и метафизички стил

Post Views: 0 Охрид прикажан преку една трансформација и еден метафизички стил. Вака академските сликари Лидија и Мирко Вујисиќ кои веќе шеста година Охрид го одбрале за свој втор дом, им го прикажаа најубавото од градот на сите оние кои ја сакаат и ценат ликовната уметност. Што се однесува до концепцијата на оваа изложба, одбравме многу интригантен и мошне интересен простор кој има свои предизвици и формиравме еден концепт на прикажувањето на слики,графики и цртежи во кој иманентно ќе постои една нишка које ќе обединува атмосферата и историјата доживувањето и она што е ендемско...

Continue reading

Македонија е лидер во регионот во спроведување на проекти на МОС

Post Views: 1 Претставници на шест општини Струга со Вевчани, Осломеј со Кичево и Старо Нагоричане со Куманово, дискутираа за можностите кои им ги нуди меѓуопштинската соработка. „ Овие шест општини во текот на следната недела ќе потпишат договори за спроведување на проекти кои ги изработија сами и кои се фокусирани на подобрување на меѓуопштинскиот дијалог, меѓу заедниците меѓу двете општини со друга тематика. Конкретно во Струга се работи на проект за подобрување на економскиот развој и туристичката понуда. Ќе се работи на разубавување на одредени локлации проект кој е во партнерство...

Continue reading

deponija

Изградба на регионална депонија?

Post Views: 3 И Македонија отсега на своите депонии ќе мора да одлага само селектиран цврст отпад. Станува збор за дел од европската легислатива која ќе мора да ја испочитуваме како земја кандидат за членство во ЕУ. Без разлика дали ќе станува збор за примарна или секундарна, селекцијата ќе мора да биде интегрален дел од идниот процес на одлагање на цврстиот отпад. Владислав Жупан, менаџер за проекти за локален развој вели дека привичната идеја за одлагање на неселектиран отпад, отсега не е опција. „На ниво на општина, ќе мора да се воведе примарна селекција на отпадот. Од друга...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top