Ознака: екологисти

eko pateka

Нарушена границата меѓу езерото и тлото во Струга

Post Views: 1   Нарушена границата помеѓу езерото и тлото. Урбанизацијата на езерскиот брег од струшката страна на Охридското Езеро ништо не е подобра од онаа на охридскиот појас тврдат струшките екологисти. Берат Села претседателот на ЕД „Натура кажува дека поради се позачестената изградба на градежни објекти во крајбрежниот појас, на потегот од Женска плажа до Калишта, направиле траса која претставува гранична линија помеѓу езерото и тлото и според нивните укажувања истата не треба да се поминува. „Ние имавме едно такво лошо искуство ние бевме и против концесиите што ги издаде...

Continue reading

sut

Покрај реката Црн Дрим се трупа смет

Post Views: 0 Купишта градежен шут, искршени плочки, цигли, остатоци од стари куќи, хартија, картони,  ѓубре од домаќинствата, може да се види по течението на реката Црн Дрим, посебно на потегот од Мороишки мост спрема Струга. Згора на се, очигледно е дека овој потег долги години е  неуредуван и личи на змијарник обраснат во грмушки и трева која навлегува во коритото на реката. После браната кај црквата Св Петка во Струга, реката Црн Дрим продолжува да тече на диво, иако минува низ населени места, кои исто така би требало да бидат заштитени од потенцијални поплавувања со регулирано...

Continue reading

drim

Реката Црн Дрим, светна

Post Views: 0 Екологистите од Струга, позитивно гледаат на годинешново чистење на реката Црн Дрим, од алгите и тревата. Прв пат после 30 години, се пристапува кон расчиствување на Дримот, според пропишаните еколошки стандарди, забележува претседателот на Еколошкото друштво Енхалон, Мате Гогоски од Струга. „Се обезбедува минимум вода онолку колку што треба за опстанок на живиот свет, фаунест и растителен и за другите микроорганизми кои прават целосна симбиозата за опстанок на реката Црн Дрим. Но тоа го чинат поради тревите кои растат во водата бидејќи алгите во месец август излегува...

Continue reading

„Калдерма“, во заштита на Радожда

Post Views: 11 Еколошки атак на Охридското езеро во делот кај Радожда, струшко. На 500 метри од автокампот Ливадиште, према с. Радожда, некој си зел за право да врши ископ на приватно земјиште. Притоа сторителот неводел сметка за тоа дека дел од земјата навлегува во водата, што претставува класична деградација на езерото, брегот, трската. На ова реагираат од здружението на екологисти „Калдерма 2011“, од Радожда, струшко. Претседателот Ванчо Бакрачески рече дека се загрижени за животната средина во овој дел на езерото и точно поради тоа реагираат. Тој додаде дека и доколку се работи...

Continue reading

мауцкер

Екологистите од Грашница бараат да се изработи археолошко сондажно истражување на Мауцкер

Post Views: 25 Екологистите од Грашница со демант дека молчеле за претварањето на локалитетот  Мауцкер во градска депонија. Ние отсекогаш сме укажувале дека градежниот шут на Мауцкер не смее да се меша со  друг вид отпад, но за жал никој не ги послуша нашите апели,  вели претседателот на ЕД Грашница Борис Стојаноски. Активни се  и во новите случувања на Мауцкер. Во декември приговорале за развојната зона дека тука  постои археолошки локалитет, посочува Стојаноски.     „  Во сегашната фаза ја поздравуваме идејата за чистење на депонијата, за изградба на развојната индустриска зона,...

Continue reading

reka

Протести на екологистите кај Градска плажа

Post Views: 3 Екологистите и жителите од овој реон, денес јавно го искажаа својот револт против загадувањето и оградувањето на дел од езерото. Тие го кренаа својот глас против еколошките проблеми со кои секојдневно се соочуваат. На собирот се приклучија и гости кои години летуваат на овој дел од крајбрежјето. „Голем вљубеник сум во Охрид, често летувам тука, но многу ми е жал што езерото се загадува“, вели гостинка од Скопје. „Уште како дете ми раскажуваа дека на овој реон била првата Градска плажа, но и покрај тоа што живеам овде, такво нешто не паметам“, вели жител од овој реон....

Continue reading

Gorgi Zoroski

Акциите за пошумување, може да бидат поуспешни

Post Views: 1 Екологистите од „Грашница“ имаат решение со кое владините акции „Засади ја својата иднина“, би биле многу поуспешни. Тие контактирале со творецот на акцијата Борис Трајанов, кој е повеќе од расположен за соработка. Еколошкото друштво Грашница, со полни раце работа. Овој пат нуди решение, со кое зафатеноста на дрвјата кои се садат со владината акција засади ја својата иднина би била многу поголема. Сртамота е на толку многу издвоени пари за нови садници, да отанеме со голи поврини, вели Ѓоко Зороски, од  еколошко друштво Грашница. Во светот многу пред нас ги виделе проблемите...

Continue reading

Borce Stojanoski

Езерото да не се дава под концесија!

Post Views: 4 Екологистите од Охрид бараат конечно да се реши проблемот со рибокрадците во Охридското езеро. Тие порачаа и дека треба да се формира едно мешовито претпријатие меѓу Македонија и Албанија, со цел да се стави целосна контрола на езерото. „Од денеска започнуваме да работиме пожестоко, со цел да се решат еклошките проблеми кои ги потенциравме во изборната кампања. Денеска се навршуваат 9 години од почнувањето на нашите заложби за состојбата со рибниот фонд во Охридското езеро и 6 години откако беше одземена концесијата на АД „Охридска пастрмка“, кое стопанисуваше со езерото“ ...

Continue reading

logo

Европска подршка за екологистите

Post Views: 3 Екологистите од Охрид побараа поддршка од своите европски колеги во ангажманот во политика. Членовите на Грашница кои имаат и своја советничка листа поканија гости- екологисти од Турција, Франција и Грција со цел да поразговараат за проблемите на животната средина, но и за нивните искуства доколку биле или се инволвиорани во политика.Од поканетите гости на средбата со охридските зелени пристигнаа само турските претставници. Екологијата не познава граници. Состојбата на животната средина е подеднакво важна за луѓето од сите вери и раси, тврдат турските екологисти. Тие...

Continue reading

logo

Екологистите- кандидати за советници потсетија на уште еден горлив проблем

Post Views: 2 Кандидатите за советници од листата 10 посочија на уште еден голем, еколошки проблем во општина Охрид. Станува збор за нефункционалноста на колекторскиот систем и загадувањето на езерото кај   населбата Воска. „Со години шахтите на магистралниот колекторски цевковод се излеваат и при наслаби врнежи од дожд “, тврди Борис Стојаноски- носител на независната листа. Отпадните води, објаснуваат екологистите, се извор на бактерии и вируси. Го загадуваат езерото, но и здравјето на локалните жители.  Екологистите апелираат проблемот што поскоро да се реши. Со помош на средства...

Continue reading

logo

Стоп за урбанизацијата

Post Views: 5 Урбаната мафија ја крои иднината на Охрид,  стоп за урбанизацијата побараа екологистите. Дојдоа 5  минути до 12 за спас на Охрид од претераната урбанизација на Охрид порачаа на денешната прес конференција  еколозите, членови на независната советничка листа со реден број 10,  носител  Борис Стојаноски. Тие го креваат својот глас против усвојување на деталните урбанистички  планови за изградба на станбените објекти на  зелените градските површини.Покрај зелената површина на локацијата пред Охридско лето, и  просторите  кај полигонот за мали спортови и во близина музичкото...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top