Ознака: „егејска“

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА КРСТОСНИЦАТА ПОМЕЃУ УЛИЦИТЕ „ЖЕЛЕЗНИЧКА“, „ЕГЕЈСКА“ И „БУДВА“

Post Views: 2 Се известуваат жителите на Општина Охрид дека утре 27.10.2020 година (вторник) ќе се врши хоризонтално обележување на кружната крстосница помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“. За реализација на овие активности, во временскиот период од 08:30 часот до 12:00 часот, улицата „Железничка“ на потегот од клучката за влез во Охрид од насока на Струга до кружната крстосница кај „Здружение на возачи“ ќе биде целосно затворена за сообраќај. Возилата ќе се пренасочуваат кон булевар „Туристичка“ од една страна и улицата „ 7-ми Ноември“ од друга страна. За останатиот сообраќај,...

Continue reading

Пешак пропаднал во отворена шахта на улицата Егејска

Post Views: 9 Пешак пропаднал во отворена шахта на улицата Егејска. Човекот, утрово, завршил со скршена нога во близина на пресекот на улиците Егејска и 7-ми Ноември. Станува збор за повозрасен човек, кој завршил со повреда како резултат од отворена и необезбедена шахта. Жителите кои се обратија до нашата редакција, а гравитираат на овој дел од градот стравуваат за својата безбедност, посебно на децата кои се движат по тротоарите. Реагираат дека по целата должина на тротоарите од двете страни на Егејска има опасни шахти. Нашата камера ја забележа ситуацијата на терен. При тоа се гледа...

Continue reading

Општина: Ул. Егејска ќе биде целосно реконструирана за 10 дена

Post Views: 1 Улицата Егејска, 4 месеци со раскопани тротоари од двете страни. Жителите од станбените згради на овој потег се жалат дека голтаат прашина а навечер поради лошото улично осветлување загрозена им е и безбедноста затоа што мора да се движат по коловозот на улицата. Велат дека не треба да се одоловлекува со месеци санација на улица која има должина од само 500 метри но е многу прометна. Од локалната пак велат дека имало мал застој но дека на терен повторно се работи. „Ако сега одите таму ќе забележите дека се работи. Имаше застој од технички причини, веројатно имаше потешкотии...

Continue reading

На улицата Железничка наскоро ќе се постават семафори на раскрсницата со Кленоец и Егејска

Post Views: 1 На раскрсницата на Железничка со Кленоец и Егејска наскоро  ќе се постават  семафори. Ова е одговорот кој го доби советничката  Верица Хајба која го  праша градоначалникто Никола Бакрачески  кога ќе се реализираат ветувањата дека на магистаралниот пат Железничка  ќе се зголеми безбедноста на граѓаните со поставување на семафори. „ Ветувавте дека старите семафори по завршување на кружните крстосници на Туристичка ќе ги поставите на Железничка, дека правите проект и објавувате тендери и барате мислења за ова решение“, праша Хајба. Градоначалникот Никола Бакрчески одговори...

Continue reading

Санирани ударните дупки на неколку улици, ул.„Егејска“-недовршена

Post Views: 1 Надлежните служби од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици спроведоа санирање на ударните дупки на улицата „7ми Ноември“. ТВМ, по реакцијата на граѓаните, во неколку наврати се обрати до локалната за овој проблем и подготви неколку прилози на оваа тема. Деновиве, беше пристапено кон асфалтирање на оштетените делови од коловозот на оваа важна сообраќајница, која е една од пофреквентните улици во градов. Покрај тоа, службите извршиле и асфалтирање на некои локации, како онаа на кружниот тек кај ЕМУЦ каде санацијата со бекатон плочки беше заменета со нов асфалт....

Continue reading

Саниран проблемот со бандерата на улицата „Егејска“

Post Views: 1 Откако беше објавено во рубриката „Ти си твојот град“, веднаш е саниран проблемот со бандерата на улицата „Егејска“. Станува збор за бандера за улично осветлување на улицата Егејска, која после заменувањето со нова, не беше вратена во првобитната состојба и беше оставена со нерамнини и дупка. Жителите се задоволни од брзата реакција на надлежните.Ви благодарам на вашата заинтересираност и реакција. Благодарност и до службите на локалната власт во Охрид. Екпресно го санираа проблемот – вели Стојче Тасески, кој ни ги испрати сликите. 

Continue reading

Дупки и нерамнини околу бандера на улицата „Егејска“

Post Views: 11 Стојче Тасески во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ испрати слики од бандера за улично осветлување на улицата Егејска, која после заменувањето со нова, не е вратена во првобитната состојба. Еве го неговиот коментар.Се работи за бандера за улично осветлување. На нејзино место имаше бетонска бандера која се искриви и мораше да биде заменета за нова. При заменувањето беше ископана дупка и беа растргани бекатон плочките. Сега е поставена нова бандера, но не се поставени бекатонките одоколу, се разместуваат и другите одоколу (се отвараат нерамнини и дупка). Надлежна...

Continue reading

Бела грутчеста материја пронајдена кај охриѓанец на улицата „Егејска“

Post Views: 0 На 05.01.2022 година во СВР-Охрид, приведен е К.Н. (44) од Охрид.При преглед извршен на улицата „Егејска” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа бела грутчеста материја. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top