Post Views: 3
Со поставувањето на хоризонтална сигнализација се комплетира проектот за реконструкција на кракот од улицата „Даме Груев“. Обележувањето се изврши по сите сообраќајни стандарди.
Претходно на улицата беше извршено асфалтирање, уредување на пешачките патеки од двете страни на улицата и беа поставени нови рабници.
Post Views: 6
Финишираат градежните активности за реконструкција на крак од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“.
Во текот на денешниот ден се изврши поставување на вториот асфалтен слој на коловозот. Согласно предвидените активности, претходно беше извршено уредување на пешачките патеки од двете страни на улицата и беа поставени нови рабници.
Реконструкцијата на уличниот крак е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид. Во текот на наредниот период се планира реконструкција на уште неколку краци од улицата „Даме Груев“.
Post Views: 1
Се известуваат жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“, дека гредежните активности за уредување на на крак од улицата „Даме Груев“ кон населбата „Христо Узунов“ продолжуваат во понеделник (10.08.2020) од 09 до 16 часот со поставување на втор слој асфалт.
Затоа потребно е жителите од овој дел на градот да ги отстранат возилата за непречено одвивање на градежните активности, а дополнително кракот на улицата „Даме Груев“ што води кон населбата „Христо Узунов“ ќе биде затворен за сообраќај во наведениот период.
Post Views: 7
Деновиве се изведуваат градежни активности од завршната фаза за реконструкција на крак од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“.
Во текот на денешниот ден беше поставен првиот асфалтен слој на коловозот. Претходно се изврши поплочување на тротоарите од двете страни на улицата со бехатон плочки и се изврши поставување на нови рабници.
Овие активности се дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид. Според планираното, во текот на наредниот период ќе бидат реконструирани и уште неколку краци од улицата „Даме Груев“.
Post Views: 0
Се известуваат жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“, поради асфалтирање на крак од улицата „Даме Груев“ кон населбата „Христо Узунов“, што ќе се реализира утре 28.07.2020 од раните утрински часови, потребно е да ги отстранат возилата за непречено одвивање на градежните активности.
Дополнително поради градежните активности за асфалтирање и уредување, кракот на улицата „Даме Груев“ што води кон населбата „Христо Узунов“ ќе биде затворен за сообраќај во текот на утрешниот ден.
Post Views: 0
Непристапен пат, калови до колена и раскопана земјена улица со едвај проодни дупки. Ваква е сликата во улица „Даме Груев“, во среде центарот на Охрид, само на стотина метра од општина Охрид.
Жителите се жалат, во рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ телевизија. Велат со децении бараат уредување на просторот, но од локалната не преземаат ништо.
Немаме пристап до нашиот дом, имаме куќа со уредна документација и платени давачки – пишуваат револтираните граѓани, кои не сакаа да зборуваат пред камера.
Влезот во сокакот каде има десетина куќи и една станбена зграда...
Post Views: 3
“National Geographic”, емитуваше кус прилог за големото откритие на Виктор Груев кој работи заедно со уште неколку светски научници. Груев е професор на Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД.
За Виктор Груев , Публицитет.мк пишуваше уште минатото лето. Тој е пронаоѓач на специјални очила со кои хирурзите за време на операција можат да ги видат клетките на туморот. Пронајдокот е вистинска мини револуција во светската медицина, бидејќи овозможува прецизно отстранување само на заболените клетки без да се уништи и здравото ткиво.
Во емисијата “EXPLORER” Д-р...
Post Views: 0
На ул. „Даме Груев” во околните згради кај АвтоМакедонија Охрид беше опожарен контејнер поради несоодветно одлагање на отпад.
Многу често Ј.П.„Охридски Комуналец” се соочува со проблемот на комплетно уништување на јавната опрема и јавни добра кои треба да им служат на сите наши сограѓани. Дежурните екипи затекнаа комплетно уништен пластичен контејнер на ул. „Даме Груев” кој беше изгорен од запалив отпад депониран во самиот контејнер.
Во тек на грејната сезона честа е појавата на депонирање недогорени остатоци од отпад во контејнерите од страна на...
Post Views: 12
Градоначалникот Бакрачески продолжува со веќе добро воспоставената практика за остварување на средби со граѓаните од месните и урбаните заедници. Утре, (12.04.2016) со почеток во 15 часот ќе оствари средба со граѓаните од урбаните заедници „7ми Ноември“ и „Даме Груев“.
Покрај градоначалникот на средбата ќе присуствуваат секретарот на општина Охрид, раководителите како и директорите на Јавните претпријатија кои директно ќе се запознаат со потребите на жителите од овие урбани заедници.
Post Views: 8
Од МЈП „Проаква“ информираат дека поради изведба на нова водоводна линија, денесво периодот од 08.30 до 13.30 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од булеварот „Туристичка“ и тоа од пресекот со ул.„ Јане Сандански“ до пресекот со ул.„ Даме Груев“.
Новата водоводна линија се изведува во рамки на градежните активности за изградба на кружниот тек на пресекот на „ Туристичка“ и „ Јане Сандански“.
Post Views: 8
Жителите од урбаната заедница 6 точка 1 опфат 2 го очекуваат донесувањето на урбанистичкиот план за оваа урбана заедница. Независниот советник Љупчо Настоски во име на граѓаните од оваа урбана заедница Даме Груев прашува до каде е постапката.
„Овој план се подготвува подолго време некаде 6 години и до денес нема информација до каде е неговото изготвување“, напоменува при тоа Настоски.
Од локалната самоуправа се согласуваат дека граѓаните се интересираат за постапката за деталните урбанистички планови. Изработката на урбанистичкиот план е наш приоритет и ние интензиво...
Post Views: 3
„Охридски Комуналец”информира дека во деновите од понеделник до петок ќе врши уредување на дрворедите со поткастрување на крошните од липите на улицата „Македонски Просветители”.
Поради ова потребно е отстранување на паркираните возила за непречено извршување на нивните активности. Уредувањето на дрворедите ќе се врши во деновите: 1. Понеделник 17.11.2014 год. – пресекот на “Кеј Македонија”со улицата “Партизанска”; 2. Вторник 18.11.2014 год. – потегот од ул.”Партизанска” до улицата “Димитар...