Ознака: долар

Американскиот долар со највисока вредност од 2003 година

Post Views: 0 На светските девизни пазари вредноста на доларот кон кошничката на валути минатата недела достигна највисока вредност во последните 13 и пол години, бидејќи се очекува Федералните резерви на САД (ФЕД) да ја зголемат основната каматна стапка до крајот на годината. Односот на еврото кон доларот минатата недела падна за 2,5%, на 1,0590 долари, а во еден момент достигна вредност од 1,0567.Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен на 110,90 јени, што е највисоко ниво во изминатите пет и пол месеци. Во изминатите две недели доларот во однос на јенот зајакна...

Continue reading

Obama

Обама на банкнотата од еден долар?

Post Views: 3 Во САД е објавен конкурс за нов дизајн на банкнотите од еден долар на кој учесниците треба да предложат варијанти за обновување на надворешниот изглед на американската банкнота, пишува американскиот печат. Според првичните податоци од конкурсот, кој ќе биде отворен до 30 септември, најмногу гласови собрал проектот на британско-американското дизајнерско студио „Даулинг Данкан“, чиишто сопственици сметаат дека првиот претседател на САД Џорџ Вашингтон многу долго се задржа на банкнотата од еден долар и место него се предлага таму да се најде Барак Обама – првиот...

Continue reading

doalr

Доларот веќе не е единствена глобална валута

Post Views: 7 Американскиот долар веќе не треба да се смета за „единствена глобална валута“, како по Втората светска војна, смета францускиот претседател Николас Саркози. Тој посочи дека таквиот став ќе го изнесе на самитот на Групата 20 во Вашингтон, посветен на светската финансиска криза, јави Ројтерс. Францускиот претседател нагласи дека она што важело во 1945 година, повеќе не важи. Неговата изјава се однесува на конференцијата Бретон Вудс одржана во 1944 година во Њу Хемпшир, на кои се востановени протоколите на меѓународната трговија, банкарството и другите финансиски односи...

Continue reading

Американскиот долар 2015 ја заврши посилен за 9%

Post Views: 2 Американскиот долар во 2015 година зајакна за повеќе од 9% во однос на најважните светски валути што е благодарение на првото зголемување на каматите на американската централна банка од 2006 година. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шест најважни валути во светот, во последниот ден од тргувањето достигна 98,75 поени, што е околу 9% повеќе во однос на почетокот на годината. Зајакнувањето на доларот е благодарение на зголемувањето на каматите на Fed во декември, а што е за прв пат по 10 години, како и најавите на централната банка...

Continue reading

Што се случува со американскиот долар?

Post Views: 8 Последните две недели американскиот долар опаѓа во однос на скоро сите најтргувани валути во светот. Во однос на канадскиот, австралискиот и новозеландскиот долар, американскиот изгуби 4,6 и 8% од вредноста, респективно. Опаѓањето во однос на европската валута еврото, швајцарскиот франк и британската фунта беше помало и изнесуваше приближно 1%. Курсот на доларот се одрази и на многу други пазари како што се пазарот за енергенси, акциите на племенитите метали на кои дојде до нагло растење на цените. Цената на WTI нафтата од почетокот на месецот порасна за 11% и сега по...

Continue reading

Emma Stone

Ако таа глуми во филмот, заработувачката е сигурна!

Post Views: 3 Ема Стоун, Мила Кунис, Џенифер Лоренс и Натали Портман доминираат на листата на “Forbes” за холивудски ѕвезди кои најмногу се исплати да ги ангажирате на филм. Овие млади актерки успеаја да ги истиснат своите машки колеги од првите пет места на списокот.Ема Стоун, ѕвездата на серијалот Спајдермен, е прогласена за најисплатлива актерка на светот за изминатата година. На секој вложен долар, оваа талентирана американска актерка заработила дури 80 долари. На второ место е Мила Кунис, која неодамна можевме да ја видиме во блокбастерите “Ted” и “Oz:...

Continue reading

Американскиот долар во опаѓање, но само привремено

Post Views: 4 Минатата недела на повеќето берзи дојде до корекција каде американскиот долар во однос на другите валути изгуби од вредноста. Во однос на еврото доларот опадна приближно за 2%, а курсот EUR/USD денес изнесува 1.0770, што и понатаму е под нивото од 1,2000 на кое беше на почетокот на годината. Причината ја зајакнување на еврото и останатите валути во однос на доларот е најверојатно ставот на сѐ повеќе економисти и инвеститори на финансиските пазари да се одлучат за купување на евра поради одлуката на Европската централна банка за вбризгување на пари во финансискиот систем,...

Continue reading

benzinska

Повторно зглемување на цената на бензинот

Post Views: 2 За половина денар се зголемува малопродажната цена на „евросупер БС-98“. Малопродажните цени на „евросупер БС-95“ и дизелот остануваат непроменети, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 80 денари за литар. Според одлуката на РKЕ, се зголемува и цената на мазутот и таа ќе изнесува 40,8 денари за килограм. Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 101,066 долар за барел и е за 0,39 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени...

Continue reading

Дали штедењето во евра е сигурно?

Post Views: 9 Еврото не престанува да слабее во однос на американскиот долар. Како што пишува во соопштението на IMC агенцијата, на глобалниот девизен пазар (Forex), еврото во однос на американскиот долар од почетокот на годината ослабе за додатни 3% и го продолжи трендот на слабеење од претходната година. Падот на еврото не треба да изненадува. Аналитичарите на AdmiralMarkets тоа го најавуваа повеќе од една година но и понатаму сметаат дека тој тренд ќе продолжи долгорочно да трае. Поедноставно кажано, економската ситуација во САД е многу подобра отколку во Европа па е сосем логично...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top