Ознака: детската

Реновирана детската градинка во Вевчани

Post Views: 12 После 40 години реновирана детската градинка „Планински цвет“ во Вевчани. Овој проект го избраа граѓаните, кои преку Форуми на заедниците одлучувајќи како да се трошат нивните пари. Со грант од 66 илјади евра од Швајцарската агенција за обнова и развој, се реализираше изврши „Адаптација и пренамена на простории во детската градинка ЈОУДДГ Планински Цвет“. Се направи замена на електричната инсталација, спуштање на плафоните, опремување на засебен и соодветен простор за индивидуална работа на логопед како и целосно уредување на надворешниот простор за игра на деца со...

Continue reading

„Инстаграм деца“ прекината по критиките за последици врз менталното здравје

Post Views: 3 Фејсбук денеска објави дека го прекинува развојот на детската верзија на апликацијата за споделување фотографии на Инстаграм, по широката критика и загриженост дека платформата може да му наштети на менталното здравје на младите луѓе. Одлуката за одложување на апликацијата за деца под 13-годишна возраст доаѓа кога Фејсбук се соочува со последиците од серијата „Волстрит Журнал“, која откри дека компанијата, според нивните сопствени истражувања, знаела за штетата што Инстаграм може да им ја нанесе на тинејџерките. Објавата на Фејсбук следува само неколку дена пред сведочењето...

Continue reading

Продолжуваат градежните активности за реконструкција на детската градинка „Планински цвет”

Post Views: 0 Градежните активности за реконструкција на детската градинка “Планински цвет” – Вевчани се одвиваат интензиивно. Со овој проект предвидено е: спуштање на плафоните со хантер-даглас елементи, поставување на нова внатрешна расвета, набавка на играчки и реквизити, санација на ѕидовите и нивно фарбање, како и изградба на ново игралиште за децата опремено со нови најмодерни реквизити и урбана опрема. Средствата за овој проект се обезбедени преку проектот “Зајакнување на капацитетите на општинските совети” финансиран од Швајцарската агенција за развој SDC, администриран од...

Continue reading

vakcinacija

Доаѓа ли детската парализа и на европско тло?

Post Views: 8 Можеби не е доволно против детска парализа да се вакцинираат само сириските бегалци, предупредуваат германски експерти кои велат дека таа болест може повторно да ја зарази Европа, во која ја нема веќе со децении. Во текст во научното списание Лансет, Германците велат дека за Европа опасноста од инфекции од вирусот на детска парализа лежи во дел и од типот на вакцината која се употребува во подрачја кои со години не ја регистрирале оваа болест. Детската парализа или полиомелитис се пренесува од контаминирана храна или вода, а во октомври е потврдена епидемија меѓу децата...

Continue reading

ЈАВНА ТРИБИНА НА ТЕМА: „ АКТИВНОСТИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, ДЕТСКАТА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ПРЕДИЗВИК НА ОПШТИНА ОХРИД ВО 2022 ГОДИНА„

Post Views: 0 Можноста граѓаните и релевантните институции да учествуваат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво претставува значајна активност и врвен приоритет на општина Охрид. Таквото двонасочно споделување информации за локалните политики овозможува да се зголеми транспарентноста и инклузивноста при креирање на програмските документи на општина Охрид и дизајнирањето на граѓански буџет за 2022 година. Имајќи ги во предвид општествените состојби на локално и национално ниво во поглед на потребите, ставовите но и предизвиците пред кои сите сме исправени, како неопходност...

Continue reading

Детската градинка 8 ми Март стана енергетски ефикасна

Post Views: 13   Најмладите стружанчиња од предшколска возраст, на 1 ви септември ја започнуваат годината во енергетски ефикасен објект. Финишираат работите околу замената на дограмата во детската градинка „8 ми Март“, клон „Сонце“, проект кој го реализира Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Мирјана Лозаноска, задоволна е од динамиката со која се изведувале сите зафати во објектот. Таа нагласува дека целта е создавање на попријатни услови за работа, учење и престој во детската градинка.  „Овде конкретно интервениравме на замена на столаријата, односно ги заменивме...

