Ознака: друштво

Шеесет години во друштво на гајдите и на тапаните

Post Views: 29 Слободан Димоски повеќе од шест децении е чувар на уникатноста на македонската изворна музика. Заедно со неговиот син Зоран Димоски, кому му го препуштил занаетот и двајцата изработуваат тапани и гајди. Слободан ќе каже дека неговиот син дури и го надминал во занаетот. Користејќи само природни материјали, и користејќи алати кои исто така самиот ги изработил, Слободан ќе рече дека иако сега не е активно вклучен во изработката на овие инструменти, сепак неговиот наследник, секогаш ја бара неговата оценка и псоледниот збор за изработениот инструмент. „Сега синот работит...

Continue reading

Rafael Nadal

Рафа повторно помеѓу најдобрите пет на АTP листата

Post Views: 1 Рафаел Надал по освојувањето на Мастерсот во Рим напредуваше една позиција на АТП листата и повторно е во друштво на најдобри четири тенисери. Тој на оваа позиција го замени неговиот сонародник Давид Ферер кој сега е петти. Убедливо прв и понатаму е Новак Ѓоковиќ кој има 12.310 поени, а на втората и третата позиција се Енди Мари и Рожер Федерер.Втората половина од топ 10 тенисери ја комплетираат Томас Бердих, Хуан Мартин Дел Потро, Жо Вифред Цонга, Ришард Гаске и Јанко Типсаревиќ. Најголем скок на најновата АТП листа забележа Дуди Села кој напредуваше 22 позиции и сега...

Continue reading

ribi

Вевчанска река порибена со 1000 парчиња речна пастрмка

Post Views: 58 1000 парчиња автохтона речна пастрмка денес запливаа во Вевчанска река. Ова порибување беше спроведено од страна на спортското риболовно друштво „Пастрмка“ од Струга, под надзор на Инспекторатот за земјоделие, оддел за рибарство и аквакултура. Од таму велат дека ова порибување не е единственото кое ќе биде спроведено од страна на спортското риболовно друштво „Пастрмка“. „Ова порибување е само дел од годишниот план кој го има предвидено риболовното друштво за порибување на риболовниот ревир кој го имаме под концесија. Во наредниот период ќе продолжи порибувањето и на...

Continue reading

NVO Struga

Струшките невладини организации повикаа на фер избори

Post Views: 9 Невладините организации од Струга, Езерка, еколошкото друштво Енхалон и Мегалополис побараа фер избори и почитување на демократските права на сите граѓани. Изразија надеж дека локалните избори закажани за во недела нема да бидат недемократски,  и потенцираа дека белегот кој ќе биде оставен по нивното завршување во секој случај ќе биде позитивна или негативна препорака за Европската унија. „Како невладина организација, јас ги повикувам на масовна излезеност сите граѓани бидејќи нашето мото е „Гласам, значи постојам“, но и гласањето  да биде поединечно, секој да си гласа...

Continue reading

Одбележан јубилејот на адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“

Post Views: 3 На 13 октомври далечната 1967 година познатиот охридски адвокат Томе Кичеец се запишал во Именикот на адвокатите во Адвокатската комора на Македонија и официјално отворил своја канцеларија во Охрид. Неколку дена подоцна неговиот чекор го следи и адвокатот Петар Гоџо и оттогаш започнува нивната работа со адвокатурата. Таткото на адвокатот Ристе Новаковски, Фидан пак повеќе од дваесет години работел како јавен правобранител. Така впрочем и започнува адвокатската приказна на овие три охридски семејства за кои правото е повеќе од само професија со која се занимаваат, кои...

Continue reading

50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски

Post Views: 16 50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски. Традицијата започнала уште во далечната 1967 од страна на нивните родители кои исто така биле адвокати за со тек на време да добива различни форми на организирање на адвокатурата за конечно од пред седум години овие три презимиња да се соединат во едно Адвокатско друштво. Се носевме подолго време со таа идеја нашите посебни канцеларии да ги интегрираме во едно друштво бидејќи светските трендови се преселија и кај нас и се јави објективна неможност поединец или...

Continue reading

скен

Како љубовта влијае врз нашето тело?

