Ознака: градење

Кривична за две лица поради бесправно градење во Охрид

Post Views: 4 СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ч.(38) од Велес и О.К.(47) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „бесправно градење” и „узурпација на недвижности”.Двете, во својство на инвеститори, на стамбен објект лоциран на улицата „Ѓорче Петров” во Охрид, без одобрение, извршиле неовластена доградба и узурпирале државно земјиште – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Стружанец заработи кривична за бесправно градење и узурпација на недвижност

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“ криминалистичката полиција Струга, поднесе кривична пријава против Ш.О. (52) од Струга. По примена пријава од граѓани, извршен е инспекциски надзор од градежна инспекција при општина Струга. Притоа, утврдено е дека  пријавениот Ш.О. како инвеститор на земјиште сопственост на станарите, без одобрение за градба започнал со доградба на приземјето од колективна станбена зграда со димензии 2,3×1,3метри лоцирана на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга. Поради констатирани...

Continue reading

stanica

Стружанец за работи кривична пријава за бесправно градење

Post Views: 1 Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава  против 55- годишен стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот во текот на декември  2015 година, на  катастарска парцела во катастарска општина Струга, како закупец на деловен простор бурекџилница од времен карактер, поставил метална конструкција за настрешница без одобрение за градба. Од страна на градежен инспектор на општина Струга составен е записник и донесено е решение за отстранување  на градбата.

Continue reading

Продолжен мораториумот за градење

Post Views: 2 Со 17 гласови ЗА , Советот на Општина Охрид едногласно ја донесе одлуката за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации, како и за времен прекин на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти. Советниците со тоа го продолжија мораториумот за градење до 01 октомври 2020 година. „И покрај вонредната состојба со епидемијата , градот мора да функционира и да се носат одлуките кои се од витално значење за Охрид. Една таква одлука е продолжувањето на мораториумот за градење. “ – кажа градоначалникот...

Continue reading

Ако продолжи мораториумот за градење Охрид ќе стане мртов град, велат бизнисмените

Post Views: 0 Дел од бизнисмените веќе ги чувствуваат последиците од мораториумот за градење во Охрид кој пред околу 4 месеци беше донесен од градскиот совет согласно препораките на Унеско. Тоа го истакнаа денеска на средба со претставници од Националната комисија за УНЕСКО, Министерството за животна средина и проторно планирање и локалната власт.   „ Најголем проблем кој што постои во Охрид е колекторскиот систем. Не е проблем градбата со запазување на законот за просторно планирање, кој ние го поддржуваме во однос на дозволена катност, одалеченост од брегот и слично, но мислам дека...

Continue reading

Се издаваат маркици и дозволи за градење а никој не мисли на пристапни патишта

Post Views: 3 Во центарот на Охрид , кај старото кино на ул „Даме Груев“, 43 семејства во станбена зграда од денеска не ќе можат нормално да функционираат затоа што им е блокиран пристапот до нивните домови.  На тесниот пролаз до нивната зграда започнаа градежни активности за подигнување нов објект. „Инвеститорот си дојде со некакви решенија за градба. Ние од зградава се консултиравме со адвокати и со општината. Велат дека документите им се валидни. Ние немаме ништо против градбата , ние само прашуваме како 43 семејства од зградава како би функционирале , па нека е и месец дена како...

Continue reading

Донесен Мораториум за градење и во Струга

Post Views: 0 Струшките советници едногласно дадоа зелено светло за Мораториумот за градење и за Акцискиот план во кој се опфатени сите постапки и активнсоти со кои ќе се исполнат препораките на Комитетот на светско културно наследство. И покрај тоа, дел од советниците се песимисти дека ќе се имплементира Акцискиот план во пракса. „Тие се одлуки од Унеско и нема отстапки. Дали ќе се реализираат од Владата и општината јас сум песимист. Немаат капацитет да го решат проблемот“, рече Имер Имери од Алијанса за Албанците. Ален Деребан, советник од Вмро Дпмне, вели дека тие како советници...

Continue reading

Од денес во Охрид на сила стапува мораториум за градење

Post Views: 2 Во Охрид од денес стапува на сила мораториум за градење. Тоа е одлука на мнозинството охридски советници на Градскиот совет во Општина Охрид со што се постапува по Заклучоците од 146 седница на Владата за прогласување мораториум на градежните активности.Oхридските советници покажаа единство за клучни теми важни за  градот, рече градоначалникот Константин Георгиески. „ Тоа значи од денес се воведува времен прекин на спроведување и донесување на Урбанистички планови, Урбанистички плански документации, Архитектонско урбанистичко проектирање на територија на општина Охрид....

Continue reading

Кривична за лице од Велешта поради „бесправно градење“

Post Views: 9 ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.В. (64) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.Тој на сопствена парцела на улицата „Наум Наумовски-Борче” во Струга изградил објект за домување спротивно на основниот проект и  без дозвола за градење добиена од надлежни институции – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Кривична за двајца охриѓани поради „бесправно градење“

Post Views: 3 СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(39) и Б.М.(36), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.Пријавените, на катастарска парцела на улица „Гоце Делчев” во Охрид, без соодветно одобрение за градење издадено од надлежен орган, изградиле два објекти и не го почитувале решението за отстранување на градбата издадено од овластен градежен инспектор – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Неконтролираното градење по крајбрежјето еден од најголемите предизвици со кои треба да се справат Охрид, Струга и Поградец

Post Views: 7 После милиони години постоење најстарото и најбистрото езеро во Европа   денес се соочува со бројни предизвици. Прекумерната урбанизација,  неводење грижа за автохтоноста на брегот на Охридското езеро, негрижата  за природните реткости и биодиверзитетот , како и загадување со отпад .Првите луѓе на трите градови на брегот, денес на Денот на Охридското езеро,  по традиција најавија  поголема грижа и заштита на еко системот, но и заедничка битка со бројните предизвици.   Клучен проблем се дивоградбите в долж крајбрежието. Општините Охрид и Поградец  веќе започнаа ревизија...

Continue reading

Охрид СОС: Продолжува издавањето на одобренија за градење на охридското крајбрежје

Post Views: 5 Не е испочитувана една од една од клучните препораки на УНЕСКО: прогласување на мораториум на сите градежни модификации на крајбрежјето и урбаното подрачје во рамките на Светското наследство, сè додека не се изработат сите релевантни плански документи, обвинија деновиве активистите на граѓанската иницијатива Охрид СОС. „Може да се забележи дека се продолжува со градењето и издавањето одобренија за градење на крајбрежјето, а легализацијата на бесправно изградени објекти се практикува во континуитет со што урбанизацијата во регионот слободно може да се констатира дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top