Ознака: жени

Мали бизниси во сопственост на жени од Охрид добиваат помош преку обуки за дигитализација

Post Views: 0 Три мали бизниси од Охрид во сопственост на жени, за филигранство, изработка на дизајнерски накит и рачни изработки од бакар добиваат помош преку обуки за унапредување на работењето преку дигитализација, воведување онлајн продажба и маркетинг. Менторската програма е во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женските бизниси по Ковид-19“ што го спроведува Центарот за управување со промени. Целта е да им се помогне на женските бизниси во онлајн трговијата во услови на пандемија кога се соочуваат со намалување на продажбата. Сузана Наумоска од Охрид, која 30 години...

Continue reading

Супербогат шеик бара 60 млади и згодни девојки за работа

Post Views: 0 Млади, згодни и модно информирани девојки, овие денови  имаат прилика, во Италија, да се пријават, по мислење на многумина , за работа од соништата. 1 април низ Венеција почнала да кружи приказна како некој супербогат шеик вработува 60 млади и атрактивни жени, кои имаат завидни “шопинг” способности. Иако се чинело дека се работи за првоаприлска шега, сепак веста била вистинита. Имено, тој супербогат шеик бил Rashid bin Saeed Al Maktoum, владетелот на Дубаи и барал асистентки за купување за своите бројни сопругии деца. Барал Италијанки поради нивниот смисол за мода, а...

Continue reading

Не е точно дека сите жени кои биле дел од клиничките испитувања за вакцината на „Фајзер“ доживеале спонтан абортус

Post Views: 4 Во светот постои вообичаена стапка на спонтани абортуси. Тие се случуваат без вакцинација или со вакцинација, односно независно од вакциналниот статус на жената. Вакви абортуси со дадената стапка во светот се случувале и пред да постои вакцина против ковид-19. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека разоткриени податоци на Фајзер откриваат дека сите бремени жени кои биле дел од клиничките испитувања за вакцината доживеале спонтан абортус. Во склоп на постот објавен е текст од сајтот Коловрт, кој во текот на целата вакцинална кампања заговара против нејзиното...

Continue reading

Два преседани истовремено

Post Views: 8 Прв пат во својата историја, поставиле жена како член на управен одбор на Хонда и еден странец за оперативен директор на компанијата. Како што се наведува во соопштението на Хонда, во управниот одбор на компанијата ќе се придружи технолошкиот експерт Хидеко Куни (66), а Бразилецот со јапонско потекло Исао Мицогучи, кој веќе 30 години раководи со работењето на Хонда во Јужна Америка, е именуван за нов оперативен директор на компанијата, пренесува AP. Јапонската компанија се најде под критики дека промовираат само јапонски државјани, и ова е за прв пат да се направат два...

Continue reading

kidnapirani

Десет годишен кошмар

Post Views: 0 Три жени кои биле киднапирани пред десетина години и од тогаш им се губи секоја трага, се пронајдени живи во куќа во градот Кливленд во американската сојузна држава Охајо. Во врска со киднапирањето на трите жени полицијата уапсила тројца браќа од латиноамериканско потекло. Станува збор за браќата Кастро, кои се на возраст од 50, 52 и 54 години. Тие се товарат за киднапирање и за силување на жените.Жените беа пронајдени во куќа, чиј сопстевник е 52-годишниот Ариел Кастро, кој работел како возач на училишен автобус. Една од киданапираните жени забременила при силувањата...

Continue reading

kanibal

Бразилските канибали сееле ужас

Post Views: 0 Бразилската полиција вчера јави дека канибалскиот љубовен триаголник најверојатно убиле уште пет жени.   Маж, неговата жена и љубовница се осомничени дека убиле две жени и дека ги изеле.Полицијата се сомнева дека истата тројка убиле уште пет жени чии тела најверојатно завршиле слично и на претходните жртви, чии остатоци се пронајдени минатата недела. Од истрагата на полицијата се дознава дека канибалите од месото на жртвите правеле увијачи и им ги продавале на соседите.Осомничените се припадници на секта. Истрагата почна уште минатиот месец откако Негромонте Де Силвеира...