Continue reading

sredba

Во Дебрца се одбележува Детската недела

Post Views: 1 Под мотото „Сите заедно до подобро утре“, од 5-ти до 9-ти октомври, во ОУ „Дебрца“ се одбележува Детската Недела. По тој повод во посета на локалната самоуправа во општина Дебрца беа ученици од прво до петто одделение заедно со нивните наставници. При посетата учениците накратко се запознаа со работата на Градоначалникот и како оваа институција се грижи за заштита на правата на детето. Оваа недела во училиштето во општината Дебрца ќе се дискутира за правата на децата со цел истите да се поттикнат самоиницијативно да размислуваат за своите права.

Continue reading

ОУ “Дебрца” ја одбележува Детската недела

Post Views: 2 Со разни активности во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври се одбележува Детската недела.И учениците од ОУ “Дебрца” со повеќе активности се вклучени во одбележувањето на Детската недела. Градоначалникот Ногачески ја имаше честа да биде домаќин на учениците и да ги слушнам нивните потреби, барања и желби.Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. „Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет. – изјави...

Continue reading

Мнозинството советници во Градскиот совет дадоа поддршка за зголемување на платите во детската градинка Јасна Ристеска

Post Views: 1 Вработените во детската градинка Јасна Ристеска ќе земаат повисока плата за 16 посто и ќе имаат нова систематизација на работните места. Ова е епилогот од денешната итна седница на која охридските советници дадоа согласност за усогласување на подзаконски акти по донесувањето на законските измени во Законот за детска заштита од 18 јуни. Советниците од позицијата на денешната итна седница дадоа поддршка за зголемување на платите на вработените, но не и четворицата советници од опозицијата. Советничката Гордана Коњаноска при тоа упати критика од технички аспект. „Сите имаме...

Continue reading

Се реновираат објектите на детската градинка „Јасна Ристеска“

Post Views: 2 Во време на пандемија се реновираат старите објекти на Јавната детска општинска установа Јасна Ристеска. Реконструирани се крововите на објектот  Росица, а од неодамна завршен е покривот и на објектот Билјана со средства со буџет од Јавната детска општинска установа „Јасна Ристеска“, информира Мери Рилковска, директорка на установата. За следната година се планира да се замени уште кровот на објектот Лихнида. Градинките добија нова дограма, се променија вратите и прозорците, посочува Рилковска.  Скоро е се завршено со исклучок на економскиот дел во два објекти. Додека...

Continue reading

Ќе се менува азбестниот кров на детската градинка „Сонце“

Post Views: 0   Ќе се менува азбестниот кров на Детската градинка „Сонце“ во Струга. Оваа детска установа години наназад има голема потреба од менување на кровот бидејќи истиот прокапува и е азбестени. Сите знаеме дека азбестот е штетен по здравјето на луѓето, а докторите постојано укажуваат дека азбестот има канцерогено својство и воопшто не е здрав за децата. Врз основа на четирите општински стратегии усвоени Советот на општина Струга и тоа од од сферата на образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации, стружани извршија приоретизација на проектот за...

Continue reading

Детската градинка „Билјана“ добива нов покрив

Post Views: 2 Новиот рамен покрив ќе биде изведен по сите најсовремени стандарди, во неколку слоеви, со висок степен на заштита и изолација, а на страничните делови ќе има лимени конструкции. Проектот е вреден 1 милион и 530 илјади денари, средства кои се обезбедени од буџетот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Со неговата реализација се става крај на долгогодишните проблеми со прокапување вода при врнежи од дожд и снег во сите простории од градинката. Во објектот има четири занимални во градинскиот дел, во кој согласно протоколите за заштита од КОВИД се згрижени по 20 деца во група односно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top