Ознака: Живко

Патрон празник на ОУ „Живко Чинго“

Post Views: 19 Со пригодна свеченост, основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти го одбележа патрониот празник. Пред присутните свое обраќање имаше Љубица Ангелоска Кркачоска, директор на училиштето. Таа на најуспешните ученици им додели награди. Богатата програма беше реализирана од страна на учениците на ова училиште, а на свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Continue reading

Расказот „Гладоморје“ добитник на наградата „Живко Чинго“

Post Views: 10 Расказот „Гладоморје“ под шифра „Квечеруваме“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2020 година што Општина Охрид ја доделува по повод одбележувањето на Традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.По распишаниот Конкурс на општина Охрид за најдобар расказ за Живко Чинго до жири комисијата во состав, проф. д-р Димитар Пандев- претседател, проф. Славе Ѓорѓо – Димоски член и Григор Стојкоски – член, пристигнаа 78 раскази од кои 7 не ја исполнуваа анонимноста на конкурсот. Жири комисијата избраа десет раскази во поширок и четири раскази во потесен избор....

Continue reading

Марија Ѓиноска од ООУ „Живко Чинго“ најдобра млада библиотекарка

Post Views: 1 Ученичката Марија Ѓиноска од деветто одделение од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти го освои првото место на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ за оваа 2021 година. Нејзин ментор е наставничката Снежана Стојаноска. Ѓиноска ќе го претставува Охрид на Државниот натпревар „Млади библиотекари“ кој беше закажан за декември годинава, но поради Ковид пандемијата одложен е за мај, 2022. Домаќин ќе биде Охрид, поточно нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“. На општинскиот натпревар се натпреваруваа вкупно осум ученици подготвени од менторите од: ООУ „Св. Наум Охридски“, ООУ...

Continue reading

„Пад на системот или Како Балканските народи сфатија дека Бог не постои“ е најдобриот расказ на годинешниот конкурс Живко Чинго

Post Views: 0 Најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго“ 2019  е „Пад на системот или Како Балканските народи сфатија дека Бог не постои“. Комисијата за избор на најдобар расказ во состав од еминентни имиња од македонското литературно творештво, Кристина Николовска, Славе Ѓорого Димоски и Димитар Пандев го избраа расказот под шифра 11 од 40  пристигнати раскази.  „ Пристигнатите раскажи се одликуваа со нови теми. Со што се покажува напредок во развојот на македонскиот расказ. Особено расказите на овој конкурс опфаќаат широк дијапазон на теми вонременски и вонпросторни. Најдобриот...

Continue reading

КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ ЗА КУЛТУРНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ВЕЧЕР НА ЖИВКО ЧИНГО“

Post Views: 1 По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот: КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ Услови за учество на Конкурсот: Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија; Живко ЧингоТрудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ; Авторското право се докажува со четвртиот примерок;Краен рок за доставување на трудовите...

Continue reading

Се одржа културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“

Post Views: 3 Синоќа  во атарот на црквата Св. Петка пред спомен обележјето на Живко Чинго  во село Велгошти  се одржа  традиционалната културна манифестација, „Вечер на Живко Чинго“. Пред љубителите на пишаниот збор и делото на Чинго се обрати градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски .     –И овој 13-ти август, овде, во неговата чудесна земја  Пасквелија,  дојдовме да се поклониме и да оддадеме почит на грандиозното литературно творештво  на  големиот македонски и светски писател, Живко Чинго. Иако изминаа 31 година од неговата прерана смрт, Живко Чинго  е еден од најголемите...

Continue reading

Наградата Живко Чинго за најдобар расказ за „Потфрлување на топката“

Post Views: 1 „Потфрлување на топката“ под шифра „Горе главата“е избран за најдобар расказ на конкурсот на општина Охрид по повод манифестација Вечери на Живко Чинго.Тричлената комисија во состав проф. д-р Кристина Николоска, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски едногласно го избрале расказот  „Потфрлување на топката“ во конкуренција на 50 други пријавени раскази. Тоа е задоволителна бројка бидејќи името на великанот Живко Чинго во современата македонска литература и за новите автори е голем поттик, кажа на денешната прес конференција  Кристина Николоска. „Во расказот се...

Continue reading

Конкурс за најдобар расказ за наградата Живко Чинго

Post Views: 7 По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот    К О Н К У Р С  З А   Н А Ј Д О Б А Р   Р А С К А З Услови за учество на Конкурсот:     1.Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија     2. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул.„Димитар Влахов“бр.57  со назнака : ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;     3. Авторското право  се докажува со четвртиот примерок;     4....

Continue reading

Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти одбележа својот патронен празник

Post Views: 3 Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, синоќа го одбележа својот патронен празник. Со богата програма подготвена од учениците и од нивните ментори им го задржаа вниманието на посетителите кои ја наполнија салата во Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорот на училиштето Ѓоко Чингоски пред присутните изрази огромно задоволство и чест што е прв човек на ова училиште кое едно од најстарите во државава. Тој кажа дека неговото континуирано постоење е проследено со постојан раст и развој и подобрување на условите за работа и учење. Имаше реконструкција на училиштето...

Continue reading

Велгошти и годинава достојно ќе го одбележи Денот на Живко Чинго

Post Views: 1 „Твое е само она што ќе им го дадеш на другите“. Овој стих на Живко Чинго стои врежан на плоча во атарот на црквата Св.Петка во Велгошти. По повод роденденот на големиот поет утре во прекрасниот амбиент пред неговата спомен биста, веднаш под црквата Св Петка, традиционално ќе се одржи Денот на Живко Чинго. Ѓоко Чингоски од Месната заедница Велгошти, вели дека цели 3 децении достојно и со гордост го величаат неговото дело, но сепак скромно, бидејќи оваа манифестација сеуште не е во програмата на Министерството за култура каде што и е местото. „Ние се трудиме како месна...

Continue reading

„Во рогот на волот“ под шифрата Чадор е добитник на наградниот конкурс „Живко Чинго“.

Post Views: 2 Насловот „Во рогот на волот“ е најдобриот расказ на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“. Комисијата за доделување на општинската награда Живко Чинго, во состав проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Наташа Алексоска и поетот Славе Ѓорго Димоски едногласно ја донесле одлуката најдобар расказ да му припадне на „Во рогот на волот“ под шифра „Чадор“. „Овој расказ се издвојува со извонредна наративна изведба со која виртуозно поигрува со парадигмите на надреалистичното искуство, при што ја актуелизира почвата на Македонија како крстосница на луѓе, времиња и народи“,...

Continue reading

ОУ „Живко Чинго“ го одбележа својот патрон

Post Views: 0 ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти прераснува во современ образовен центар. Тоа го говорат успесите на многу полиња, во постигнати успеси на учениците, во инфраструктурни зафати како и во осовременување на образовниот процес. Директорот Ѓоко Чингоски вели дека успесите доаѓаат со многу работа и залагање на наставниот кадар и учениците, но и на добрата организациона поставеност. Додаде дека точно поради тоа неговите залагања изминатиов период биле да им обезбеди модерни услови за наставниот процес. „Во изминатиов период училиштето постигна успешност на многу полиња. Инфраструктурно,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top