Ознака: едрење

Школата за едрење „Акватика“ врши упис на нови членови

Post Views: 3 Школата за едрење „Акватика“ ги рашири едрата за нови членови. Во периодот од 10-14 јуни започнуваат уписите за нови членови во Школата за едрење „Акватика“. Уписите се од 11-17 часот на плажата „Горица 1“, а при уписот задолжително е присуството на родител/старател.

Continue reading

Струшкиот клуб Снегар организира обуки за едрење

Post Views: 8 Едрличарската школа Снегар од Струга ќе започне со уписи за обука на едриличари. Кандидатите на возраст од 6 до 15 години ќе ги совладуваат едриличарските техники за класата оптимист, а над 15 години за класите Ласер, Европа, Фин, Едрење на даска и јахтинг. Тренери ќе бидат врвни струшки едриличари. Првично ќе ги научат техниките на едрење и правилата, моделарството и психолошки вежби, вели Ердал Љушо инструкторот од ЕК Снегар. Теоретското знаење ќе биде поткрепено и со практични показни вештини. „Ќе има клубска регата. Додека трае школата на секој две недели ќе има...

Continue reading

edrilici

Македонските едриличари во четвртата квалитетна група на ЕП

Post Views: 2 Неодамна во Воркум, Холандија заврши Европското првенство во едрење во класара Ласер 4.7. Од предвидените  шест натпреварувачки дена, се едреше само три дена, а се одржаа седум регатни трки.Во променливи временски услови и доста студено време за овај период на моменти многу јак ветар, дожд и без ветар се одржа првенството.Македонските едриличари се пласираа во четвртата квалитетна група Ердал Лушо на 34-то место, Димитар Поп-Стефанија на 65 то место, кога изгуби десетина места поради хаваријата на едрилицата во последните две трки.Нашите едриличари сепак задоволни...

Continue reading

Промовирана школата за едрење во Охрид

Post Views: 0 „Со едрилици до зелено Охридско Езеро“ е концептот на едриличарската федерација на Македонија во кој спаѓа и едриличарската школа од Охрид која беше промовирана денес. Од едриличарската федерација перспективно членовите на оваа школа очекуваат поголеми успеси на државен и меѓународен план. „Градењето на еколошката свест, градењето на љубовта и грижата кон езерото, како и градењето на спортски дух се започнува од најмали нозе “ – вели Будимир Соколовиќ од едриличарската федерација на Македонија.Од едриличарскиот клуб „ Акватика Јахтинг “ велат дека интересот кај...

Continue reading

edrenje

Доделени наградите на Балканско Првенство во едрење

Post Views: 7 Вечерва на градскиот плоштад и официјално беше затворено 46 тото Балканско првенство во Едрење. Познати се балканските  шампиони кои изминативе денови од 2 па се до денес 07 септември, 200 едриличари од 6 балкански држави во 9 класи си ги одмерија силите. Во класата Фин првото место го понесе бугаринот Димитар Вангелов, на второ место се најде турчинот Џем Гозен а трет беше бугаринот Анастас Петров. Во класата 470 за мажи првото место им припадна на романците Бујор Роска и Михаи Фагарасан, второто место за турците Серген Биричиоглу и Емре Хасбај и на третата позиција...

Continue reading

edrilicari

Исклучително успешна 46та отворена Балканијада во едрење, Охрид 2013

Post Views: 0 Денеска е последниот ден од серијата трки на 46то Балканско Првенство во едрење кое се одржува во Охрид од 2ри до 8ми Септември. 200 едриличари од 6 балкански држави за првпат во историјата на Република Македонија ги одмеруваат силите на Охридското Езеро. Според прелиминарните резултати од 4 извозени трки до денес, доминираат турските натпреварувачи во сите класи. Од македонските натпреварувачи до овој момент најдобар резултат има едриличарот од ЕК Снегар-Струга, Ердал Лушо. „Планирани се две трки, во зависност од временските улсови, чекаме да видиме дали ќе биде даден...

Continue reading

edrilicarska regata

Започнува Балканскиот шампионат во едрење….

Post Views: 5 Охрид домаќин на 46 тиот отворен балкански шампионат во едерење, „Охрид 2013“ . Шампипнатот кој е во организација на Едриличарската федерација на Македонија започнува утре и ќе трае до 8 ми септември. „Минатата година на балканијадата во Балаксиди Грција, ја добивме организацијата на  46 тата Балканијада. Се потрудивме со мали потешкотии  еве сме тука да кажеме дека од денеска до 8 ми септември ќе настапат репрезантациите на Турција, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и домаќинот Македонија“, истакна претседателот на едриличарска федерација на Македонија, Стефан...

Continue reading

fekalii

Фекалии во атарот на Центарот за едрење

Post Views: 10 Корења, гранки и фекалии ја заматија водата пред Центарот за едрење од Охрид. Проблемот со атмосферската канализација во овој дел, години наназад тапка во место и никако да се надмине, велат од центарот. Стефан Ставрев, од едриличарскиот клуб „Бофор“, во брифинг разговор кажа дека сите надлежни институции, МЈП „Проаква“, „Нискоградба“, Хидробиолошкиот институт и еколошките друштва од општинава, во неколку наврати се известени, но се тоа бадијала бидејќи досега ништо не било превземено од нивна страна. Ставрев додава дека проблемот со атмосферската канализација во овој...

Continue reading

Најдобри од најдобрите

Post Views: 7 Настапи во земјата и странство како и промоција на македонското едрење во странство. Тоа се само дел од успесите на охридските и струшките едриличари во годината која е зад нас. Едриличарската Федерација на Македонија на свечената седница ги прогласи  најуспешните едриличари во 2010 година. Покрај Димитар Поп-Стефанија, како најуспешен едриличар и Ердал Љушо , кој доби  посебно признание за настапот на Светското младинско првенство во класата Ласер Радијал и девојките со забележителни резултати. Така младата Ирена Грунче ја понесе титулата најуспешна едриличарка. Нејзина...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top