Ознака: жртва

Една жртва во протестите против ковид мерките во Берлин

Post Views: 0 49-годишен човек починал веднаш откако бил уапсен од страна на полицијата за време на масовниот протест на поддржувачите на анти-ковид мерките кој вчера се одржа во германската престолнина, Берлин. Демонстрантот се пожалил на пецкање во раката и градите додека полицијата ја проверувала неговата лична карта во берлинскиот кварт Мите. Од полицијата информираат дека веднаш му укажале прва помош, по што итно со брза помош бил пренесен во болница, но подоцна човекот починал. Инаку, вчера илјадници демонстранти се собраа и протестираа против мерките и покрај официјалната забрана...

Continue reading

Најмалку 31 жртва во авионска несреќа на Филипини

Post Views: 10 Според податоците на филипинската војска, во падот на авионот загинале 29 воени лица и двајца цивили. Уште 50 лица кои се превезувале со авионот и четири цивили се повредени во несреќата. Засега уште 17 војници се водат како исчезнати. Војниците, кои се превезувале со авионот, според првичните информации, биле регрути. Филипинските власти започнаа истрага за утврдување на причините на падот на транспортниот авион од тип „C-130“ на филипинските воздухопловни сили кој се урна при обидот да слета на островот Холо во провинцијата Сулу.

Continue reading

Четврта жртва во Кина од корона вирусот

Post Views: 8 Четири лица умреле откако биле заразени со новиот респираторен вирус. Досега со него биле инфицирани околу 220 луѓе во неколку кинески провинции, како и во Тајланд, Јапонија и Јужна Кореа. Кинеските власти вчера потврдија дека петнаесетина медицинари биле заразени со новиот коронавирус. Светската здравствена организација за утре закажа итен состанок за да утврди дали новиот вирус бара прогласување итна состојба.

Continue reading

76 годишен охриѓанец жртва на измамниците со лажни сообраќајни несреќи

Post Views: 0 Охриѓанец стана жртва на измама со лажна сообраќајна несреќа и плаќање на големи суми за да се избегне затвор.  Се работи за прво кривично  дело „измама“ пријавено во СВР Охрид во кое 76 годишен охриѓанец е оштетен од засега непознат сторител за 1300 евра. „ Според тоа што пријавил оштетениот во текот на вчерашниот ден на неговиот мобилен телефон му е јавил непознатиот и му соопштил дека бил очевидец на сообраќајна незгода со смртни последици  предизвикана од неговата ќерка и случена во една соседна земја. При тоа непознатиот му побарал 25 ООО евра со цел да помогне...

Continue reading

poplavii

Најмалку 31 жртва од поплавите во Турција

Post Views: 9 Најмалку 31 лице загина во катастрофалните поплави предизвикани од поројните дождови во северозападниот дел на Турција, јавуваат турските медиуми. Според истите извори, 26 души загинаа во Истанбул, а петмина во соседната провинција Текирдаг. Меѓу жртвите во Истанбул се и седум текстилни работнички, кои останале блокирани во нивниот минибус. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вети финансиска помош на семејствата на настраданите во поплавите. {loadposition content9}

Continue reading

flaer

Секоја четврта жена во Македонија е жртва на семејно насилство

Post Views: 28 Според последните истражувања, една од четири жени во Македонија е жртва на насилство. Министерството за внатрешни работи на земјата регистрираше 147 случаи на домашно насилство врз жени во 2013 година, што е за 33,6 отсто повеќе од претходната година. Зачестеноста на случаите на домашно насилство ги загрижува бранителите на правата на жените, кои им помагаат на жртвите на насилство да се вратат на нормалниот живот. Македонското здружение за развој и интеграција нуди бесплатни психолошки консултации за жени. Претседателот на здружението, Наде Качакова, рече дека организацијата...