Post Views: 2 Доколку ви се случило пред личноста која ви се допаѓа да чувствувате како да не можете да го контролирате своето однесување и не можете да се контролирате себеси, не сте единствени. Истражувањата покажале дека колку една личност е позаљубена, толку има полоши резултати на когнитивните тестови, има помала самоконтрола, а и способноста за концентрација е послаба. Причината за тоа е што во такви моменти мозокот е преокупиран со размислување за потенцијалниот партнер или партнерка, поради што настанува проблем при одредувањето на приоритети. Но, тоа не е единствен начин...

Continue reading

Македонија, во друштво на најтоксичните земји

Post Views: 5 Македонија е на 17 место најзагадени земји, според извештајот на светската органзиација Еко – експертс,во однос на загаденоста на воздухот во светски рамки. Мапата на британските еколози е изработена врз основа на неколку фактори, вклучувајќи го бројот на смртни случаеви од аерозагадувањето и емисијата на јаглеород диоксид. Истражувањето опфатило 135 држави, а според британските еколози, најзагаден е воздухот во Саудиска Арабија, а следуваат Кувајт и Катар. Кога станува збор за нашата земја, Македонија се наоѓа на алармантното 17-то место. Тоа го потврдуваат и денешните...

Continue reading

Croatia osiguruvanje jubilej

Признание за успех во осигурителниот бизнис

Post Views: 8 Грижа за клиентот пред се. Ова е главното мото под коа делува „Кроација осигурување“ АД неживотно осигурување. Синоќа во Св. Наум, во хотелот „Маркони“, одбележан јубилеј по повод 2 години успешна работа во Македонија, посебно во охридско – струшкиот регион. Првиот човек на „Кроација осигурување“, АД Скопје, Драган Лазарески, вели дека не случајно е избран комплексот Св Наум, место од кое се црпи енергија и инспирација. Според него посветеноста кон клиентите во овие тешки економски услови е главна задача на неговиот менаџерски тим. Ова осигурително друштво од останатите...

Continue reading

Летните жеги победете ги во друштво на книгите

Post Views: 9 Понудата ја сочинуваат осум нови наслови сите во издание на Топер. На топ листата ако така може да се рече се дури три книги од авторката Ајше Кулин. „Надеж 1 и 2“ и романот „Живот“. Не помалку интересни приказни кријат во себе и двата романи од Хана Филдинг: „Љубов под маски“ и „Солзите на Афродита“. Во новата понуда се вклучени и романите: „Ајла“ и „Среќни засекогаш“ од Стефани Перкинс и „Бисерот што ја скрши школката“ од Надија Хашами. Овој преглед на нови наслови го заокружуваме со романот „Потемно“ од Е.Л.Џејмс. И ова лето до 1 септември НУ Библиотека „Григор Прличев“...

Continue reading

hidrobioloski

Белвицата десеткратно повеќе се лови поради зголемените риболовни основи

Post Views: 1   Се подобрува состојбата со рибниот фонд во езерото. Тоа е резултат на тоталниот мораториум  кој се воведе од 2012та година кога повторно езерото се даде под концесија, тврдат од Хидробиолошкиот институт во Охрид. Последните резултати од вештачкиот мрест на пастрмката се охрабрувачки бидејќи за пократок период собрани се поголем број зрна икра. Каква е состојбата со белвицата не може да се увиди на овој начин бидејќи за оваа специфична и автохтона риба не се врши вештачки мрест. Нејзината градба не го дозволува тоа. Контрола се врши преку експериментален риболов во...

Continue reading

риболовци

Нова туристичка понуда во градов

Post Views: 1 Охридските рекреативни риболовци се подготвуваат за  риболов со кајак по Јадранскиот слив. Оваа авантура ќе започне од Охридското Езеро, преку Црн Дрим, Дебарското Езеро, Албанија, езерото Фрејза, па се до реката Бојана. Првата пробна тура ќе се организира кон крајот на април а во месец мај планирано е да се направи промотивна тура. Оваа идеја на спорското риболовно друштво „Свети Апостол Петар“ привлече огромен интерес не само кај домашните туку и кај странските риболовци. Радован Димитриески-претседателот на ова риболовно друштво вели дека во проектот ќе влезат четири...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top