Ознака: желби

Хумани охриѓани ќе исполнат посебни новогодишни детски желби меѓу кои и велосипед

Post Views: 6 Во Охрид се прават бројни хумани акции за да има насмевка на секое детско лице. Новогодишните и Божиќните празници се време за дарување и исполнување на новогодишни желби. Во тој дух разнобојни пакетчиња, украсени со црвени панделки чекаат да израдуваат 60-тина дечиња кои оставија лампиони со нивните желби на „Волшебната елка“ од Црвен крст. Лампионите со новогодишни желби беа реализирани за само неколку дена. Охриѓани несебично ги исполнија специфичните детски желби од семејствата во социјален ризик и од здружението „Тајните на моето срце“. На овој начин децата ќе се...

Continue reading

pisma za dedo mraz

Што сакаат децата од Дедо Мраз?

Post Views: 15 Колбаси секоја вечера, плаќање на долговите во продавницата за миленици, никогаш да не пораснат, да бидат поубави од своите врсници… се само дел од илјадниците детски желби што деновиве ги добива Дедо Мраз. Некои деца ги интересира што прави тој за време на војна а некои го опоменуваат дека лани им дал полош поклон отколку на другарчињата. Поштенските служби во Скандинавија деновиве се пренатрупани со писма од деца адресирани до Дедо Мраз, при што само поштите во Норвешка примаат околу 30.000 писма и разгледници полни со желби и надежи. Девојче по име Елси од...

Continue reading

Студентски парламент: Предлог законот за трансформација на УИНТ „Св.Апостол Павле“ целосно ги руши сите наши желби, права и идеали

Post Views: 11 Студенти при Универзитетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство „Свети Апостол Павле“ од Охрид, денеска се собраа со цел да покажат дека се против предлог законот за измена и транформација на Универзитетот. Тие велат дека новото законско решение го прекршува нивното право  редовно да напредуваат, да се образуваат и да го завршат студирањето под услови кои важеле при уписот на овој државен универзитет. „Овој предлог закон целосно ги руши сите наши желби, права и идеали со кои сме се запишале на овој Универзитет, па како таков е екстремно штетен доколку биде...

Continue reading

rozdestvo hriistovo

Христос се роди-навистина се роди

Post Views: 1 Со утринските литургии по црквите и храмовите, Македонската православна црква го започна празнувањето на Божик, празник за раѓањето на Исус Христос, најрадосното случување во христијанскиот свет.Според обичаите за Божиќ се станува рано, пред сонцето, а важно место во прославата има и оној кој прв ќе влезе во куќата за да внесе радост и веселба. Божик се честита со зборовите „Мир божји, Христос се роди“, на што се одговара „Вистина се роди“. Во градов во повеќето цркви се пееја светите евангелија, а верниците му се молеа на Спасителот за мир, здравје, среќа и берикет....

Continue reading

nova godina

Незаборавен дочек на новата година на градскиот плоштад

Post Views: 6   Ако денот се познава по утрото, а Новата година по атмосферата во најлудата ноќ, Охрид го очекува бериќетна година. Со над десет илјади гости од кои најголем дел се од соседството и голем број охриѓани, во весела атмосфера, со убави желби за подобро утре во годината која е пред нас,  ја дочекавме Новата 2013. година. Во угостителските објекти, рестораните, кафулињата, но и дискотеките се бараше место повеќе. Но се чини највесело беше на Градскиот плоштад, каде граѓаните и гостите се забавуваа со хитовите на Ѓоко Танески, „Камелеон“, Петар Маркоски, „Аренси бенд“ и...

Continue reading

ploshtad

Атмосферата на градскиот плоштад

Post Views: 0 Многу охриѓани и гости одлучија најлудата ноќ да ја прослават на градскиот плоштад. И покрај скромниот буџет, сепак дочекот на новата година помина спектакуларно  во преубава празнична атмосфера. За  истата да биде повесела и поинтересна се погрижија Аренси бенд, гостинката од Хрватска Антонија Шола и Александар Белов. Точно на полноќ, кога присутните си ги споделија најубавите желби и честитки, охридското небо го осветли прекрасен огномет. Неколку минути пред полноќ, од градскиот плоштад, на граѓаните им се обрати градоначалникот Александар Петрески посакувајќи им...

Continue reading

most na zelbite

Вандалите поопасни од невремето

Post Views: 2 Обновен е дел од Мостот на желбите оштетен пред 10 –тина дена под налетот на силното невреме и високиот водостој на езерото. Поправката чинела околу 60.000 денари и била завршена за три дена. Охридскиот угостител Димитри Пендов, иницијатор за изградба на мостот,  истакна дека скоро 90% од поправките се завршени. Се очекува Мостот на желбите  повторно да биде пуштен во употреба пред  Велигденските празници. Малите оштетувања на мостот ги отфрија сомнежите на поединци дека мостот на желбите не е солидно граден. Сепак, Мостот го издржа силниот јужен ветар и високиот езерски...

Continue reading

most na zelbite

Желбите паднаа во вода

Post Views: 8 Се урна мостот на желбите. Временските услови кои го зафатија деновиве Охрид, пред се силниот ветар од југозападен правец и големите бранови, урнаа дел од пешачкиот мост наречен „Мостот на желбите“. Мостот беше направен за 17 дена. А иницијаторот за неговата изградба Митко Пендов при пуштањето во употреба изјави: „Мислам дека со векови ќе биде од корист на сите.“ Инвестицијата за мостот чинеше околу 2 милиони денари или околу 30 илјади евра.  Овие средства беа дар за охриѓани од фондациајата Рамковски. Сега  е време за нова желба: „да се поправи мостот,и да се направи...

Continue reading

Petreski i Ramkoski

Пуштен во употреба Мост на желбите

Post Views: 0 Пуштен во употреба „Мостот на желбите“. Од денеска Потпеш и Канео, се подостапни за Охриѓани и туристите. Целата инвестиција чини 2 милиони денари, и е подарок за Охриѓани од фондацијата Рамковски. Пресечена црвената лента на „Мостот на желбите“. Од денеска Потпеш и Канео, подостапни за Охриѓани и гостите. Посетителите на глас коментираа  за значението на овој потег на иницијаторите, велат  допрва ќе разбереме колку сме изгубиле заради досегашното непостоење на овој мост. Инвестицијата околу изградбата на мостот чини околу 2 милиони денари или околу 30 илјади евра. ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top