Ознака: ветувања

ГДУ: Лажните предизборни ветувања стануваат се понормална и бесрамна традиција

Post Views: 4 Лажните предизборни ветувања стануваат се понормална и бесрамна традиција, обвинуваат од охридскиот огранок на Граѓанско демократската унија. Претседателот на ГДУ, Даниел Јорданоски денеска на прес конференција се осврна на  вчерашната најави од охридската локалан самоуправа за нов проект  изградба на баскет игралиште во некогашната касарна „Михајло Апостолски“. Јорданоски кажа дека замислата е добра но изрази сомнеж дека  Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт ќе го реализираат тој крупен спортски проект како што тоа било случај со ветениот и нереализиран ултра...

Continue reading

Кичеец : Слушаме само ветувања, а никаква одговорност од двете партии кои 30 години се менуваат на власт

Post Views: 2 Од почетокот на кампањата за локалните избори се слушаат само ветувања, а никаква одговорност од двете политички партии кои триесет години се менуваат на власт, истакна на прес конференција Леона Кичеец кандидатка за советник од независната листа „Охрид пред се“. Ние, како нов и независен политички субјект, на самиот почеток истакнавме дека една од нашите примарни задачи во идниот Совет на општина Охрид ќе биде да ја потсетуваме власта на нејзините нереализирани капитални ветувања за Охрид, посочи Кичеец.  Во февруари 2014 година ВМРО вети дека до крајот на 2018 година...

Continue reading

Донев: Охрид не е создаден за лаги и неостварените ветувања на СДСМ

Post Views: 1 На 5 мај Охрид и охриѓани имаат можност конечно да стават крај на политиките на СДСМ и Константин Георгиески кои скоро две години ги лажат и манипулираат. Охрид не е создаден за лаги и неостварените ветувања на СДСМ.  Охрид е создаден за градоначалник кој ќе ги решава секојдневните проблеми на охриѓани, кажа на прес конференција, претседателот на ок на ВМРО ДПМНЕ , Сашо Донев. Понижување и омаловажување е да се условуваат граѓаните да гласаат за да им се асфалтира некоја улица, или да им се дозволи нешто незаконско.- рече Донев. “Совеста ќе биде коректор и за враќањето...

Continue reading

Пецаков: Нема ништо од големите ветувања на градоначалникот Јован Стојаноски

Post Views: 9 Нема ништо од големите ветувања на градоначалникот Јован Стојаноски, обвинија на денешната прес конференција од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот на партијата Кирил Пецаков истакна дека во изминативе 100 дена од мандатот на градоначалникот Јован Стојаноски и Локалната власт на СДСМ, виделе само хаос, неспособност и понжување. „Ништо не направи, општинските служби ги остави ништо да не работат, имаме само една недовршена патека во дворот на општината, имаше средба со лице за кое што јавноста ја излажа дека е шеик. Политичките и непринципиелни одлуки и овој пат не го заобиколија...

Continue reading

Каневчев: Ветувања и нарушени меѓучовечки односи

Post Views: 3 Откако започна Изборната кампања, секојдневно партиите и коалициите заострувајќи ја реториката кон политичките противници ги продлабочуваат стравот и омразата кај народот. Секојдневно мафтаат со некакви напишани програми, кој со сини, кој со црвени корици, а освен промена на бојата не слушаме ништо ново. Како мислат да ги исполнат сите свои ветувања со нарушени меѓучовечки односи?, кажа на денешната прес конференција , кандидатот за пратеник од Коалицијата ВМРО за Македонија, Валдимир Каневчев. „Како значаен дел од новата Влада на Република Македонија (секако дека ниту...

Continue reading

semafor

И забаено и забораено

Post Views: 3 Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“ и понатаму опасна по безбедноста на пешаците. И покрај безбројните ветувања од надлежните, веќе десеттина години семафорите кои се поставени на улицата не се во функција и сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација. Учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Тие бараат под итно да се пуштат семафорите во функција. Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски вели дека...

