Ознака: едукација

Работилници за еколошка едукација на учениците

Post Views: 4 Националниот парк „Галичица“ спроведува работилници за продуктивна еколошка едукација на учениците. Научивме за тоа што е Национален парк, на колку категории се делат заштитените подрачја, кои се природните и културните вредности на НП Галичица, што се загрозени и ендемични видови и за важноста на црвената листа на загрозени видови. Успешно спроведената активност ќе ни биде поттик и за понатамошна соработка со цел поблиску да ја доближиме важноста за грижата кон животната средина и биодиверзитетот до младата популација – информираат од НП. Посветуваме големо...

Continue reading

Светски ден за едукација за заштита на животната средина

Post Views: 16 ОД НП „Галичица“ со порака дека еколошката едукација ја создава платформата која ги зголемува знаењето и свеста за животната средина околу нас. Ова е неопходно за заштитата на животната средина, затоа што само знаењето за биодиверзитетот и другите значајни природни карактеристики, ќе обезбедат основа за соодветно однесување за заштита на природата. Само врз ваква основа може да се подигне јавната свест за проблемите поврзани со урбанизацијата, цврстиот отпад, шумските пожари, загадувањето на водата и воздухот, неконтролираното собирање на недрвни шумски производи и...

Continue reading

kutija

Едукација на гласачите

Post Views: 6 Едукација на гласачите е цел на медиумска кампања што денеска ќе ја промовира Државната изборна комисија (ДИК), спроти претстојните претседателски и локални избори. За кампањата се подготвени по три видео и аудио спотови и плакати и преку нивното емитувањето во електронските медиуми и печатење во весниците, гласачите ќе бидат запознаени како правилно да го остварат правото на глас. Исто така ќе бидат информирани за специфичностите на изборите за претседател, за градоначалници и советници што ќе се одржат на 22 март.         {loadposition content9}

Continue reading

Едукација за справување со ризикот од мозочен удар

Post Views: 4 Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен Удар“ како дел од проектот КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО „Подобрување на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги во пограничните региони – Квалитетно Здравство“ на ден 15.09.2019- недела во Центарто за култура „Григор Прличев“ со почеток во 09.00 часот ќе организира јавна активност со цел одредување на ризикот од мозочен удар кај населението во Охрид. Ќе се вршат прегледи на шеќер и холестерол во крвта ЕКГ, крвен притисок . Акцијата ќе започне со кратка едукација на тема справување со ризикот од...

Continue reading

Со стручна едукација до заштита на пчелните семејства

Post Views: 4 Во охридскиот регион расте бројот на млади луѓе кои бараат егзистенција во пчеларењето. И додека расте интересот на младите пчелари за одгледување пчели од година в година опаѓаат приносите на мед, вели Ицко Китанчев од охридското здружение на  пчелари. Тој со неговото богато искуство и знаење кажува дека пчелите постојано претрпуваат стрес од разни фактори кои доведуваат до нивно угинување и намалување на приносите. Загадувањето на воздухот, водата и почвата преку употреба на пестициди и инсектициди, подигање на телекомуникациските предаватели, увозот на восок со лош...

Continue reading

idze

Утре едукација за опасностите од брзо и неодговорно возење

Post Views: 4 Во Спортско рекреативен центар  „Билјаниниизвори“  на 24.02.2016 година  ( среда), од 12 часот и 30 минути до 13 часот и 30 минути, со поддршка на Општина Охрид, ќе се одржи настан од едукативен и забавен карактер,  под мотото „Шампионот обединува – насмевка, живот, едукација“. Промотор на настанот е познатиот возач и двократен европски шампион во ридско-брзински автомобилизам Игор Иџе Стефановски, најбрзиот човек во Европа, кој ќе говори за безбедноста во сообраќајот. Целта на оваа кампања која се реализира со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и на Републичкиот...

Continue reading

Потребна едукација за производители на зеленчук и овошје

Post Views: 3 Тешко се менуваат производните навики на земјоделците и овоштарите во примена на третмани на земјата и културите. Ретки се прозиводителите на здрава храна кои се едуцирани како правилно да одгледуваат земјоделски и овошни култури со примена на природни и органски ѓубрива. Гордана Ристоска на 800 метри квадратни под пластеници одгледува раноградинарски култури , претежно домати и пиперки. Прима совети од стручни лица и разменува знаења со поискусни земјоделски производители. Таа напоменува дека внимава во изборот на препаратите за третирање на производите и почвата. „...

Continue reading

„Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ – Охрид лидер во регионот за воведување модели за медицинска едукација

Post Views: 2 Медицинскиот кадар во „Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ во Охрид  имаше можност да следи практични предавања за нови процедури во третман на периферни артериски заболувања лично од  еден од најпознатите доктори во Европа во областа на интервентната кардиологија Д-р Ралф Ланхоф од клиниката во Берлин .Д-р Ланхоф медицинскиот кадар на Кардиолошкиот Завод во Охрид го оцени како исклучително способен , со високо ниво на знаење и вештини во работата. „Би рекол дека во делот на вештини, можам да кажам дека докторите на оваа болница се способни да не следат во овие процедури. ...

Continue reading

trgovija so luge

Трговците со луѓе делуваат на нов начин

Post Views: 8 НВО „Езерка“- Струга активни во борбата против трговија со луѓе. Трговијата со луѓе е присутен проблем кој што не може да се искорени но мора да се ублажи, потенцира Драгица Павлеска Попеска од оваа организација. Таа додава дека загрижува фактот што Македонија од земја на транзит, стана земја на потекло, посебно, со млади личности од источниот во западниот дел на државата. „Претежно жртвите на трговија со луѓе се до 14 години, бележани случаи од околината на Велес и Кочани во западните делови на Македонија. Но има уште една појава против која Езерка се бори со превенција...

Continue reading

Едукација на децата за справување со дрогата треба да се започне уште во градинките

Post Views: 7 Се повеќе се намалува возрасната граница на лицата кои се зависници од наркотични супстанции и дроги. Многу често помош бараат деца и на возраст од 12 години кои веќе навлегле во темниот свет на дрогата, вели Д-р Весна Лаброска, шеф на одделението за превенција и третман на болести на зависност од дрога при општата болница во Охрид. Таа апелира сите институции заедно да работат на превенцијата како не би дошла една личност во контакт со дрогата, бидејќи како што објаснува од нејзиното долгогодишно искуство многу е тешко да се спротистават на оние кои истата ја нудат...

Continue reading

Само со добра едукација и заедничка соработка до позитивни резултати во борбата со аутизмот

Post Views: 4 Родителите на деца со аутизам имаат ретка можност да се едуцираат како да се однесуваат со своите најмили кои се во ваква состојба. Во рамки на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство, дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски образовни програми на Англија, денес и утре, во Охрид, во општинската зграда, се одржува петтата по ред бесплатна обука наменета за родители или членови на семејствата на деца, адолесценти и возрасни лица со аутизам. Но, иако овој проблем станува се поголем и поприсутен во државава, а и во нашава...

Continue reading

Едукација на родители на деца со аутизам

Post Views: 4 Во Охрид расте бројот на деца со аутизам. Нивните родители многу пати поради немање доволно знаење и информации не знаат како да се справат со состојбата во која се наоѓа нивното дете. Ова било причина повеќе на иницијатива на дефектолозите од ОУ Св. „Климент Охридски“ да се организира едукација на родители на деца со аутизам. Обуките ќе се одржат на почетокот на септември, тие се бесплатни и се организираат во рамките на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство кој е дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски образовни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top