Ознака: дело

Ron Denis

Рон Денис доби награда за животно дело

Post Views: 3 На донеодамнешниот извршен шеф на Мекларен, Рон Денис, кој се повлече од Формула 1 во екот на аферата со лажењето на судиите на трката во Мелбурн, во четвртокот навечер му беше доделена награда за животно дело.Денис, кој помина повеќе од четири децении во мотоспортот, го прими признанието од спортската индустрија и веднаш подели комплименти за своето „семејство“ во Мекларен. „Моето присуство во трките од Формула 1 почна во 1966 година и во текот на овие 43 години таа беше моја животна страст“, изјави тој. Примајќи ја наградата во Лондон од двајца свои некогашни возачи,...

Continue reading

kic 365

Творештвото на охридскиот писател Зоран Ковачевски пред охриѓани

Post Views: 0 Во Културно-информативниот центар „Култура 365“, утре охриѓани ќе можат да чујат дел од творештвото на писателот Зоран Ковачевски. Дел од литературниот опус на охридскиот писател Зоран Ковачевски во петок пред охридската читателска публика. Неговиот опус ги вклучува збирката раскази: „Охридски приказни“, „Аристотел во Ресен“, „Пејач“, „Кога ни петлите не пеат“ како и романите: „Семејна фреска“, „Летачи на метли“, „Одмазда“, „Историја на светото дело“. Инаку Ковачевски е роден на 3 април 1943 година во Светозарево во Србија. Завршил Правен факултет во Белград, а работел...

Continue reading

seminar Filantropi

„Филантропија човекољубие на дело“, проект на Локалната агенција за развој

Post Views: 1 Целта на средбата која се одржа денеска е да се презентира проектот „Филантропија човекољубие на дело“ пред јавноста, а главната цел на овој проект кој го имплеметира локалната агенција за развој, е да се промовира филантропијата во Југозападниот дел на Македонија, поточно во општините Охрид и Струга.  Организаторот вели дека граѓанските здруженија имаат најголема потреба од филантропи  и  додаваат дека и самите ние сме филантропи кога го донираме нашето време и знаење за маргинализирани групи. „Во секој момент имаме потреба од други филантропи кои  ќе ни помогнат да...

Continue reading

knigi

Школската година започна

Post Views: 7 На првиот училишен час на кој на децата им беа поделени учебниците, наставниците и професорите уште ги информираа основците и средношколците и за останатите наставни помагала кои ќе им требаат за непречено одвивање на наставата. Најсовесните уште утрово ги затекнавме во книжарниците низ Охрид. Раководителот на книжарницата „Просветно дело“ во Охрид, Димитар Саков, вели дека уште рано утрово се почуваствувала училишната атмосфера. Тој додава дека нема потреба од гужви и нервози за набавка на училишен прибор и работни тетратки, затоа што од се што треба за учениците, имаат...

Continue reading

manifestacija

Почит кон ликот и делото на Живко Чинго

Post Views: 1 Годинава, наградата за најдобар расказ  ја понесе авторот Блаже Миновски. „Слово горко слово жалосно“ е расказот кој ги доби сите позитивни критики од стручното жири на оваа манифестација. „Слово горко слово жалосно“, е годинешниот награден расказ на манифестацијата „Живко Чинго“. Синоќа во атарот на црквата Св. Петка во с. Велгошти беше доделена наградата на Блаже Миноски авторот на овој расказ. Миноски повеќекратно е наградуван  посебно во делот на пишување на раскази но изрази огромно задоволство, што точно нему му припадна оваа чест.Творештвото на Чинго е непресушна...

Continue reading

monografija

Животот и делото на, M-р Најденко Попоски презентирано во монографија

Post Views: 0 Две години по смртта на основачот на Охридска банка, м- р Најденко Попоски, се промовира Монографија посветена на неговиот живот и дело.  Големиот број пријатели и соработници, во присуство на членовите од неговата фамилија, уште еднаш се потсетија за човекот кој целиот свој живот го посвети на развојот на општината.Објавувањето на една ваква монографија од страна на семејството претставува гест за почит кој сигурно ќе остави трага врз новите генерации, истакна градоначалникот Александар Петрески. Блискиот соработник и пријател, Иван Голабоски, монографијата ја нарече...

Continue reading

Sv.Kliment

Заврши конкурсот за доделување награда за животно дело „Свети Климент Охридски“

Post Views: 8 Дваесет кандидатури пристигнале до Комисијата за прослави , манифестации , доделување на награди и призанија , за престижната 8 –мо декемвриска награда за животно дело, „Свети Климент Охридски“. Претседателот на Комисијата д-р Крсте Стојаноски вели дека наградат овој пат ќе биде доделена затоа што има поголем избор. Лани наградата за животно дело не се додели затоа што имале само две апликации. Беа врачени само повелби. За оваа награда покрај поединци и институции од градот можеа да конкурираат и кандидати од земјава и од странство. Комисијата ќе има тешка и одговорна...

Continue reading

Првата награда за животно дело на фестивалот „Средновековен Охрид“ ќе му биде доделена на Вангел Деребан

Post Views: 1 Oд организациониот одбор потенцираат- „Деребан е човекот кој важи за достоен наследник на средновековните мајстори“. Наградата за животно дело на првиот фестивал- Средновековен Охрид, оди во рацете на Вангел Деребан. Како што велат од организациониот одбор на фестивалот, човекот кој важи за достоен наследник на средновековните мајстори. „Вангел Деребан е човекот кој целиот свој живот им го посвети на сребрените нишки на филигранот, исткаени со имагинација и маестрална вештина, човекот кој го пронесе својот занает низ времето и просторот“, потенцира Јасмина Пакашки,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top