Ознака: велосипедска

Велосипедска патека на улицата 7-ми ноември предлага „Чист Охрид“

Post Views: 34 „Чист Охрид“ предлага велосипедска патека на улицата „7ми Ноември“. „Улицата „7 ноември“ од кружниот тек кај Центарот за возила Охрид, па сѐ до комплексот Отекс, од двете страни располага со две пешачки површини меѓу кои има зеленило. Веројатно во минатото биле замислени како за пешаци, така и за велосипедисти. Делот кој е веднаш до улицата е идеален за велосипедски патеки, по примерот на булеварот „Туристичка“, но и по примерот на други градови каде има слични решенија.„Како неформална еколошка организација, чија примарна заложба е унапредувањето на животната средина,...

Continue reading

Етна повторно го излea својот бес

Post Views: 0 Од кратерот на вулканот Етна во јужна Италија денес излегла лава и пепел, по синоќешната ерупција заради која е затворен блискиот аеродром во Катанија. Ерупцијата била проследена со неколку помали потреси во текот на ноќните и утринските часови. Лавата се излила во ненаселени области при што не предизвикала поголема штета.Аеродромот во Катанија е затворен бидејќи пистата е целата во прав од вулканската ерупција.Тимови ја расчистувале областа во непосредна близина на вулканот каде во недела треба да се одржи велосипедска трка околу Италија. