Ознака: еколошки

Презентирана нацрт верзијата на вториот локален еколошки план за 2019-2026

Post Views: 0 Неодамна во општина Дебрца од страна на преставници на консултаљнтската фирма „Maneko Solutions“ од Скопје беше презентирана нацрт верзијата од Локалниот еколошки план за општина Дебрца 2019-2025 година. Овае втор ЛЕАП за општина Дебрца, по оној за периодот 2006-2012 и истиот претставува стратешки документ со кој се врши идентификација и изнаоѓање на решенија за аспектите на животната средина во Општина Дебрца. Локалниот еколошки акционен план се изработува во рамки на Проектот „Унапредување на општинското владеење“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од страна...

Continue reading

Субвенции до 300 евра за вградување еколошки уреди во возилата

Post Views: 0 Според огласот, како што појасни Бектеши, сите граѓани кои од утре ќе вградат ваков вид уред во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18 илјади денари, односи 300 евра. За оваа мерка од Буџетот на Министерството предвидени се 11 милиони денари. – За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму треба да извршат купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, по денот на објавувањето на јавниот повик...

Continue reading

Општина Дебрца, отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП)

Post Views: 2 Овој документ претставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина. Општина Дебрца имајќи ги во предвид своите законски надлежности во доменот на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните, отпочна со постапка за изработка на Локален еколошки акционен план (ЛЕАП). ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање на мерки за заштита, зголемување на јавната свест и...

Continue reading

Градоначалникот на Струга на маса ги извади еколошките проблеми

Post Views: 33 Заменик министерот за животна средина и просторно планирање денес беше на средба кај градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Отворено разговараа за горливите проблеми кои ја мачат општината од областа на екологијата. Мерко излезе со цел список нанижан со проблеми кои се на штета на животната средина. Приоритетно беше прашањето за локалната депонија. „Укажавме дека мора да се најде решение за општинскио смет“, вели градоначалникот Рамиз Мерко. „Ни дадоа надеж дека ќе се надмине овој проблем“, додава Мерко. Расположение за  решавање на овој проблем кој очигледно треба...

Continue reading

Националниот парк „Галичица“ набави еколошки куќарки изработени од дрво

Post Views: 2 Националниот парк „Галичица“ набави четири еколошки куќарки изработени од дрво. Јавната установа Национален парк Галичица согласно Финансовиот план и Планот за јавни набавки за 2020 година набави четири типски еколошки куќарки изработени од дрво кои во текот на следната година ќе бидат поставени на главните влезови во националниот парк.

Continue reading

brod

Сириското хемиско оружје, ке се уништува на американски брод во Средоземно Море

Post Views: 9 Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама предлага сириското хемиско оружје да се уништи во меѓународни води на американски брод. Планот, кој треба да биде одобрен предвидува оружјето да биде уништено на бродот „Кејп Реј“ во Средоземно Море, додека во близина патролираат бродови на американската воена морнарица. Планот за уништување на сириското хемиско оружје разработен е од Пентагон и се претпоставува дека на тој начин ќе бидат избегнати дипломатски и еколошки проблеми, како и безбедносните опасности ако уништувањето биде на територијата на некоја земја.Претходно,...

Continue reading

СЕ ОДЛОЖУВА ЈАВНАТА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН (2019 – 2025) ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 5 Поради новонастаната состојба во врска со „Коранавирусот“ и препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија, Јавната расправа по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина на локален еколошки акционен план (2019  – 2025) за општина Охрид, што требаше да се одржи утре, петок (27.03.2020) се одложува. За понатамошните активности поврзани со нацрт извештајот благовремено ќе бидат објавени на општинската веб страна.

Continue reading

Граѓаните не се борат за своето уставно право за еколошки чиста средина

Post Views: 4 Македонците се почесто дишат загаден воздух, пијат загадена вода, се дават во диви депонии. Досега нема ниедна лична преставка од граѓанин до институциите или судовите за повреда на уставното право за чиста еколошка средина. Граѓаните не ги корист механизмите во заштита на нивното право на здрава животна средина туку тоа го прават граѓанските здруженија, вели Кирил Ристовски претседател на здружение на граѓани Флоразон. Граѓаните имаат оправдувања за својата пасивност. „Генерален заклучок е дека правдата е многу спора во нашата земја и чини многу пари. Основен проблем...

Continue reading

arhitekti struga

Млади архитекти од цела Европа ќе работат на нов изглед на градскиот плоштад во Струга

Post Views: 1 Нов архитектонски изглед на градот на мостовите, соседна Струга. Петнаесетина млади студенти по архитектура, архитекти и дизајнери во наредните дваесет дена ќе работат на осмислување на нови урбани решенија за градскиот плоштад и воопшто централното градско подрачје во Струга. Според студентот од Техничкиот универзитет во Виена, Гоце Чавкоски, една од главните цели на проектот „Градот кој никогаш не спие“ е да се дојде до архитектонско решение со кое сите граѓани ќе се задоволни и во чие создавање сите граѓани ќе учествуваат. „Треба да придонесеме и да дадеме еден поинаков...

Continue reading

Најмногу интегрирани еколошки дозволи издадени за живинарски фарми и бетонски баз

Post Views: 20 Во првото тромесече од оваа и мината година Oдделението за заштита и влијание врз животната средина при ЛС издало шест интегрирани еколошки дозволи. Една Б- ИЕД е издадена за леарница за леење на обоени метали, една за каменолом за експлоатација на минерална суровина варовник, две за бетонски бази и две за живинарски фарми. Б интегрирани еколошки дозволи се издадени за Леарница ДООЕЛ Охрид, АД Гранит бетонска база с.Косел , ГД Гранит каменолом Рашанец, Бетонска база Лавче ,с.Косел,живинарска фарма Лита, с.Горно Лакочереј, живинарска фарма Вапилица ,с.Вапила Охрид, инфеомираат...

Continue reading

ucenici

„Сино и Зелено наспроти црно и сиво”

Post Views: 0 Локалната агенција за развој (ЛАР), Струга преку IPA проектот „Сино и Зелено наспроти црно и сиво” во рамките на прекуграничната програма Македонија-Албанија го одбележa 22 мај – Светски ден на заштита на биодиверзитетот. Целта на проектот е јакнење на јавната свест за одржливо искористување на природните ресурси во сливното подрачје на Охридското Езеро во областите шуми, води и земјоделие. Во рамките на проектот функционира едукативна училница – Еко-инкубатор во кој се организираат предавања за ученици, јавни дебати, работилници и слични настани на еколошки...

Continue reading

МЕЃУНАРОДНИ ЕКОЛОШКИ КОРИДОРИ

Post Views: 8 Министерството за животна средина и просторно планирање е вклучено и активно учествува во регионален проект на ЕУ: Програма на Партнерството за животна средина во процесот на пристапување кон ЕУ во активности за интеграција на зелена инфраструктура и еколошки коридори. Проектот ги идентификуваше приоритетните подрачја за обновување на екосистемите и идентификација на зелена инфраструктура. Во фокусот на активностите е опфаќање на еколошките коридори на Балканскиот рис   Во Република Северна Македонија беа идентификувани три приоритетни подрачја (два прекугранични со...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top