Ознака: дејност

Јолевски: Мора да ја вратиме препараторската дејност

Post Views: 0 Препараторската дејност во НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ е замрена. Речиси 15 година под разни изговори оваа дејност како да е подзаборавена за ТВМ открива единствениот препаратор од оваа Установа, Васко Јолески, кој работи во Биолошкото одделение од музејот. Јолески со голем ентузијазам најавува дека подготвен е она што неколку години било прекинато да го возобнови, со цел струшкиот музеј повторно да стане туристичка атракција број еден како што тоа некогаш било во екс Југословенските простории. „Еве сега со нови сили и кадри ви природно научниот музеј се надевам...

Continue reading

Комората за фотографска и видео дејност ги слушна проблемите на колегите од југозападниот регион

Post Views: 2 Новоформираната стопанска комора за фотографска и видео дејност одржа состанок со колегите од југозападниот регион. Миле Спасов, претседател на комората, кажа дека на средбата со колегите која се одржа синоќа во Струга, сакале да ги слушнат проблемите, но да се понудат и решенија како да се дејствува во претстојниот период. Во Македонија од осамостојувањето до денес не била формирана комора која ќе ги штити и подобрува условите за работа на фотографска и видео дејност, нагласува Спасов. „Комората треба да е на некој начин медијатор меѓу чинителите на фотографска и видео...

Continue reading

logo

Адвокатите го бранат Законот за нотарска дејност

Post Views: 3 Да беа адвокатите во нотарските канцеларии од почеток на нотарската дејност во Македонија немаше да ни се случат ниту Бачило ниту Фиком, е еден од аргументите на адвокатите кои жестоко го бранат новиот закон за нотарска дејност. Претседателот на адвокатската комора Никола Додевски, бранејќи го законот вели дека нотарите се поставиле во системот како судии, а не се судии за да решаваат оставински постапки. Додевски ги обвини нотарите дека откако се дознало дека адвокатите и нотарите ќе ги делат трошоците адвокатската професија е нападната со измислиени хајки дека само...

Continue reading

poposki

Уште еден охриѓанец во врвот на светската научно истражувачката дејност

Post Views: 2 Данската принцеза Мери и Министерот за високо образование и наука Лунде Ларсен ги претсавија добитниците на престижните Елит Форск награди кои во Данска им се доделуваат на најталентираните млади истражувачи. Во ова десетто по ред доделување заслужено место има и охриѓанецот Петар Поповски, кој е професор на Алборг Универзитетот, на кој предава безжични комуникации на одделот за Електронски системи.

Continue reading

dijaliza

Средба со министерот Тодоров бараат вработените од дијализа

Post Views: 47 Згаснува ли струшкиот Завод за Нефрологија, прочуената Дијализа? Медицинскиот персонал на оваа болничка установа денес излезе со јавен повик до Министерот за здравство Никола Тодоров, со цел да побара изземање на дијализата од Владините планови за издавање лиценци за вршење на оваа здравствена дејност. Вработените за јавниот повик од ресорното министерство за доделување лиценци за вршење дијализа дознале од медиумите и во име на сите инсистираат на средба со министерот Тодоров. „Денес повторно во име на вработените во нашата болница и стручниот колегиум,здружението...

Continue reading

Се крчкаат предлог измени во Законите за угостителска и туристичка дејност

Post Views: 4 Предлог измените кои се најавуваат од министерството за економија во Законите за угостителска и туристичка дејност, како и законот за туристичка такса и привремен престој ги седна на заедничка маса охридските туристички агенции и водичи со претставници од Локалната самоуправа. Ресорното министерство и експертите после долго време ги отвораат овие три закони и бараат предлози од сите инволвирани субјекти за надминување на досегашните слабости. Ѓоко Апостолов од секторот за туризам и локален економски развој информира дека станува збор за обемна материја. Наведува само...

Continue reading

12 милиони денари за развој и промоција на туристичката дејност во 2018 год

Post Views: 8 12 милиони денари за развој и промоција на туристичката дејност во 2018 год. Овие средства ги издвои Општинa Охрид во рамките на Програмата за развој и поттикнување на туризмот. Оваа сума е речиси иста како онаа која се издвојуваше од буџетот на општината и минатите години. Ѓоко Апостолов од Секторот ТЛЕР вели дека секогаш може и повеќе, но дека и со овие пари можат да се реализираат проектите во делот на развојот и поттикнувањето на туризмот за оваа година. Средствата во делот што го финансира Општина Охрид односно средствата кои се предвидени од буџетот на општината...

Continue reading

50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски

Post Views: 16 50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски. Традицијата започнала уште во далечната 1967 од страна на нивните родители кои исто така биле адвокати за со тек на време да добива различни форми на организирање на адвокатурата за конечно од пред седум години овие три презимиња да се соединат во едно Адвокатско друштво. Се носевме подолго време со таа идеја нашите посебни канцеларии да ги интегрираме во едно друштво бидејќи светските трендови се преселија и кај нас и се јави објективна неможност поединец или...

Continue reading

logo

Краен рок за поднесување Завршна сметка е утре

Post Views: 3 Сите правни лица – резиденти на РМ кои остваруваат  добивка од вршење на дејност во земјата и странство или сте постојана деловна единица на странско правно лице која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM, имаат  обврска најдоцна до 28 февруари 2014 година да поднесат Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи  до УЈП. Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (образец “ДБ“) немаат обврска да поднесат правните лица кои работат согласно Законот за сметководство на непрофитните организации, односно водат сметководство согласно...

Continue reading

muzej struga

Спомен соба за Незлобински

Post Views: 18 Стружани скромно ќе го одбележат големиот јубилеј, 70 години од смртта на Д-р.Никола Незлобински. Неговото име е тесно поврзано со почетоците на музејската дејност во Струга, бидејќи тој е човекот кој ги отвора вратите на првата музејска збирка, со што биле поставени основите на музеологијата во Македонија. Финишираат подготовките за одбележување на овој јубилеј, вели директорот на Музејот, Сашо Цветкоски. Тој додава дека единствено Министерството за култура донирало средства за одбележување на овој јубилеј, а со дел од средствата била подготвена спомен собата на Д-р.Никола...

Continue reading

spric

Висока цена за договор

Post Views: 6 Паднаа првите високи глоби за одлагање на медицинскиот отпад. ЈП Комунално од Струга треба да плати глоба од 3000 евра, додека пак Центарот за нефрологија 2000 евра. Според претходно направен увид и утврдување на фактичка состојба од страна на државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски, констатирано е дека на посоченото место, јавната депонија на струшкото комунално претпријатие, има одлагање на медицински отпад. Телевизија ТВМ за овој проблем ја информираше јавноста пред околу 10 тина дена при што побара да се посочи виновникот и истиот да се санкционира....

Continue reading

Задолжителна дезинфикација на приватните станови наменети за туристичка дејност ќе се дезинфицираат

Post Views: 2 Приватните станови во кои се врши туристичка дејност ќе се дезинфицираат. Во рамките на своите законски надлежности и овластувања, а во пресрет на престојната туристичка сезона, Центарот за јавно здравје Охрид кај давателите на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор ќе спроведува задолжителна превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање угостителски услуги, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Тоа го санкционираат инспекциските служби… затоа ние апелираме да се направи навремено дезинфекција за да не дојде...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top