Ознака: државно

Кривични за две лица од Велешта поради насипување на градежен шут во водите на езерото

Post Views: 6 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „загадување на животната средина и природата“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот Е.К. и 40-годишниот В.К., двајцата од струшкото село Велешта. – Пријавените, како сопственици на парцела покрај брегот на Охридското езеро во Струга, на 3-ти март 2021 година, ангажирале лица кои со градежна механизација извршиле насипување и тампонирање на нивното земјиште, но и на површина што е во државна сопственост. Притоа, узурпирале 1.372 метри квадратни државно земјиште,...

Continue reading

Џудо клубот „Дрим“ од Струга домаќин на вториот семинар за лиценцирање на џудо тренери и судии

Post Views: 0 Џудо клубот „Дрим“ од Струга домаќин на вториот семинар за лиценцирање на џудо тренери и џудо судии, на кој учествуваа 27 млади, нови тренери кои што сакаат да почнат да работат, да добијат дозвола за работа и лиценца. Исто така, присутни беа и млади судии кои планираат да напредуваат во својата кариера. Тие полагаа теоретски тест, а на главните државни првенства ќе го полагаат и практичниот тест. – Како член на комисијата, заедно со моите двајца колеги, имаме подготвено неколку презентации за нашите колеги тренери. Едната е на колегата Ѓорѓија Стојанов, кој што ќе зборува...

Continue reading

Граѓаните на Охрид и Струга ќе ја добијат првата сметка од новото државно ЈП „Колекторски систем“

Post Views: 51 Почнувајќи од  денеска сите физички и правни лица на подрачјето на општините Охрид и Струга ќе ја добијат првата сметки од  новото државно ЈП „Колекторски систем“- Скопје. Согласно статутот на претпријатието и согласно решението на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги од денеска започнавме со дистрибуција на фактурите на сите правни и физички лица до нивната адреса преку Македонски пошти, информира раководителот на наплатна служба, Никола Галиот. „Важно е да се напомене дека граѓаните не се изложени на никаков дополнителен трошок туку овој дел којшто ние...

Continue reading

Во Трпејца констатирани по една бесправна градба и узурпација на државно земјиште во Националниот парк Галичица

Post Views: 0 Една бесправна градба и една узурпација на државно земјиште во НП Галичица констатирале во 2020 службите од оваа Национална установа. Андон Бојаџи од НП, напоменува дека во рамките на паркот во континуитет се случуваат бесправни активности како што се изградба на објекти, но и на балкони или потпорни ѕидови. „Чуварите на НП прават записник за констатација дека на некоја парцела има градежни активности. Установата подготвува извештај со заклучоци и препораки. Поглемиот дел од извештаите ги правам јас и барам редовно институцијата да се обрати до Градежниот инспекторат...

Continue reading

prvenstvo ribolov

Државно првенство во ловење риба со пливка на Црн Дрим

Post Views: 0 Викендов на кејот на реката Црн Дрим во Струга се одржа Државното првенство за кадети и јуниори во организација на Македонската Риболовна Федерација. На натпреварот во ловење риба со пливка, учествуваа 4 екипи на кадети, кои се натпреваруваа екипно и поединечно, 9 јуниори кои се натпреваруваа поединечно и една кадетска екипа на девојчиња, кои имаа настап од ревијален карактер. Во кадетска конкуренција, поединечно, првото место го освои Илија Рупев од Св.Стефан од Охрид, второ место го освои Еми Трендафилова од екипата на Професионал од Велес, а третото место припадна...

Continue reading

Ramiz Merko

Економскиот развој на Струга е најважен

Post Views: 1 Општина Струга е една од општините подготвени да менаџираат со неизграденото државно земјиште, вели градоначалникот Рамиз Мерко. Со Законот за менаџирање на државното земјиште на РМ, се задолжуваат сите општини за земјиште, за кое има чисти маркици и се донесени деталните урбанистички планови, да усвојат годишна програма за управување со градежно земјиште која за целото тоа земјиште ја носи Советот на општините. После одлуката на советот на општините таа, програма се доставува до Комитетот за управување со градежно неизградено земјиште. Овој комитет заседава во Министерството...

