Ознака: дејности

Најголем број на слободни работни места има во услужни дејности и продажба

Post Views: 9 Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2021 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.69 %. Највисока стапка на слободни работни места од 3.32 % има во секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.20 %. Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.16 %. Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни...

Continue reading

Од денес се применуваат мерки со нови протоколи за работа за дејности кои имаат помал ризик

Post Views: 7 Владата на последната седница го донесе Планот за попуштање на рестриктивните мерки, како процес кој би се одвивал во три фази, согласно развојот на епидемиолошката состојба. Првата фаза е тековното функционирање на стопанските дејности во време на прогласена вонредна состојба и ограничено движење на населението на целата територија на државата со постепено намалување на времето за забрана на движење. Втората фаза, како транзициона фаза, е иницијално воспоставување на работните активности со почитување на препорачаните мерки и стриктни протоколи за работа во услови на...

Continue reading

Платежни картички за 100 самохрани семејства и 2837 охриѓани кои не бараат работа

Post Views: 1 Усвоен четвртиот пакет економски мерки тежок 470 милиони евра, а со кој Владата продолжува да им помога на граѓаните, вработените и стопанството да се надминат последиците од кризата предизвикана од ковид-19. Меѓу, позначајните мерки кои се 31 на број, е и мерката платежни картички за поголема потрошувачка и за развој на домашните економските дејности. Оваа мерка ќе изнесува 27,2 милиони евра, а со неа ќе бидат опфатени над 280 илјади граѓани кои не беа опфатени во првите 3 сета економски мерки. Платежни картички со износ од 6000 денари ќе добијат 5.726 самохрани родители,...

Continue reading

Занаетчиите од услужните дејности преземаат мерки за максимална заштита од корона вирусот

Post Views: 0 Почнаа да работат со клиенти занаетчиите од услужните дејности по пауза од скоро месец и половина. Иако, немаа забрана за работа поголемиот дел од козметичките и фризерските салони беа под клуч заради немање интерес на клиентите и стравот од вирусот. Со олабавување на мерките фризерите и козметичарите почнаа претпазливо со работа со клиенти. Заради природата на работата не можат да одржуваат растојание од 2 метри па преземаат строги мерки за максимална заштита од корона вирусот. За заштита на здравјето на клиентите и на сопственото носат маски и ракавици, а прават и...

Continue reading

Се поставува фекална канализација во делови на Лескоец

Post Views: 7 Повеќе споредни улички кои се сечат со главната улица Илија Смически во Лескоец ќе бидат поврзани на фекална канализација. Се поставуваат цевковод фи 200 и шахти. За дел од жителите од Лескоец тоа ќе значи решавање на голем комунален проблем и крај на постоечките септичките јами на кои досега беа поврзани жителите од ова приградска населба. „Екипи на Нискоградба работат на градежни зафати на 3 краци од улицата Илија Смически во должина од околу 300 метри. Планирано е да се работи и на уште еден крак и на дел од патот што води од селото Лескоец кон селото Лакочереј“,...

Continue reading

Мал е одзивот за почитување на законската регулатива од Законот за вршење на занаетчиски дејности

Post Views: 0 Заврши на 1-ви ноември рокот за вадење дозоволи за работа за занаетчиите и вршителите на занаетчски дејности. Според, измените на Законот за вршење на занаетчиска дејност досега само 96 занаетчии од 250 регистрирани во охридската Занаетчиска комора имаат дозвола за работа. Бројот пак, кај вршителите на занаетчиска дејност во Охрид е уште помал. Од 500 евидентирани во Министерството за економија само 13 -мина го испочитувале законскиот рок од 2 годишно прилагодување, вели Сашо Богоески , претседателот на Занаетчиската комора на Охрид. „Нема вршење на занаетчиска дејност...

