Ознака: двајца

сообраќајка

Двајца повредени во сообраќајка кај Струга

Post Views: 0 Синоќа околу 20.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано Равење се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди” управувано од А.Ц.(26) од село Јабланица и возило „ровер” управуван од Е.К.(20) од село Лабуништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ровер” О.К.(41) од с.Лабуништа констатирани во Општата болница-Охрид, а со телесни повреди се здобил возачот А.Ц. констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Continue reading

Во сообраќајка кај Радожда повредени двајца полјаци

Post Views: 1 На 30-ти јули 2021 година, во 14:00 часот, во СВР Охрид, добиено е известување за повредени лица на некатегоризиран шумски пат, во атарот на струшкото село Радожда. Од извршениот увид било констатирано дека при пад од скутер, со повреди се здобиле В.Ј.Т.(33) и П.Т.(28), двајцата од Полска. Тие се пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде им се констатирани телесни повреди – информираат од СВР Охрид. 

Continue reading

Двајца туристи од Македонија се удавиле во Албанија

Post Views: 6 Албанските медиуми јавуваат дека утрово во Албанија евидентирани се три жртви од давење во море. Двајца од нив, се државјани на Македонија. Станува збор за 59-годишник идентификуван од полицијата со иницијали Х.Х. кој се удавил околу 11.15 часот денеска на плажата во Велипоја. Десет минути подоцна уште две лица се удавиле на плажата во Спиле. Полицијата информираше дека станува збор за две повозрасни лица: М. М. (79) и Ц. М. (78) кои дошле на одмор од Македонија.

Continue reading

Во автокамп во Охрид пронајдена марихуана кај двајца жители на Драслајца

Post Views: 1 На 01.12.2021 околу 21 часот во автокамп во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги приведоа и лишија од слобода М.М.(34) и М.К.(24), двајцата од струшкото село Драслајца. При преглед на патничко возило „форд мондео”, со струшки регистарски ознаки во кое биле двајцата, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

180 нови случаи за 24 часа, двајца починати и нов случај во Охрид

Post Views: 1 Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. – Скопје 109– Куманово 26– Дебар 1– Штип 15– Тетово 12– Струга 1– Велес 1– Битола 1– Охрид 1– Гостивар 8– Гевгелија 2– Валандово 1– Свети Николе 1– Неготино 1 На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај. Денеска...

Continue reading

bolnica

Синоќа во Струга се случи воружен инцидент, заврши со двајца повредени

Post Views: 10 Вербалната расправија била помеѓу македонци и албанци. Причина за кавгата  е  неотстапување на првенство на минување во сообраќајот. Вооружена престрелка се случи синоќа околу 23 часот  и 30 минути, во центарот на Струга. Инцидентот произлегол  од вербалната  расправија која преминала во престрелка. Во тепачата инволвирани се четири лица, двајца македонци Г.Р  и неговиот брат А.Р од една страна,  и двајца албанци, лицата Р.К од село Теферич и Б.Ш од Струга,  од друга страна.   Твм дознава дека причината за кавгата била неотстапување на првенство на минување во сообраќајот, ...

Continue reading

Видео: Арда Туран со копачка по судијата

Post Views: 4 Фудбалерите на Барселона изборија полуфинале во шпанскиот куп на кралот со победата во возвратниот натревар со Атлетико Мадрид со вкупен резултат од 4-2. Нејмар му пресуди на Атлетико со два погодоци, но натпреварот пред сѐ го одбележаа инциденти и лошото судење на Хесус Гил. Најскандалозен момент на натпреварот се случи во 48-та минута кога Арда Туран со сопствената копачка го гаѓаше линискиот судија. Туран остана без копачка во дуелот со двајца играчи на Барселона и очекуваше дека линискиот судија ќе сигнализира прекршок, меѓутоа тоа не се случи. Изиритиран со таквата...

Continue reading

Двајца охриѓани заработија кривични пријави за ширење расиситички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Post Views: 11 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.М.(46) и Н.С.(48), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење расиситички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 15.12.2020 година, пријавените на социјалната мрежа „Фејсбук“, напишале коментари со кои поттикнувале омраза, дискриминација и насилство према група граѓани со што, ја загрозиле нивната безбедност и предизвикале чувство на страв.

Continue reading

Убиен новинар насред улица во Кабул

Post Views: 4 Две вооружени лица утрово, пред либанонскиот ресторан сместен во една од најбезбедните улици во Кабул, го убиле шведскиот новинар Нилс Хорнер, известила полицијата. „Во моментов добивме потврда дека се работи за Нилс Хорнер, дописник на шведското радио“, рекол за Frans Press, шведскиот амбасадор во Авганистан Петер Семнеби, а портпаролот на кабулската полиција, Хашиматулах Станкзаи, рекол дека Хорнер подлегнал на повредите задобиени од пукањето. Хорнер стоел пред ресторанот во Кабул заедно со својот возач и преведувач. Изненадно им пришле двајца непознати мажи во западњачка...

Continue reading

Двајца охриѓани нападнале полицајци пред локал кај „Билјанини извори“

Post Views: 6 На 16-ти јануари 2022 година околу 02.30 часот, во СВР Охрид приведени се 24-годишниот К.Н. и 25-годишниот Р.Д. двајцата од Охрид. Двајцата, пред угостителски објект лоциран на спортскиот центар „Билјанини извори” во Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување кон полициски службеници. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

logo

Македонија со двајца автори на венецијанското биенале

Post Views: 9 Македонскиот павилјон на 53. Биенале во Венеција, на кој ќе се претстават македонските уметници Никола Узуновски и Гоце Наневски, ќе биде отворен денеска. Узуновски ќе се претстави со проектот „Моето сонце“, научно-уметнички проект во кој уметникот создава вештачко сонце. Вториот македонски претставник уметникот Наневски ќе се претстави со инсталацијата „50 или 50“, составена од бројченици од апарати за точење бензин и посветена на можностите за различна интерпретација на течењето на времето. Уметници од целиот свет ќе ги изложат своите дела до 7 јуни, во рамките на...

Continue reading

Java

Осторовот Јава под вулканска пепел

Post Views: 0 Најмалку двајца луѓе загинаа, а над 200 илјади се евакуирани поради ерупцијата на вулканот Келуд на островот Јава во Индонезија. Вулканот исфрлил големи количини на пепел и камења во радиус од 200 километри, при што некои населби се целосно прекриени со пепел. Властите издале предупредување еден час пред ерупцијата и наредиле евакуација на 36 села кои се наоѓаат во круг од десет километри околу вулканот. Трите најголеми аеродроми се затворени а има и оштетени авиони. Во Индонезија постојат 130 активни вулкани. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top