Ознака: дамка

Kvinslend

Нафтената дамка во Квинсленд 10 пати поголема

Post Views: 5 Нафтената дамка која се шири до брегот на Квинсленд, северо-источна Австралија е десет пати полоша отколку штоо беше кажано во првичниот извештај. Брод во сопственост на Хонг Конг, поради оштетувања претрпени од тропска бура испушти 230 тони нафта, а не 20-30, како што првично беше кажано. Изјавите кажуваат дека дамката исто така содржи и отровни и канцерогени материи кои му се закануваат на живиот свет. Десетина плажа во должина од 60 км на Сончевиот брег веќе се прогласени за опасни зони.     {loadposition content9}

Continue reading

Маслена дамка во водите на езерото кај малото пристаниште

Post Views: 3   Во водите на езерото , на кејот кај малото пристаниште, тажната слика на повлечената вода ја надополни и дамка во радиус од околу два метри која изгледа како излеани деривати на нафта. Природата на загадувањето не е утврдена бидејќи од Центарот за јавно здравје досега не било побарано да се  направи хемиско и микробиолошко испитување за да се утврди за какво загадување станува збор. Се обидовме да стапиме во контакт со комуналниот инспекторат и со инспекторатот за животна средина при локалната самоуправа. Не успеавме да добиеме одговор од надлежните дали инспектори...

Continue reading

nafta

Човечки фактор најверојатно причина за појавата на нафтената дамка наспроти Инекс

Post Views: 2 Нафтената дамка која се појави во тревната површина во непосредна близина на хотелот Инекс Горица најверојатно е причинета од човечки фактор. До вакви индиции дошол тимот на Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа, а во кое тело делуваат претставници од СВР Охрид, Центарот за управување со кризи и јавните претпријатија од градов. По добиена информација од загрижени граѓани, тимот уште вчера излегол на терен со цел да утврди дали нафтената дамка претставува потенцијална опасност за граѓаните и животната средина. Тие констатирале дека таква опасност воопшто...

Continue reading

Ohridsko ezero

Во водите на Охридското Eзеро забележана маслена дамка

Post Views: 1 Во водите на Охридското Езеро, во близина  на кејот,   викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј. На терен веднаш излегла екипа од Центарот за јавно здравје на повик од државниот инспектор за животна средина. Екипата ја измерила концентрацијата на кислород и било констирано дека е на долна граница, но во границите на нормалата. Специјaлистот броматолог Сашо Точко  вели дека зеле по 2 примероци од нафтената дамка за хемиско и микробиолошко испитување....

Continue reading

mrsna damka

Тежок престап

Post Views: 3 Нафтена дамка во водите на езерото. Оваа појава вчера во попладневните часови ја регистрира екипата на ТВМ  за што веднаш алармира. Надлежните веќе формираа координативно тело и се проверуваат сите шахти во градов со цел да се детектира потеклото на излеаната нафта и сторителот на ова дело. Се потврди информацијата дека масната дамка во водите на езерото потекнува од нафтени деривати. Имено, како што ТВМ информира, надлежните екипи на МЈП „Проаква“, Општинскиот и Државниот инспекторат, од вчера постојано се на терен на кејот од езерото каде што е регистрирана оваа појава....

Continue reading

езеро

Масна дамка на површината на Охридското Езеро

Post Views: 1 Камерата на ТВМ, вчера попладне,  забележа мрсна дамка на површината на Охридското Езеро покрај кејот во центарот на ОхридПотеклото не е познато, но се претпоставува дека се работи за материјал од нафтени деривати истурен во канализациската мрежа. Денес на местото се излезени претставници на Државниот инспекторат за животна средина, локален комунален иснпекторат и од меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, кое стопанисува со Колекторскиот систем за заштита на езерото. Според државниот инспектор за животна средина Фирус Мемет, причината за излевањето е непозната,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top