Ознака: весникот

Закани дека ќе ги затворат

Post Views: 6 Обвинети сме за загрозување на националната сигурност, рекол заменик главниот уредник на „The Guardian”, Пол Џонсон, додека на главниот уредник на весникот му било речено дека премиерот, заменик премиерот, шефот на дипломатијата, и главниот обвинител имале проблем поради „The Guardian”, пренесува агенцијата AFP. Британската тајна служба се заканила дека ќе го затворои весникот поради објавување на документи за американското масовно прислушкување кои им ги доставил одбегнатиот американски разузнувач Едвард Сноуден. Британските и американските функционери потполно различно...

Continue reading

platforma

Почна британско-шкотската „војна“ околу нафтата

Post Views: 2 Шкотскиот премиер Алекс Салмонд ја нарече британската влада „крадец на црното злато” на Шкотска, пишува весникот Индипендент. Салмонд, поранешен економист  во областа на енергетиката, во говорот пред Домот на општините излезе со низа обвинувања упатени на адресата на британската влада. „Лесно беше Вестминстер да ги пополнува дупките во британскиот буџет во последните 40 години, земајќи ги нафтата и гасот на Шкотска. Тие ни велат дека нафтата во Северното Море би била подобро стопанисувана  од голема земја како Велика Британија , наместо мала земја како Шкотска....

Continue reading

Ле Монд

И французите прислушувани

Post Views: 1 Весникот „Ле Монд“ пишува за огромна програма на тајната служба за надгледување на електронската комуникација. Француската тајна служба ДГСЕ, според информации на весникот „Ле Монд“, ги собира систематски податоците од телефонските комуникации, СМС пораките и имејл пораките кои се пренесуваат преку француски врски. Се собираат и податоците упатени до компјутери во странство, како и она што се пишува на социјалните мрежи како Твитер или Фејсбук. Сето тоа се чува со години без каква било правна контрола, пишува весникот. Се собираат и податоците упатени до компјутери...

Continue reading

toni bler

Тони Блер се „опуштил“ на државна сметка

Post Views: 2 Поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер не се воздржувал д аужива на сметка на државата, пишува британски „Телеграф“. Според весникот, електронската пошта до која дошол весникот, покажала дека поранешниот премиер Блер удобно се сместил во резиденсцијата на Амбасадата на Британија на Филипините за време на приватна посета. Весникот наведува дека добил е -мејл од кој се гледа дека Блер во Манила отпатувал со приватен авион. Посетата се случила по две години, откако завршил премиерскиот мандата на Блер. {loadposition content9}

Continue reading

logo

Доделени „Пулицеровите награди“

Post Views: 3 Весникот „Њујорк тајмс“ ги освои овогодишните Пулицерови награди, вклучително за меѓународна репортажа на Дејвид Барбоса, кој откри случај на корупција на највисоко ниво во државната управа на Кина. „Њујорк тајмс“ ја доби и наградата за истражувачка сторија, со која се открива како синџирот продавници „Волмарт“ плаќал поткупи, за да стане доминантен на пазарот во Мексико. Агенцијата Асошиејтед прес го доби Пулицер за новинарска фотографија за граѓанската војна во Сирија. Пулицер се доделува секоја година од Колумбискиот универзитет по препорака на комисија новинари и...

Continue reading

logo

Канонада од хакерски напади врз „Њујорк тајмс“

Post Views: 1 „Њујорк тајмс“ соопшти денеска дека кинески хакери упорно ги напаѓаат неговите компјутери изминатите четири месеци, откако го објави тесктот за богатството на семејството на премиерот Вен Џијабао. Весникот нагласува дека нападите се совпаѓаат со неговите извештаи од минатиот октомври, во кои се наведуваше дека семејството на Вен акумулирало најмалку 2,7 милијарди долари „скриено богатство“. Пекинг на ова одговори дека весникот го клевети името на Вен и оти за тоа има „злобни мотиви“.  – Изминатите четири месеци кинеските хакери упорно го напаѓаа „Њујорк тајмс“,...