Continue reading

sdsm

Кузески:одговорните лица во ДПМНЕ даваа лажни ветувања за здравствените услуги

Post Views: 6 Непосредно пред вонредните парламентарни избори, одговорните во општата болницата се пофалија дека купиле најсoфистициран 4Д ултразвучен апарат за ран скрининг на плодот. Нека и објаснат сега на јавноста кој гинеколог е сертифициран за таков ран скрининг на плодот и каде се вршат таквите прегледи, кажа портпаролот Александар Кузески на пресот на ОО на СДСМ. Кон средината на септември минатата година истиот тој менаџмент на охридската општа болница изјави дека е направена првата лапароскопија во Охрид – ги прашуваме: колку лапароскопии се направена оттогаш во Охрид?!...

Continue reading

pat

Десет години празни ветувања

Post Views: 0 На жителите од зградите кај болничкиот комплекс веќе им е преку глава од празни ветувања. Десет години чекаат за да добијат основни услови за живот. За да стигнат до нивните домови мора да поминуваат низ општата болница. Станарите од овие згради се жалат дека покрај тоа што газат во кал до колена и навечер дома си одат со батериска ламба,  не се приклучени и на канализациона мрежа. Револтирано велат дека живеат како да се во 19ти а не во 21ви век.Од Локалната знаат за состојбата во која се наоѓаат овие наши сограѓани. Објаснуваат дека најголема причина што досега не...

Continue reading

OK VMRO DPMNE

Осум години лаги и манипулации

Post Views: 1 Согледувајќи ги изминатите осум години од работењето на Александар Петрески и СДСМ во Охрид можеме да кажеме дека тоа беше време на лаги измами и бесмислени  манипулации, рече денес на пресс конференција Харалампие Шокаровски, пратеникот од редовиоте на ВМРО ДПМНЕ. Тој потенцираше дека доколку Петрески ги негира обвинувањата за нереализираните ветувања тие се тука да го потсетат што се ветил, а неостварил. Дел од лажните ветувања се  и реализацијата на програмата за рурален туризам, изградбата на современ пазар и современа автобуска станица како и изградба на регионален...

Continue reading

otpor

Срамно е Охрид, град на културата да нема библиотека, протестираа опозиционерите

Post Views: 1 Едночасовен протест пред националната установа библиотеката Григор Прличев, одржаа поголема група на опозиционери. Дојдовме  тука за да ја потсетиме јавноста за проблемот со кој се соочува општина Охрид и нејзините граѓани, а тоа е немањето  библиотека, рече пред присутните  пратеникот Митре Вељаноски. „ Дојдовме да ја потсетиме министерката за нејзините лажни ветувања. Тоа е одлика на оваа влада во сите изминати години.  Срамно е Охрид, град на културата да нема библиотека. Пропаѓаат 150.000 книги сместени во пакети и на 150 метри квадратни во овој простор, книги со...

Continue reading

plostad

Четири години празни ветувања

Post Views: 1 И после четири години од дадените ветувања дека на просторот на некогашната библиотека ќе се гради плоштад, нема ништо на повидок. Локалната самоуправа и Заводот за заштита на спомениците уште тогаш започнаа реализација на заеднички проект за овој дел од градот. Во планот е предвидено овој простор да биде оплеменет со зеленило и клупи за седење како охриѓани би добиле едно пријатно катче за одмор. Вие знаете дека Советот изгласа и изградба на споменик на Христо Узунов кој ќе биде поставен токму на ова место.  Постојано сме во комуникација со директорката на Завод и музеј...

Continue reading

vnro dpmne

Туристичка сезона за „паметење“

Post Views: 5 Најслаба туристичка сезона досега, тврдат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Од таму велат дека за жал Градоначалникот Александар Петрески и Локалната самоуправа не превзеле никакви мерки за подобрување на квалитетот на туристичката и угостителската дејност. Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ рече дека жртвата од ваквиот нивен игнорантски став кон промоција и подобрување на квалитетот на туристичката сезона  не се само граѓаните на Охрид туку и сите домашни и странски туристи кои доаѓаат да го посетат нашиот град. Тој запраша дали на Градоначалникот...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top