Ознака: Градиште

Две кривични за журките на плажа во Градиште

Post Views: 11 Илјадници посетители на Охрид деновиве уживаат во летниот одмор како да заборавиле дека постои пандемија на вирусот СарсКов2 кој е опасен и потенцијално животозагрозувачки. На плажите не се почитуваат владините протоколи, секаде низ градот е гужва во која ретко кој носи маска а дистанца скоро е невозможно да се одржува.Во текот на вчерашниот ден, на социјалните мрежи беа објавувани видеа  од журки на плажата Градиште со десетици млади луѓе кои не одржуваат растојание и не носат заштитни маски.  Градоначалникот  Константин Георгиески  пред празничниот викенд во Охрид...

Continue reading

Ништо од рушењето на парапетчето во Градиште

Post Views: 9 После 11 дена од отпочнувањето на активностите на локалната за отстранување на нелегалниот бетонски ѕид во Градиште, срушени само 5-6 метри од фамозното парапетче. Друг ѕид од 200 метри остана недопрен , обвинија денеска од здружение на граѓани  “ Оревче “.  Бараат надлежните итно, повторно да реагираат и дивоградбата целосно да биде отстранета. „Сеуште немаме ништо, чекаме разврска. Ветено ни е и бараме да прекинат сите активности. Бараме да се руши и ресторанот којшто е дивоградба пред една и пол година и воедно бараме да се прекине со стопанисување со авто кампот...

Continue reading

Започна уривањето на нелегалниот бетонски ѕид кај Градиште

Post Views: 1 Денеска со градежна механизација започна уривањето на парапетчето на брегот на Охридското езеро во близина на автокампот Градиште.  Градоначалникот Константин Георгиески сподели фотографии на социјалните мрежи од активностите за уривање. „Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување. Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид.“ – напиша Градоначалникот Константин Георгиески на фејсбук....

Continue reading

Повлечена точката за легализација на диво градби во АК Градиште

Post Views: 5 Симната од дневен ред предлог одлуката за донесување урбанистичко планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во КО Пештани. Образложение за ваквата одлука даде в.д градоначалникот Константин Георгиески. „Легализација на објекти во автокампот „Градиште“, од формално правен аспект службите солидно го изработиле предметот, набавено е мислење од НП „Галичица“ и министерството за животна средина, кои се позитивни.Позитивно мислење добивме и од Комисијата за денационализација, но со оглед на тоа што сега таа е разрешена, точките ќе ги повлечеме и ќе...

Continue reading

ЗГ „Оревче“ : Да се отфрлат предлог одлуките за легализација на бесправно изградените објекти во АК Градиште

Post Views: 0 Отфрлање на предлог одлуките за легализација на бесправно изградени објекти во авто кампот Градиште на утрешната седница на Совет, бараат од здружението на граѓани „Оревче“. Стотина семејства од Пештани сопственици на 100.000 метри квадратни имот во најатрактивниот камп Градиште ги повикуваат советниците од позиција, опозиција и независните да ја поддржат нивната правна битка за враќање на нивните национализирани имоти која ја водат долги години. „ Не сакаме легализација на објектите. Законот е дециден. Со донесување на законот за денационалзиција во 2000 година во член...

Continue reading

Вања Иванова од Бугарија го пронајде скриеното богатство на Градиште

Post Views: 14 Малото некогашно праисториско наколно живеалиште „Заливот на коските“ во Градиште, секоја година крие богатство за посетителите. Годинава дел од традицијата за пронаоѓање на охридскиот бисер изработен од фамилијата Филеви, беа туристките од Бугарија. Овој прекрасен настан кој секоја година се организира во пресрет на празникот на жената 8 ми март, не само што претставува своевидна атракција туку и ден кој засекогаш останува во спомен. Така го доживеа и младата туристка од Бугарија, Вања Иванова која беше најсреќна и го пронајде клучот на богатството. „Изненадена сум,...

Continue reading

ВИДЕО: Комбе заглави во езеро на плажата Градиште

Post Views: 0 На социјалните мрежи се појави видео од плажата Градиште во Охрид. На видеото кое се појави на инстаграм брзо се прошири и на другите социјални мрежи. На видеото може да се види како комбе е влезено во Охридското езеро. Според првични информации на социјалните мрежи човекот пробал да извлече чамец, но брановите го зафатиле и се заглавил. Граѓаните кои се најдоа на плажата се обидуваа да му помогнат и да го извлечат од езерото. Погледнете го видеото на следниот линк

Continue reading

Смртен случај во Градиште

Post Views: 2 Синоќа во автокампот Градиште било пронајдено безживотно тело на 19 годишно момче. Според првичните информации врз телото на момчето немало траги на насилство. Се претпоставува дека се работи за природна смрт.Точните информации ќе ги покаже увидот кој е во тек.

Continue reading

Двајца охриѓани физички нападнале нивни сограѓанин кај Градиште

Post Views: 5 СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(23) и С.К.(21), двајцата од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство”. -Тие, на 26.06.2021 година, во угостителски објект лоциран во авто кампот “Градиште”, физички го нападнале В.С.(27) од Охрид и му нанеле тешки телесни повреди, а кај присутните гости, предизвикале страв и несигурност.-се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

gradiste

Најавите за изградба на туристичка развојна зона кај Градиште ги револтираа мештаните

Post Views: 1 Најавите за изградба на хотелски капацитети на атрактивната локација кај авто кампот „Градиште“ предизвика револт кај жителите од Пештани кои 15 години водат спор со државата за враќање на нивните имоти во Градиште. Хотелите на пет ката кои Министерството за транспорт и врски ги предвидело на површина од над 57 илјади метри квадратни, се дел од планираната туристичка развојна зона за која министерството веќе го објави и нацрт-извештај за стратегиска оценка врз животната средина за урбанистичко планската документација. Пештанци, преку здружението на граѓани „Градиште“...

Continue reading

Тепачка во Градиште, нарушен јавен ред во казино-СВР БИЛТЕН

Post Views: 6 На 11.07.2021 година во 03,10 часот, во казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Т.Р.(30) од Охрид врз Н.М.(41), работник на обезбедување во објектот. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На  11.07.2021 година во 01,30 часот, во авто кампот „Градиште” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу М.Ј.(20) и неговиот брат Ф.Ј.(26), двајцата од Битола. Против двајцата, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава. На 10.07.2021 година во СВР Охрид, пријавен...

Continue reading

Потребна санација на Музејот на вода кај Градиште

Post Views: 22 Музејот на вода кај Градиште се наоѓа во многу лоша состојба. Финансиски средства за поправка на музејот на вода се побарани од ресорното министерство уште минатата година, а се одобрени годинава во висина од 500.000 денари. Наскоро ќе се санираат поситните оштетувања на музејот, а покрупните градежни активности ќе следуваат по туристичката сезона, информира Мишко Тутуткоски, директор на НУ Завод и музеј. „Таму санацијата ќе подразбира многу различни зафати, да се зајакне статиката на мостот, приодната платформа до Музејот на вода, има унишетни делови од инвентарот,...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top