Ohrid Calling ги носи во Охрид најдобрите светски диџеи
Post Views: 0
Грандиозна сцена, каква не е видена досега на Балканот, се поставува на стадионот Билјанини извори за третото издание на Ohrid Calling. Најдобрите светски диџеи од 1 до 4ти август ќе приредат во Охрид спектакуларна забава со нивниот препознатлив звук пропратен со специјални светлосни ефекти, многу пиротехника и огномет.
„Оваа година ги имаме водечките имиња од светската електронска сцена. На 1-ви август е водечкиот тандем моментално број еден во светот Dimitri Vegas & Like Mike, на 2ри Jax Jones и Roger Sanchez, а на 4ти август го имаме ветеранот Аrmin Van Buuren....