Continue reading

afera

Љубовница на Кенеди објави скандалозни мемоари

Post Views: 4 Триесет и пет години пред аферата на Бил Клинтон со Моника Левински, во 1962 година тогашниот претседател Џон Кенеди имал врска со 19-годишната стажантка Мими Олфорд, пишува весникот „Фигаро“.Мими денес има 69 години и раскажува за познанството со претседателот во својата книга. Претставувањето на мемоарите ќе биде во среда. Книгата е насловена „Беше еднаш една тајна – мојата врска со Џон Кенеди и последиците од неа“. Извадоци од книгата денеска се објавени во американски изданија. Во мемоарите Мими споменува дека летото 1962 година успева да добие стажанство...

Continue reading

spiderman

Децата во Турција бараат да се забрани Спајдермен со Устав

Post Views: 7 Турските деца побарале саканиот суперхерој на многу деца низ светот – Спајдермен, да се забрани во новиот Устав на земјата, соопштува електронското издание на весникот „Јени шафак“.Во рамки на иницијативата на Министерството за семејство и социјална политика и УНИЦЕФ деца од сите турски окрузи, на возраст меѓу 10 и 13 години, пристигнале во Анкара, за да ги кажат своите очекувања од новиот Устав на Турција. Незадоволни од насилството во детските филмови, некои од децата побарале во новиот Устав да се забрани Спајдермен. Други детски предлози, пак, биле забрана...

Continue reading

Majkl Mur

Мајкл Мур киднапиран од сомалиски пирати

Post Views: 4 Сомалиски пирати го киднапирале познатиот американски писател и новинар Мајкл Скот Мур, пишува локалниот весник „Сомалија рипорт“.Инцидентот се случил во близина на градот Галкајо во централниот дел на Сомалија на 21 јануари, кога пирати од кланот „Саад“ со два џипа го киднапирале Американецот, кој патувал кон аеродромот, за да се сретне со пријатели. Според весникот, по киднапирањето Мур бил префрлен во пристанишниот град Харардере, кој се смета за една од главните бази на сомалиските пирати.{loadposition content9}

Continue reading

podaroci

САД: Седуммина убиени додека ги отварале божиќните подароци

Post Views: 1 Седум лица биле убиени во стан во Тексас, САД додека ги отворале своите божиќни подароци вчераутро, известила локалната полиција, објавува весникот “Лос Анџелес Тајмс“. Полицијата верува дека меѓу починатите е и убиецот.Четири жени и тројца мажи, на возраст од 18 до 60 години, се пронајдени во дневната соба од станот кога полицијата влегла вчера околу 11,30 часот. Покрај телата на убиените биле пронајдени два пиштоли. “Изгледа дека го прославувале Божиќ. Подароците беа отворени“, изјавил шефот на локалната полицијата. Убиените лица се уште не биле идентификувани.

Continue reading

porno

Портпаролот на Меркел ги упати приврзаниците на порнографски сајт

Post Views: 13 Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт направи гаф, испраќајќи илјадници приврзаници на канцеларот Ангела Меркел на порнографска страница, пишува весникот „Кориере дела сера“. Зајберт адресирал соопштение до 40 илјади приврзаници на Владата на Твитер, кое содржело линк, со кој тие можеле да се поврзат со страницата на Владата, на која била објавена изјава по повод објавеното ослободување на Либија. Наместо да го копира линкот на својот сајт на Твитер, владиниот портпарол го напишал рачно и на тој начин направил грешка. Приврзаниците на Владата се изненадиле...

Continue reading

kidnap

Белграѓанец го киднапирал и мачел љубовникот на својата сопруга

Post Views: 11Белграѓанец, заедно со уште неколку свои пријатели, како на филм, го киднапирал љубовникот на својата сопруга, во саботата навечер. Грабнувањето се случило на паркингот пред хипермаркетот “Метро“, во белградската населба Котеж, додека Драган Ј. разговарал со приватниот детектив Владимир С. (48). Додека двајцата стоеле одненадеж пред нив застанале два автомобила, од кои истрчале неколку момчиња. Грабнувачите ги ставиле своите жртви во багажниците од возилата и со голема брзина ги однеле во шума во непосредна близина на Котеж. “Таму ги тепале и физички се изживувале...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top