Ознака: даунов

„Порака Нова“ од Струга ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Post Views: 4 Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака нова” од Струга и годинава ќе го одбележи 21 март- Светскиот ден посветен на лицата со Даунов синдром. Оваа година мотото е „Мојот глас моја заедница”. Центарот за одбележувањето на овој ден организира активности за будење на свеста кај луѓето дека лицата со Даунов синдром треба да бидат третирани соодветно. Освен кампањата која ја прават преку социјалните мрежи, активисти на „Порака нова“, во вторник, 21 март, ќе поделат флаери низ градот. Годинашната тема на Светскиот ден на Дауновиот синдром е оспособување на луѓето...

Continue reading

Денес е ден на лицата со Даунов синдром

Post Views: 7 „Во Македонија сѐ уште преовладуваат предрасудите за луѓето што имаат Даунов синдром, па токму затоа се доведуваат во прашање и нивните основни човекови права. Мора да дејствува во  насока оваа реалност да се промени, да се направат низа реформи во институциите кои понатаму ќе овозможуваат непречено интегрирање на лицата со Даунов синдром во целокупното општество“, посочуваат од Центарот за Даунов синдром. Оспособување на луѓето со Даунов синдром да проговорат, да бидат чуени и да влијаат врз владините политики и дејствувања, со цел да бидат целосно вклучени во заедницата....

Continue reading

daunov sindrom

На лицата со Даунов синдром не им треба сожалување туку прифаќање од општеството

Post Views: 15 Разбирање наместо предрасуди, прифаќање наместо сожалување и создавање на заедничко општество, градење на заедничка иднина. Ова е Игор Шајноски. Тој има 27 години и нема никаков недостаток, напротив тој има нешто плус, нешто повеќе. Тој има три генетски копии на 21от хромозом, наместо вообичаените две. Со оваа генетска мутација, Игор е носител на Дауновиот синдром. Но тука завршуваат сите разлики. Игор секое утро се буди во 6 часот и 30 минути, за веќе во 7 часот да тргне од родното Радожда до Струга, за оттука да се качи на службеното комбе кое ќе го однесе во фабриката...

Continue reading

poraka

Струшката „Порака Нова“ бара волонтери

Post Views: 1 Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром невладината Порака Нова бара волонтери кои ќе работат со овие лица. Помагајќи им на лицата со Даунов синдром,  придонесуваме за нивна поголема социјализација. Порака Нова ги отвара вратите за хуманите луѓе кои  не ја вртат главата  пред луѓето кои се различни од нив. На тимот може да им се приклучат сите оние кои се подготвени дел од своето слободно време да го поминат во работа со овие лица. На овој начин ќе  внесат светлина и радост во животот на лицата со интелектуална попреченост. Заинтересираните можат...

Continue reading

dime spasov

Посебен додаток за децата со Даунов синдром

Post Views: 0 За 25 проценти ќе се зголеми посебниот додаток за родители на деца со пречки во развојот. Посебен додаток ќе има за сите деца со Даунов синдром. „Овие измени ќе стапат во сила започнувајќи од месец јуни 2015 година, а за таа цел на годишно ниво, министерството ќе издвои околу 18.690.940 денари. За реализација пак на финансиската поддршка за сите родители кои имаат деца со пречки во развојот, годишно се издвојуваат вкупно 414 690 000 денари за 6900 родители или 710 дечиња со попреченост“, соопшти денеска министерот за труд и соцјална политика, Диме Спасов. Овие дечиња...

Continue reading

Денес се одбележува Светскиот ден на Даунов синдром – 21 Март

Post Views: 0 Даунов синдром – Трисомија 21 е хромозомско нарушување предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Откриен е во 1866 година од лекарот Џон Ленгдон Даун. Подоцна ова генетско хромозомско пореметување е наречено Даунов синдром, а негова причина се одредени грешки во клеточната делба пред оплодувањето. Со повеќе активности во земјава денеска ќе се одбележува Светскиот ден на Даунов синдром – 21 Март. На настанот по повод Светскиот ден на Даунов синдром во Кинотека ќе биде претставен документарниот филм за снимањето на музичкиот видео запис за новата песна...

Continue reading

defektolozi

Наместо дефектолози, педагози и психолози

Post Views: 15 И покрај напорите што ги прави општеството последниве години за интеграција на луѓето со Даунов синдром, од она што го видовме на терен – резултатите се дискутабилни. Инклузијата се спроведува стихијно, а постојат низа проблеми и во системот на здравствена и социјална заштита. Инклузијата на децата со попреченост, вклучувајќи ги и децата со Даунов синдром, се спроведува само на ниво на одлука редовните училишта да запишуваат и деца со пречки во развојот, бидејќи нема вработени дефектолози што би им асистирале при наставата. Некои родители инклузијата ја финансираат...

Continue reading

Poraka Nova

Порака Нова ги крши бариерите меѓу општеството и лицата со Даунов Синдром

Post Views: 7 Да се отстранат заблудите, граѓаните да се информираат и да знаат што е тоа Даунов синдром и кои се потребите на лицата со оваа состојба. Ова беше целта на денешните активности кои ги спроведе струшкиот центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост „Порака Нова“. Анита Гаговска, проект менаџер во оваа невладина организација, вели дека се работи интензивно на информирање на јавноста дека Дауновиот синдром не е болест, туку состојба која не е пренослива, а дека лицата со оваа состојба се лица кои сакаат да се дружат, да учат, да имаат...

Continue reading

Анастазија Жупан на светскиот ден на лицата со Даунов синдром во бистро Корнер приреди изложба на тема цвеќе

Post Views: 4 Анастазија Жупан својата дарба за сликање ја претстави на изложба. Во бистро Корнер таа изложи десетината слики со мотиви на цвеќиња. На тој начин се вклучи во одбележување на денот на лицата со Даунов синдром. Изложбата ја посветува на својата неодамна почината баба Здравка Жупан. Преку веселите бои на своите цртежи таа открива колку го сака животот. Изложбата има хуманитарен карактер и собраните средства сака да ги донира во НВО „Порака Нова“ и да ги израдува децата кои се дел од оваа организација. Анастазија се радува на пролетта, а сака да учи сликарство.„ Ги сакам...

Continue reading

logo

Денес се одбележува Денот на лицата со Даунов синдром

Post Views: 28 Првиот Светски ден на Даунов синдром е одржан на 21 март 2006 година. Тој ден е прогласен од страна на Европската Даунов синдром асоцијација за време на нивниот европски конгрес во Палма де Мајорка (февруари 2005 година). Во САД, Народното Даунов синдром општество обележува Даунов синдром Месец секој октомври како “ форум за отфрлање на стереотипите, обезбедување на точни информации и подигнување на свеста и потенцијалот на индивидуата, со Даунов синдром” , а во Јужна Африка, денот на Даунов синдром се одржува на секој 20-ти октомври.  Организациите како Специјална...

Continue reading

Шарени чорапи за светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Post Views: 7 Анастазија Жупан е млада девојка која ги сака истите работи како и нејзините врснички. Сака музика, обожува да се капи во езерото, да шета по охридската чаршија, да се дотерува, да се дружи со своите пријателки со кои ги споделува своите тајни. Анастазија секогаш е насмеана и ведра и со неа е задоволство да се разговара. Дури тоа ако знаеш можеш да го направиш и на шпански, бидејќи Анастазија има познавања и од овој јазик. Таа е активна и не  бега од обврски, туку ги исполнува со задоволство. Таа е дел од Лајонс клубот „Деница“ каде учествува во сите активности посебно...

Continue reading

Anastazija

Љубовта не ги брои хромозомите

Post Views: 1 Тие се секогаш насмеани, со исти потреби да бидат сакани и прифатени. Потребна им е поголема поддршка од општеството и да бидат признаени како еднакви без дискриминација врз основа на попреченост. Лицата со Даунов синдром неизмерно и несебично ја даруваат својата љубов. Денес на 21 март Светскиот ден на лицата со Даунов синдром барем за миг треба да се запрашаме дали правиме доволно како поединци и општество за нив. Нашата сограѓанка Анастазија е весело и комуникативно дете, сака музика, зборува шпански, не се плаши од вода, го сака езерото. Секогаш е насмеана и ведра....

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top