Ознака: д

Вевчани доби кабинет за физикална терапија

Post Views: 20 Во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ започна со работа кабинет за физикална терапија. Согласно стратегијата за развој на здравствената установа за еден месец ќе започне со работа и офтолмолошка амбуланта. Вевчанскиот здравствен дом покрива 30 000 пациенти, на потегот од Велешта до општина Дебар. Јавната установа функционира како поликлиника, централата е во Вевчани, но има и две поликлиники во селата Лабуништа и Велешта. Со отворањето на новите кабинети Вевчани се стреми кон развој на здравствен туризам. Инвестираме во кадар, во опрема, во адекватни услови...

Continue reading

Остра реакција од струшкиот Музеј за Монографијата „Д-р Никола и Софија Незлобински“

Post Views: 32 Денешната прмоција на Монографијата  посветена на „Д-р Никола и Софија Незлобински“ беше повод и за остра реакција од директорот,  на Националната установа  Музејот „Д-р Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски.  На прес конференција Цветкоски упати  обвинување до авторите дека присвоиле документи, материјали,  фотокопии и факсимили сопственост на НУ. „ Објавувањето на оваа книга, факсимилите и материјалите се сопственост на Музејот и дел од неговиот легат. Авторите ни ги присвоиja и објавија без довола на Националната установа и стручниот колегиум на институцијата, иако...

Continue reading

dentalen turizam

Ем стоматолошка услуга, ем туристичка прошетка

Post Views: 7 Охрид ги прави првите чекори кон денталниот туризам. Стоматолозите од градов велат дека Македонија сеуште се наоѓа на првото скалило од овој интересен туристички концепт, во кој туристите добиваат и стоматолошка услуга, но и можност да уживаат во сите останати туристички услуги како пакет аранжман. Д-р Небојша Баткоски од стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, вели дека тие веќе втора година практикуваат дентален туризам. За таа цел отвориле и своја ординација во Словенија која им служи како своевиден промотор и на Охрид и на стоматолошките услуги на центарот. Д-р Баткоски...

Continue reading

aplikacija

„Учиме низ забава“ – апликација за деца со интелектуална попреченост

Post Views: 1 Студентите од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“  од Охрид, изработија  апликација за децата со посебни образовни потреби. „Учиме низ забава“ претставува интерактивна, едукативна и забавна игра, со примарна цел – стимулација на развојот на визуелната перцепција, формирањето на нови поими, стимулација меморијата како и стекнување на основни, комуникациски, организациски, емоционални и социјални  вештини. Оваа едукативно-забавна игра, пред сè, е креирана и наменета за децата со интелектуална попреченост од посебното основно училиште...

Continue reading

vlado

Едноставно решение за дупката

Post Views: 6 Интензивно се работи на санација на дупката пред „Макси Д“. Како што веќе информиравме поради голем пропуст, аномалија  во изведба на атмосферска канализација при изведба на проектот за заштита на Охридското Езеро, дојде до попуштање на тлото на дел од раскрсницата кај „Макси Д“. Што всушност затекнале стручните екипи на НИСКОГРАДБА-ОХРИД, на лице место, кажува првиот човек на ЈП, Владо Цветкоски. „На овој потег всушност беше прекината атмосферската канализациона мрежа таа небеше тука доизведена значи во самата изведба не е направена собирна шахта и линијата е оставена...

Continue reading

maxi D

Отворен нов супермаркет од брендот Макси Д

Post Views: 0 Лоциран е на просторот кај старата автобуска станица. Новина ќе биде тоа што во новоотворениот објект има одели за свежо овошје и зеленчук. Супер маркетот Макси Д со нов деловен простор. На 5000 метри квадратни може да најдете над 10 000 производи како во делот на прехрамбените така и во делот на непрехрамбените произбоди.  Новина ќе биде тоа што во новоотворениот објект има палета и на свежо овошје и зеленчук.Инаку ова е втор маркет на Макси Де во Охрид. Во Македонија пак има вкупно 17 маркети кои се познати под брендот СП маркет и Макси Де. {loadposition cont...

Continue reading

medal

Награда за 3-D анимација

Post Views: 2 Охриѓанецот Андреј Трповски, ја понесе престижната награда во голема конкуренција на натпреварувачи од целиот свет. Трето место во Анкара, за Андреј Трповски од Охрид. Охридските таленти високо котираат во светот. Доказ за тоа е бронзениот медал на Трпоски, ученик во Јахја Кемал. Тој во Анкара на Интернационалната олимпијада за компјутерски вештини, се покажа со своето чудо 3Д анимацијата за дожд. „Наградата е голем успех за мене, но очекував повисоко место“ изјави за ТВМ Трпоски. Трповски на интернационалната олимпијада во компјутерски вештини која што годинава се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top