Ознака: директорка

O.U. Josip Broz Tito

Ана Столеска новиот директор на О.У.„Јосип Броз Тито“

Post Views: 20 ОУ „Јосип Броз Тито„ од Струга доби нов директор. За прв човек на училиштето на местото на досегашната в.д директорка  Александра Башуроска, е поставена Ана Столеска. За директорската фотеља покрај Столеска, конкурирале Виолета Џутеска,  како и екс в.д.  директорка, Башуроска. Трите кандидатки ги исполнувале условите за директорското место, но предност имала Столеска, бидејќи покрај положениот директорски испит,  имала искуство и како тренинг менаџер, за  обука на директори. Инаку актуелната директорка на „Јосип Броз Тито“, Ана Столеска има претходно искуство бидејќи ...

Continue reading

Средба помеѓу струшкиот градоначалник и директорката на „Нико Нестор“

Post Views: 16 Со цел да се изнајде соодветно решение помеѓу учениците македонци албанци, во Струга денес беше одржана средба помеѓу Градоначалникот Рамиз Мерко, директорката на средното училиште „Нико Нестор“,  Драгица Добреска и раководителот на смена од ова училиште. Иако повикан, на средбата не присуствувал претставник од подрачната единица на Министерството за образование. Како што информираа по средбата, наставата во училиштата „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ продолжува да се одвива како и до сега, се додека не бидат создадени услови за дислоцирање во објектот на одмаралиштето...

Continue reading

Поповиќ нова директорка на Охридско лето

Post Views: 0 Министерството за култура на Р.Македонија назначи 22-ца нови директори на национални установи во областа на културата во Македонија. Во Охрид и Струга назначени се нови директори на следниве институции: – На НУ Фестивал „Охридско лето“ – повторно директор од Скопје. Со оваа престижна институција ќе раководи Наташа Поповиќ, професор по пијано, која живее и работи во Скопје. – На манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ е назначен Тодорче Тасевски. – Со Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга ќе раководи Николина Велкоска Глигороска. –...

Continue reading

Кривична пријава за поранешната директорка на Завод и Музеј, Охрид

Post Views: 2 Поради голема финансиска штета на буџетот на Р.Македонија, Министерството за култура поднесе кривична пријава против поранешната директорка на Завод и музеј Охрид. Министерот за култура Роберт Алаѓозоски кој денес беше во посета на охридските институции за култура, открива дека од остварените разговори со раководителите, најгорливо прашање било блокираната сметка на Завод и музеј Охрид, настанато поради непостапување по судски спор во случајот за потпорните ѕидови до музејскиот комплекс Куќата на Робевци меѓу установата и еден од соседите. „Станува збор за еден обемен...

Continue reading

komunalec

Екс директорот на Комуналец ги демантира вчерашните обвинувања

Post Views: 6 После вчерашната пресс конференција на В.Д. директорката на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“,  Елена Скрческа на која беше истакнато дека претпријатието тоне во долгови, денес екс директорот Сашо Алчев се обрати до нас со цел јавно да го каже својот став по изнесените обвинувања упатени на негова адреса.  Како што беше кажано „Комуналец“ по различни основи должи 97.770.000 денари. Алчев демантира. Тој вели дека зад обвинувањата се крие безидејноста на новата директорка како да го води претпријатието. Алчев рече дека не се основани и обвинувањата дека претпријатието...

Continue reading

komunalec

работници на ЈП Охридски Комуналец, останаа без работа

Post Views: 4 Точно пред два дена група работници на ЈП „Охридски Комуналец“, беа вратени од работа. Станува збор за 27 работници кои беа ангажирани по пат на договор на еден, два месеци или со договор на дело, вели новата В.Д директорка Елена Скрческа. Таа појасни дека на истите им истекле договорите  на 31 март. „Со оглед на законските прописи не бевме во можност понатака да ги продолжиме нивните договори ние им кажавме понатака да не идат на работа до регулирање на делот од нивниот статус. Знаете дека ние сме претпријатие од сезонски карактер и во текот на летниот период вработуваме,...

Continue reading

ohridsko leto

Дојдов, видов, заминав

Post Views: 5 Елизабета Јанкуловска, долгоочекуваната директорка на  „Охридско лето“, дојде во просториите на фестивалот, се виде со персоналот, ги заврши формалните работи и си замина. Со овој гест ги избегна медиумите. Никој од новинарите не ја виде иако со нетрпение јавноста очекуваше да ја запознае личноста што ќе раководи со оваа за охриѓани важна културна манифестација. После домино ефектот кој му се случи на овој престижен фестивал кога од функцијата се откажаа претходниот директор Васко Василески и селекторите Горан Стојаноски и Маја Чанаќевиќ, добро ќе беше новата директорка...

Continue reading

gradinka Jasna Risteska

Доцни постапката за директор во градинката

Post Views: 11 Изборот на нов директор во ЈДУ „Јасна Ристеска“ кочи. Како што досега се одвиваат работите не е исклучена можноста оваа установа некое време да остане и без директор. Познато е дека на 15 ти овој месец истекува рокот на сегашната директорка Марина Петреска Тодороска. Како што ТВМ веќе информираше за оваа позиција доставени се 5 апликации на кандидати. Покрај актуелната директорка, на списокот се Ариф Коку, Вера Дукоска, Мери Рилкова, Роза Костоска, сите воспитувачки во оваа установа. Според претставникот на Министерството за труд и социјална политика Владо Суклоски,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top