Ознака: етно

Женскиот вокален етно состав „Езерки“ во Охрид

Post Views: 8 Женскиот вокален етно состав „Езерки“и оркестарот 7/8, како дел од Хрватско-македонското друштво од Загреб, Република Хрватска, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, ќе одржи мини турнеја во неколку градови во Македонија. Работејќи повеќе од 22 години, етно составот Езерки и оркестарот 7/8 ја негуваат македонската традиционална и староградска музика. Вториот концерт ќе се одржи во НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид на 16 септември 2017 со почеток во 19:30 часот, каде воедно ќе биде прикажан и документарниот филм под наслов...

Continue reading

Најмладите преку етно-работилница се запознаа со богатото културно наследство

Post Views: 1 Во рамките на проектот „Охрид во духот на традицијата“ што го реализира Здружението на граѓани „Нова Порта“ од Охрид, денеска се одржа етно-работилница во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во Охрид. Најмладите кои престојуваат во оваа детска градинка изработуваа предмети со етно-материјали., а ја цртаа и традиционалната охридска куќа преку која се запознаа со старата градска архитектура во Охрид. Целта на работилницата беше децата како идни продолжувачи на традицијата да се запознаат со богатото охридско културно наследство преку етнолошките и етнографските елементи и да научат...

Continue reading

igriorci

Со песна и игри одбележани деновите на македонската култура во „ Јахја Кемал“ во Струга

Post Views: 0 Со звуците на македонска песна и игра се одбележани денови на македонската култура во приватното средно училиште „ Јахја Кемал“ во Струга. Учениците танцуваа, играа и пееа, рецитираа и глумеа одломка од драмата „Парите се отепувачка“ од македонскиот драмски писател , стружанецот Ристо Крле.  Во организација на оваа манифестација учествуваа сите ученици  од 1 до 4 година, како и учениците од истоименото основно  училиште.  Сергеј Миладинов ученик од 3 клас беше  дел од  фолклорната група која  изведе сплет  игри од  „ Повардарка“. Миладинов е задоволен од одржувањето...

Continue reading

„Дедо Димо“, нов етно ресторан

Post Views: 28 Синоќа со традционални песни, зурли, тапани, фолклорни точки и христијански обред на осветување, беше отворен новиот етно ресторан Дедо Димо. Сместен е во срцето на една од најпрекрасните рурални средини во Охрид, селото Куратица. Станува збор за семеен бизнис на Горан Ангелоски, што според него претставува продолжување на традицијата од пред 15 години за развој на руралниот туризам. „Ова е една поголема надоградба која ќе биде пример не само за Охрид, туку и пошироко во Mакедонија како да се развива туризмот и како би можеле нашите села да одат понатаму. Целта е да...

Continue reading

etno vesta zena

Прекрасни етно специјалитети на вештите жени за хумана цел

Post Views: 2 Ѓомлезе, плашица, јагула, и разни други етно специјалитети приготвени за еден хуман гест. Вештите жени од 22 градови од земјава секој од својот крај ги презентираа традиционалните етно јадења, а за кои беше лицитирано. Собраните средства ќе се донираат за децата со посебни потреби токму од овие 22 градови во кои се одржуваше манифестацијата “Етно Вешта жена”. Снежана Стојаноска, претседателка на здружението “Вешта жена на Република Македонија” вели дека семејството е столбот за сите работи, па оттука предновогодишните забави кои тие ќе ги организираат...

Continue reading

„Охридски бисерен рај Ленче“ уреден во етно стил

Post Views: 4 Во населбата Рача има нова туристичка понуда етно апартманот Охридски бисерен рај . Сопственичка на етно апартманот е Ленче Шиковска Башоска која создавала со ѓерѓеф во рацете најразлични рачни изработки од најрана возраст. Нејзин дамнешен сон бил изработките да ги презентира во јавност. Со сопствени средства, сама, со многу труд и мака успеала да го изгради етно апартманот „Охридски бисерен рај Ленче“ од каде се протега прекрасен видик кон градот и езерото. Внатрешниот ентериер на апартманот го уредила во етно стил со нејзините изработки, украсни декоративни ткаенини. „Следејќи...