Continue reading

pregnancy

Казни за трудниците што пушат или пијат

Post Views: 1 Новиот предлог-закон на бремените Украинки им забранува да запалат цигара или испијат алкохолен пијалок во текот на бременоста, во спротивно им се заканува казна. Иако некои идни мајки не ни помислуваат на цигара, на други им е претешко да се откажат од оваа навика. Ниту на идните татковци не им е лесно, па така еден и рекол на својата сопруга по нејзиниот тридневен непушачко-труднички стаж дека „или повторно да почне да пуши или сите ќе полудат“. Украинските пратеници кои бараат овој закон да биде изгласан во Парламентот истакнуваат дека заканата со казни би можела...

Continue reading

breast implants

30 000 Французинки ќе мора да ги извадат отровните силикони

Post Views: 5 Француските власти во текот на неделава ќе им наложат на сите жени кои вградиле импланти за зголемување на градите од фирмата Poly Implant Prosthesis (PIP) да ги отстранат затоа што предизвикуваат рак.Британскиот „Гардијан“ објави дека скоро 30,000 жени во Франција и илјадници од другите земји, вклучувајќи ги Шпанија и Велика Британија, добиле лажни импланти од ефтин индустриски силикон кој е склон кон истекување и цепење. Mесто медицински силикон во имплантите на компанијата Poly Implant Prosthesis (PIP) е вграден силикон кој обично се користи за изработка на компјутерски...

Continue reading

dobitnicki-Nobelova za mir

Три жени добитнички на Нобеловата награда за мир

Post Views: 1 Денеска во Осло свечено беше доделена Нобеловата награда за мир. Оваа година таа  замина во рацете на три жени- либериската претседателка Елен Џонсон Сирлиф, либериската мировна активистка Лејмах Гбове и јеменската новинарка и активистка Тавакул Карман. Трите добитнички на наградата порачале дека тоа признание ќе им биде дополнителен поттик во борбата за правата на жените, демократијата и мирот во нивните земји и во светот. “Светот веќе не може да не’ држи на страна. Тој мора да ги почитува нашите вештини и способности“, изјавила Гбове. Елен Џонсон Сирлиф, наградата...

Continue reading

sexy feet

Уапсен „цицачот на ножни прсти“

Post Views: 5 10 години откако започна да сее страв во Арканзас цицајќи им ги ножните прсти на жените под закана дека ќе им ги ампутира нозете ако не му дозволат, полицијата го уапси Мајкл Вајт.Мајкл зад решетки го сместија сведочењата на три жени. Две од нив имале блиска средба со „цицачот на прсти“ во продавница за обувки а третата била нападната пред влезот на сопствената куќа. Полицијата во Арканзас долго време добивала дојави од вознемирени жени кои тврделе дека непознат маж ги напаѓал и без дозвола им ги цицал палците на нозете. Сега кога „цицачот на палци“ е зад решетки, можат...

Continue reading

Slovacka romska naselba

Во Словачка ќе ги стерилизираат сиромашните

Post Views: 0 Словачкото Министерство за социјални работи поднесе предлог за овозможување на бесплатна стерилизација за сиромашните групи на население. Ова покрена бран на незадоволство во земјата, информираше чешката државна телевизија. Христијанските политичари и невладини организации, кои го бранат правото на живот ја означија мерката за расистичка тврдејќи дека е наменета првенствено за ромското малцинство. Словачка неодамна се соочуваше со критики за наводно нелегална стерилизација на ромските жени. Некои од нив поради тоа ја тужат земјата пред Европскиот суд за човекови права...

Continue reading

Jullian Assange

Започна битката за Асанж

Post Views: 7 Џулијан Асанж, сопственикот на Интернет страницата Викиликс заедно со својот тим на адвокати пред Вишиот суд во Лондон ја започнаа правната битка против судското решение за негова екстрадиција во Шведска, каде е осомничен за силување и сексуално насилство врз две жени. Овој 40-годишен Австралијанец, настојува да се укине одлуката на судијата на судот во Белмарс, од февруари оваа година, тој да биде предаден на шведските правосудни власти на натамошно сослушување. На првото судење, судијата ги отфрли тврдењата на адвокатите на Асанџ дека осомничениот поранешен хакер...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top