Continue reading

Законот за спречување на нелојалната конкуренција во занаетчиските дејности не функционира

Post Views: 0 Од охридската регионална комора реагираат дека не профункционира Законот за спречување на нелојалната конкуренција во регионот. Има занаетчии кои работат на црно, вели Сашо Богоески претседател на Регионалната занаетчиска комора „ Од кој причини не знам. Наша цел не е да бараме нерегистрирани занаетчии, тоа е обврска на пазарната инспекција. Ние одиме по пријава на занаетчиите дека некој друг од сродниот занает врши незаконско работење“, појаснува за состојбите во охридската занаетчиска фела, претседателот на Регионалната занаетчиска комора. Со последните законски измени...

Continue reading

Во Охрид има стагнација на занаетчиските дејности

Post Views: 0 Во охридската Регионална занаетчиска комора годинава биле регистрирани 6 нови занаетчии, а 3 биле избришани од евиденција, информира Сашо Богоески претседател на Регионалнаат занаетчсика комора. Состојбата е слична како и минатата година во истиот период , додека пак во 2016 имало 37 ново регистрирани и 5 мина занаетчи кои престанале да вршат занаетчиска дејност, појаснува Богоески за состојбите во занаетчиството во Охрид. „ Во Регионалната комора, годинава е новитет регистрирањето на 2 нови занаети. Се обновува опинчарскиот занает, познатиот охридски опинчар мајстор...

Continue reading

dokument petko

Концесија или јавно-приватно партнерство

Post Views: 3 Што ќе донесе ЈПП за три комунални дејности на ЈП „Комунално“, Струга? Подобар квалитет на услугите или повисоки цени. Мислењата на стружани околу оваа проблематика поделени. Како што ТВМ веќе информираше, кванташкиот пазар, пајак службата и рециклирањето на комуналниот отпад, отидоа во рацете на два ДОЕЛИ од Велешта „Бени Маркет“ и „Албафокс“  и една на „Сити Логистик“ од Скопје. Додека во Македонија на прсти можат да се избројат успешно спроведени постапки за јавни приватни партнерства, Комунално од Струга за нецела година ја спровело постапката за вакви партнерства...

Continue reading

pari

ДЗС: зголемување на просечната плата за 0,1%

Post Views: 2 Вработените во државата во февруари во просек заработувале по 20.941 денар, односно 340 евра. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), за една година просечната плата по вработен се зголемила за 0,1%. Растот, пред се, е резултат на зголемените примања на вработените во три сектори. Најголем пораст на платите во изминатиот едногодишен период имало во рударството и вадењето камен, и тоа за 16,5%. Следуваат градежниците, чии сметки станале подебели за 8,7%, па административните и помошните услужни дејности, каде што е регистриран раст на просечната нето-плата...

Continue reading

sednica

Струга ќе назначи комунални редари

Post Views: 0 Во Струга под итно треба да се постави ред во комуналните дејности. За таа цел советот на општина Струга  даде зелено светло на одлуката за воспоставување на комуналниот ред, за што пак општината има потреба од назначување на комунални редари. Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски, рече дека мерките за спроведување на комуналниот ред се важен сегмент за спроведувањето на законот. „Ако до вчера се жалевме дека немаме соодветни законски решенија по однос на комуналните инспекции и дека имаме одредени активности кои што не можеме да бидеме истовремено ставени во...

Continue reading

piloti

Кои се најпрофитабилните професии во Македонија?

Post Views: 6 ИКТ профил, правник, банкар и пилот остануваат најпрофитабилните професии во државата. Изминатата година во овие сектори се исплатени највисоките плати, додека кожарската и текстилната индустрија остануваат најниско платени. Во поглед на висината на платата и активноста на пазарот на трудот и понатаму доминантни се мажите во однос на жените.Последните податоци со кои располага Државниот завод за статистика покажуваат дека висината на личниот приход во октомври во секторот правни и сметководствени дејности достигнал 41.476 денари што е за 20.229 денари повеќе од просечно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top