Ознака: дивоградбите

Божиновски: Главен проблем за дивоградбите во Охрид е Георгиески

Post Views: 0 Од ОК на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека справувањето со дивоградбите во Охрид било само евтин театар на власта предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески. Денеска на прес конференција партискиот портпарол Перчо Божиновски обвини дека нема искрени намери кај власта за справување со нелегалните градби, и по сите најави за конечно функционирање на правото. Од партијата уште еднаш го посочуваат како пример кровот на зграда во близина на градскиот пазар каде се крева уште еден спрат и во врска со кој упатија прашања на адреса на градоначалникот. „Зошто Георгиески...

Continue reading

Општина Охрид ќе добие финансиски средства за отстранување на дивоградбите, според препораките на УНЕСКО

Post Views: 9 Оппштина Охрид од буџетот на државата ќе добие шест милиони денари за спроведување на препораките од УНЕСКО. На последната 24та седница на Владата на република Северна македонија донесена е одлука и за распределба на средства обезбедени во потпрограма 30-Урбанизам и градежништво за капитални дотации во единиците на локалната самоуправа од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година во износ од 46.170.000,00 денари за реализација на неколку проекти низ државава. Во нив е и исполнуваето на препораките од УНЕСКО за справување со дивоградбите, за што се...

Continue reading

Божиновски: Власта нема капацатет да се справи со дивоградбите

Post Views: 0 Делумното и селективно рушење на почетокот на летото беше само евтин политички маркетинг во очи на изборите, обвинуваат од Ок  на ВМРО ДПМНЕ.  Ние и тогаш укажавме, а сега се потврдува дека не постоеја сериозни намери од градоначалникот Константин Георгиески за решавање на проблемот со дивоградбите, туку со цел само предизборно пазарење, кажа денеска на пресконференција, портпаролот Перчо Божиновски.  “Иако рокот на УНЕСКО е пробиен сепак Георгиески нема одма да го решава проблемот со дивоградбите, туку кога општината ќе ги добиела средствата за спроведување на препораките...

Continue reading

Бочварски: Општина Охрид и градоначалникот Георгиески имаат волја да го решат проблемот со дивоградбите

Post Views: 1 Новиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска на прес-конференција кажа дека фокусот е на доизградбата на автопатот Кичево-Охрид, каде иако има работи на терен тие не се според посакуваната и планираната динамика. „Продолжуваме поинтензивно со изградба на автопатот Кичево Охрид, во овој манадат целосно ќе се реконструира патниот правец Струга – Ќафасан а ќе започнеме со постапката за автопатот од Тетово до Гостивар. Истовремено вршиме проектирање за изградба на нов автопат од  Гостивар до Кичево со што целиот западен коридор 8 ќе биде една нова модерна...

Continue reading

Георгиески: Законот ќе важи за сите и покрај сите притисоци во справување со дивоградбите на крајбрежјето

Post Views: 0  Никој да нема илузија дека нема да го стигне законот дека со било какви притисоци ќе биде поштеден од процесот на постапување со дивоградбите. Процесот ќе трае до расчистување на последниот бесправно изграден објект, порача охридскиот градоначалник Константин Георгиески. Постапуваме со одстранување на објекти кои се опасност за регионот и се во спротивност со режимот за заштита под Унеско во зависност од тоа каде имаме правосилни решенија. Нема да има селективност и мора да се врати владеењето на правото и законот. Законот ќе важи за сите и покрај личните и политичките...

Continue reading

tabla

Нов рок за легализација на дивоградбите во Дебрца

Post Views: 0 Ги известуваме жителите на Општина Дебрца дека согласно последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, пролонгиран е рокот за поднесување барања и геодетски елаборати за легализација на дивоградби. Новиот рок за поднесување барања за легализација на дивоградби е 31 март 2016 година, а за поднесување на геодетски елаборати до крајот на 2016 година. За ново поднесените барања рокот за поднесување на геодетски елаборати е крајот на 2017 год. Според последните измени на Законот, барање за легализација на вакви објекти можат да поднесат...

Continue reading

Антикорупциска комисија: Владата да ги преземе надлежностите за уривање на дивоградбите во Охрид, Струга и Дебрца

Post Views: 2 Владата да се справи со уривање на дивоградбите во Охрид, Струга и Дебрца а не локалните самоуправи, побара Антикорупциската комисија. На денешната прес-конференција ова го соопшти Билјана Ивановска, претседател на Државна комисија за спречување корупција по увидот што го направиле во јавните набавки за општина Охрид. При тоа констатирале дека е склучен само еден договор за уривање на дивоградбите. Ивановска кажа дека поради малиот износ на средства со кои располага општината за справување со дивоградбите, ќе се остави впечаток дека се постапува селективно при уривањето...

Continue reading

Влада: За 10 дена да се изработи акциски план за постапување за дивоградбите

Post Views: 1 На редовната 7-ма седница што вчера се одржа во Охрид, Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информација за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО. Владата го задолжи Претседателот на Националната Комисија за УНЕСКО да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и...

Continue reading

Георгиески:Преку ноќ не може да се реши проблемот со дивоградбите

Post Views: 5 Општинските инспектори секојдневно се на терен и прават записници за дивоградбите во градов. Во општината постојано има пет до осум пријави за бесправно градење. Но, тоа не значи дека сите се издржани, објаснува градоначалникот Константин Георгиески. Треба да сме свесни дека тоа ќе е еден процес кој ќе течи во иднина и самото отстранување на бесправно изградените објекти ќе е процес кој ќе течи можеби година и две. УНЕСКО не бара од нас да ги отстраниме сите бесправни објекти до 1ви февруар како што е изнесено во јавноста, вели Градоначалникот. Ние ќе делуваме во насока...

Continue reading

Сугарески: Рушењето на дивоградбите во Охрид ќе започне во септември

Post Views: 4 Уривањето на дивоградбите во Охрид ќе почне од септември, најави во интервју за „Макфакс“ министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тој објасни дека Охрид врши сериозни подготовки на акцијата за уривање. “Градоначалникот има веќе направено јасен план од каде би започнало, не само рушењето, туку сите други активности согласно динамиката  ги имаат предвидено до февруари 2020 год да се направат.  И затоа ние логистички стоиме, државата ако треба и дополнително ќе обезбеди средства во тој дел . Градоначалникот ме извести дека веќе е одбрана фирма која треба да врши...

Continue reading

Заев : Почитуваниот советник Нефи Усеини сам да си ги отстрани дивоградбите или државата ќе ги руши

Post Views: 6 Во случајот со дивоградбите на советникот од ДУИ во Охрид ќе покажеме , најпрвин локалната власт а за многу брзо време и извршната власт , што значи законот и владеењето на правото.  Ако советникот Нефи Усеини не ги тргне дивоградбите тоа ќе го стори државата, порача денеска на прес конференција во владата премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. „ Разговарав со градоначалникот на Охрид дека очекувам да се постапи согласно закон, ништо помалку и ништо повеќе, ни мускули ни сила. Ако не се постапи, најавувам одземање на надлежностите, како што сум му најавил...

Continue reading

legalizacija

Истекува рокот за легализација на дивоградбите

Post Views: 2 До 31-ви март треба да се поднесат барањата за легализација на дивоградби и активно да се искористи продолжениот рок. Во четврток истекува и рокот за легализација на инфраструктурните објекти, односно закомпаниите што поседуваат оптички, бакарни кабли, водоводи и друга инфраструктура. Елаборатите, пак, можат да се достават и до крајот на 2017 година. Сепак, за граѓаните кои веќе поднеле барања, рокот за доставување на елаборати е до крајот на годинава

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top