Continue reading

lokum

На кафе и локум во Битола

Post Views: 4 Фестивалот е основан во 2007 година а своето име го добил по еснафскиот обичај, со кафе и локум да се почести комшијата, пријателот, добронамерникот што, пак, е симбол на отвореноста и интеркултурноста на старата чаршија во Битола, а истовремено ја слави традицијата, убавината на везовите и резбите, како и чалгиската песна. На годинашното издание на „Локум фест“ на соодветни штандови ќе учествуваат ракотворци од целата земја, претставници од занаетчиската комора на Битола, ЗУР „Македонски ракотворци“, како и Бизнис-инкубаторот со младите претприемачи. {loadposition...

Continue reading

logo

„Монистра“ пред охридската публика

Post Views: 1 Во сабота, 22-ри Ноември 2014 година почеток 20.00 часот, за само 100 денари, охридската публика ќе може да ужива во перформансот на музичката етно атракција „Монистра“. Младата етно група  е формирана во 2002 година, во состав : Александар Јовевски              –    кавал, тамура, гајда, тапан Јован Стрезоски                      –    тамбураНиколовски Филип                 –    тамбура  Борче Ѓоргиев                         –    клавијатури Марјан Андоновски                –    тапан, тарабука, перкусииДамјан Зифовски                   ...

Continue reading

etno restoran

Македонските јадења се позначајни во развојот на руралниот туризам

Post Views: 5 Традиционалните македонски јадења на менијата во рестораните се позначајни во развојот на туризмот посебно на руралниот. Едноличната понуда на пици, скара и шопска кои претежно се нудат низ угостителските објекти во охридско-струшкиот регион ги мотивира одредени угостители да се навратат кон корените односно старите рецепти. Таков е примерот со семејството Ѓоршески кое во етно ресторанот Св Петка во Велгошти нуди богата  трпеза со специјалитети подготвени исклучиво на дрва, под сач, по рецептите на нашите баби . Главен „виновник“ за тоа е Елизабета Ѓоршеска, која досега...

Continue reading

ljubojna

Концерт на „Љубојна“ на Антички во Охрид

Post Views: 3 „Љубојна“, етно-групата која најавтентично го пренесува пулсот на македонскиот мелос вечерва на Антички во Охрид. Очекуваме убава Охридска вечер и незаборавен концерт на групата „Љубојна“, во пресрет на двата големи верски празници, рече секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.   „Ова е една од нашите зацртани цели и активности со цел на нашите граѓани и туристите да им понудиме повеќе културни настани, така што можам да ве известам дека годинава започнавме многу манифестации кои ќе станат традиционални и во иднина ќе ги надоградуваме не само во летниот период...

Continue reading

кукли

Јагнешко печење и етно сувенири за Велигден

Post Views: 94 Неколку илјади странски и домашни гости го дочекаа Велигден и продолжениот викенд во Охрид. Иако беа очекувани околу 6000 гости, врнежливото време го преполови нивниот број, велат туристичките менаџери. Сепак, во Охрид допатуваа гости од соседните земји Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Турција, а во помал број имаше и посетители од западноевропските земји. Најбројни беа домашните гости, и тоа оние што во градот поседуваат свои викенд станови и куќи за одмор. Врнежливото време, не дозволи гостите да уживаат во прошетките со брод по езерото, но затоа не изостанаа...

Continue reading

Marija Kanevce etnolog

Македонскиот вез пленува со колоритот и орнaментите

Post Views: 3 Во музејот  на Робевци заврши изложбата на етно поставката под наслов „ Вез“.  Авторот на изложбата, етнологот Марија Каневче  вели дека посетителите еден месец имале можност да се восхитуваат на совршенството на македонскиот вез и колорит. Етнологот појаснува дека етнолошката поставка, со делови на етно облека од сите краишта на Македонија, со својата оргиналност и мотиви не оставила никого рамнодушен.  Пред јавноста биле презентирани  делови од  кошули и покривала за глава кои  датираат од периодот  на 19 и 20 век. Изработувач на прекрасната везбена техника на делови...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top