Continue reading

kacuvanjе

Државно првенство во спортско качување

Post Views: 4 Државно првенство во спортско качување ќе се одржи викендов, во организација на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија. Според програмата, првенството започнува во сабота со дисциплината тежинско качување, а завршува следниот ден, со дисциплината брзинско качување.Овој дводневен настан е во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на планинарските спортови.По тој повод македонската Федерација ќе организира и планинарење, како и пригодни презентации.{loadposition content9}

Continue reading

Дали Колекторот ќе прерасне во Јавно претпријатие на државно ниво?

Post Views: 3   Поделбата на „Проаква“ што стопанисува со водоводот и колекторскиот систем на Охридско Езеро, односно раздвојување на охридското и струшкото јавно претпријатие, не е новина . Иницијатива за спроведување на една ваква постапка се провлекува речиси една деценија. Но како во моментов стојат работите околу таа поделба успеавме да добиеме информации од општинскиот гласноговорник Томе Џамтоски. Тој кажа дека во тек е делбениот биланс на претпријатието кое го спроведува комисија специјално формирана за тоа. „Се надеваме дека од цела оваа состојба по завршување на овој делбен...

Continue reading

Merko

Струга ќе добие назад атрактивни делови државно земјиште

Post Views: 29 Струга е чекор понапред од останатите општини во реализација на процесот за менаџирање со неизграденото државно земјиште, вели струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Со новиот Закон за градежно земјиште, управувањето со градежното неизградено земјиште, ќе почнат да го вршат единците на локалната самоуправа. Струшкиот градоначалник вели дека моментално, интензивно работат на урбанизација на атрактивните локации кои треба да се вратат владение на Општина Струга. „Направив нешто повеќе од другите општини, за 5 години колку што се зборуваше дека ќе има закон за враќање на...

Continue reading

zemjodelci

Охридските земјоделци ќе закупат 1 хектар државно земјиште понудено на јавен оглас

Post Views: 4 Охридските земјоделци може да закупат државно земјоделско земјиште на еден јавен оглас и два повици кои ги објави  ресорното министерство. На јавниот оглас се издаваат површини во селата Свиништа и Мешеишта. Во Свиништа под наем ќе се издаваат две површина од 5792 метри квадратни  и три парцели од 4285 метри квадратни во Мешеишта. Цената на закупнина за овој јавен оглас ќе се одредува според катастарската класа на земјиштето. Јавните повици пак,  до 3 и над 3 хектари се со цел земјоделците да ја регулираат сопственоста на земјоделските површини кои веќе ги користат....

Continue reading

strelaci

Државното првенство во гаѓaње со воздушна пушка

Post Views: 2 Манифестацијата помина во знакот на Охриѓани. Нов државен првак во екипна конкуренција пионерките со резултат од 497 круга. На стрелиштето Бејбунар се одржа Државното првенство во гаѓање со воздушна пушка-сериска. Настанот официјално го отвори Градоначалникот  Александар Петрески испукувајќи една дијабола која успешно  заврши во целта. Првенството помина во знак на Охриѓани. Нов државен првак во екипна конкуренција се пионерките во состав    : Балабан Нина, Гоџоска Верица и Нестороска Емилија со резултат од 497 круга. И во поединечна конкуренција Нина Балабан го превзеде...

Continue reading

barmeni

Перунковски и Бошев се најдобрите коктел мајстори во Македонија

Post Views: 13 Експериментирајќи со разни пијалаци и овошја, како и користејќи различни техники при приготвување вкусни коктели, вчера заврши осмото државно првенство на бармени. Во најдобро светло, според оценката на стручното жири кое специјално за ова првенство пристигна од Црна Гора, се покажа гевгеличанецот Методи Перунковски. Тој ќе ја претставува нашата земја на светското првенство во Софија, Бугарија. „Го достигнав врвот на моето барменско работење“ –  возбудено изјави Перунковски. „Секој бармен би посакал да ја претставува Македонија на светското првенство, заради тоа...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top