Continue reading

most

Дрвениот мост во Струга чека подобри времиња

Post Views: 1 Струга градот на мостовите, сеуште чека изградба на нов премин. Само темел од метална конструкција на двата кеја од реката Црн Дрим, останаа како неми сведоци за мостот кој постоеше тука. Жителите на Струга, потсетуваат дека на местото каде пред година и пол беше демонтиран дрвениот пешачки мост, од памтивек постоел премин и сметаат дека тоа така треба да остане. Тие исто така велат дека мостот е само уште една жртва на не грижата на градските власти како во минатото така и денес. Стружани очигледно како да ја изгубиле надежта дека ќе се изгради нов бетонски мост со...

Continue reading

Boroec

Две жртви во струшко

Post Views: 8 Љупчо Прескакулов од регионалната канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување, во телефонски разговор за ТВМ, рече дека многу тешко се справуваат со пробивање на патот кон селото, бидејќи на терен се соочуваат со снежна бариера од над метар и половина. Тој кажа дека со снегот се борат со заеднички сили со екипите на „Македонија пат“, кои воедно взаемно се помагаат и работат во абнормални услови. Во Јабланица засега слетуваат само двата армиски хелихоптери, кои работат на евакуација на болни и изнемоштени лица, а воедно вршат дотур на залихи за храна. Жртва на...

Continue reading

reli

Прва жртва на првиот ден од релито Дакар

Post Views: 3 „Жената почина. Имаше сериозни повреди на главата, стомакот и карлицата, а претрпе и два срцеви удари на пат до болницата.“ изјави Норберто Бруса, доктор во болницата во Рио Куарто. Четворица други исто така се здобија со полесни повреди и скршеници, кога возилото на Мирко Шултис и Урлих Лерди навлезе во „јавната зона“ наменета за публиката. Шпанецот Нани Рома, победи во првата етапа која се возеше од Буенос Аирес до Кордоба  во класата автомобили со време од 2 часа 11 минути и 15 секунди а сонародникот Карлос Саинц заврши на второто место со разлика од само две минути...

Continue reading

Попушта ѕидот на молчење на мафијата

Post Views: 8 Ѕидот на молчење кој со десетлетија ја штити мафијата конечно попушти, дури и во внатрешноста на Сицилија, пишува Independent. Во Корлеоне, родното место на најозогласените кумови на Коза Ностра, кое го позајми своето име на мафијашката фамилија во филмовите на Копола, жртва на мафијашкото изнудување по прв пат во историјата соработувала со правосудните органи. Карабињерите го уапсиле локалниот шеф на мафијата и уште три лица, а апсењето следело откако неименована жртва, сопственик на автосалон, на полицијата им рекла дека не може повеќе да плаќа рекет од 500 евра месечно,...

Continue reading

свр

Обезбеди се не биди жртва на кражби

Post Views: 4 „Превенција од провални кражби“ е темата на состанокот што СВР Охрид денес го организира во основното училиште „Христо Узунов“ во 18 часот. Состанокот е планиран во соработка со локалната самоуправа –Охрид- сектор за комунален развој,  а поканети се председатели и преставници на урбаната заедница „Горна влашка мала“, претставници од заедници на станари и заинтересирани граѓани. На средбата, инспектор за превенција по криминалистички работи,  со пауер поинт презентација ќе одржи едукативно предавање на тема:„Обезбеди се не биди жртва на кражби“. На средбата предвидени...

Continue reading

sajt

Промовиран сајтот „Стоп педофилија“

Post Views: 6 Министерството за труд и социјална политика денеска го промовираше веб-сајтот www.stop-pedofilija.org.mk, кој дава информации како да се препознае педофил, кој може да стане жртва на сексуална злоупотреба и каде децата да се обратат за помош.Мотото на веб-сајтот е „Секој почеток е тежок. Скрши ја тишината. Побарај помош. Помогни им на другите“. Министерството спроведува и едукативни работилници во 126 основни и средни училишта, но ја избра и оваа форма за информирање на најмладите зашто се тие и најчести корисници на интернетот. – Примарна цел е подигнување на...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top