Ознака: годишно

погребна кола

13-годишно момче од Србија почина од Ковид-19

Post Views: 8 Во Србија, соочена со предупредувачки висок тренд на смртни случаи и нови инфекции во петтиот бран, се зголемуваат барањата да се воведе 24 часовна важност на Ковид – пропусниците, а не како сега по 22 часот. Бројот на нови заразени од почетокот на септември постојано е над 5.000 на дневна основа, а најмногу заразени од почетокот на пандемијата се регистрирани на 28 септември – 8467. Оваа вест изминативе денови беше проследена со извештаи од детските болници за четири бебиња на респиратори. 13-годишно момче за кое било потврдено дека има Ковид-19 пред еден месец,...

Continue reading

Операција на тумор

Отстранет тумор кај 17 годишно момче

Post Views: 25 Министерството за здравство информира дека на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ беше оперирано 17-годишно момче со тумор на десната подлактица.Тимот хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава. Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со трауматски повреди, тумори и други дијагнози...

Continue reading

34-годишно лице од Гостивар е жртвата од вчерашната сообраќајка

Post Views: 1 На 04.09.2021 околу 15,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселски гробишта во с.Ново Село се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.М.(41) од Охрид, патничко моторно возило “бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(23) од с.Радиовце-тетовско, и товарно моторно возило “фургон сангјонг“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(32) од с.Д.Бањица-гостиварско. На местото на незгодата починал сопатникот од товарното возило...

Continue reading

погребна кола

15-годишно девојче почина од Ковид-19

Post Views: 3 Петнаесетгодишна пациентка од селото Селце, Тетовско, починала денеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопшти Министерството за здравство со голема жалост.Пациентката со многу тешка клиничка слика била донесена на Инфективната клиника откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, а пациентката била со обезитас, соопшти Министерството. Како што додаваат оттаму,...

Continue reading

22-годишно момче ќе добие бубрег од починат донор

Post Views: 5 На Клиниката за урологија утрово во осум часот по раководство на доктор Сашо Дохчев, започна трансплантацијата на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлантацијата од починат донор, информираат од Министерството за здравство.Тимовите на доктор Сотир Ставридис и доктор Александар Трајановски после полноќ завршија со експлантација на бубрег и коскени ткива од 28-годишен починат донор, чие семејство несебично се согласи да ги донира органите. Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај 22-годишно момче. Коскените ткива ќе бидат...

Continue reading

24-годишно момче од Ресен почина од Ковид-19

Post Views: 1 Од Министерство за здравство за 24 годишниот пациент од Ресен кој почина како последица на Ковид-19 велат дека тој на инфективното одделение во болницата во Битола бил примен на 24 август како суспектен на болеста. Пациентот, според министерството, имал ниска сатурација и отежнато дишење, биле направени сите потребни лекарски проверки, притоа тој имал масивна бронхопневмонија, ниска сатурација и веднаш му била дадена терапија и бил ставен на кислородна поддршка.Откако ја примил терапијата, пациентот одбива да остане на болничко лекување, иако запознаен со сериозноста...

Continue reading

21-годишно момче почина од ковид-19

Post Views: 1 Дваесет и едногодишно момче е меѓу шестмината пациенти кои починаа од КОВИД во тетовската болница изминатите 24 часа. Како што вели координатор во КОВИД центарот, Гзим Нуредини, од седум часот вчера до седум часот утрово, на болничко лекување се примени вкупно 17 лица, а деветмина се отпуштени од болничко лекување.Имаме починати шест лица од кои најмладиот е на 21 година. Бројот на вкупно хоспитализирани е 123 лица од кои една доза вакцина имаат само осум лица, а две дози само седум луѓе – информира Нуредини.За преглед или контрола во амбулантата на ковид-центарот...

Continue reading

Гром усмрти 25 годишно момче од Тетовско

Post Views: 3 Дваесет и пет годишниот Е.О. од тетовско Долно Палчиште вчера бил пронајден починат. Од СВР Тетово информираат дека вчера во 19:25 часот било пријавено дека во месноста „Карабунар“, атар на тетовски Урвич, бил пронајден Е.О., кој бил усмртен од удар на гром. –Смрт констатирал лекар по судска медицина, а Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. По наредба на Јавниот обвинител телото било предадено на семејството.

Continue reading

Пронајдено исчезнатото 4-годишно девојче од Австралија, киднаперот уапсен

Post Views: 8 Четиригодишно девојченце кое исчезнало од камп во Австралија пред повеќе од две седмици е пронајдено и е вратено на родителите, откако полицијата го спасила од заклучена куќа.Еден од полицајците ја зема во прегратка и ја праша како се вика. „Се викам Клео“, одговори – изјави заменикот на полицискиот началник на сојузната држава Западна Австралија на локалната телевизија.Клео е најдена на 70-тина километри од Карнарвон, а поради нејзиното исчезнување уапсен е 36-годишен маж кој ја киднапирал. Се работи за маж кој не е сексуален престапник ниту од претходно ѝ...

Continue reading

Убиено 14-годишно дете во Приштина

Post Views: 2 Дете на 14-годишна возраст е убиено утрово во Приштина, во близина на училиштето во кое учело, јави дописникот на МИА од Приштина.Косовската полиција потврди дека ученикот на 9-то одделение, со иницијали Р.Х., во основното училиште „Хилми Раковица“ во Приштинската населба Врањевац починало како последица на повреди здобиени од остар предмет (нож). Засега нема официјални информации за уапсени лица, но телевизијата Т7 јави дека едно малолетно лице е приведено во полиција во врска со случајот. На местото на настанот, во близина на училиштето каде што се случи убиството,...

Continue reading

Trajko Slaveski

Министерот за финансии на годишно собрание на ЕБОР

Post Views: 10 Министерот за финансии Трајко Славески, денеска и утре ќе учествува на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој, што се одржува во Лондон Славески, како гувернер на Република Македонија во ЕБОР, ќе учествува во работата на заседанието на Бордот на гувернери, при што ќе има обраќање во име на државата. Покрај тоа, за време на Годишното собрание, македонскиот министер за финансии ќе оствари повеќе средби со високи претставници на меѓународни финансиски институции, како што се ЕБОР, Европската инвестициска банка и Банката при Советот на Европа. Најавено...

Continue reading

9-годишно дете почина во несреќата со жичарницата во Италија

Post Views: 1 Момчето беше итно пренесено со хеликоптер во болницата во Торино, заедно со повредено 5-годишно момче, кое сега е единствениот патник кој го преживеа падот на кабината. Во несреќата загинаа 14 лица. – Направивме се што можевме, но по неколкучасовни обиди, не успеа. – рекол директорот на болницата.Меѓу жртвите има и други малолетни лица, пишува „Ла република“. Најголем дел од загинатите се Италијани или странци со престојувалиште во Италија. Петгодишното момче има повреди на главата и прелом на ногата и како што пренесуваат медиумите, засега никој не се јавил да го побара...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top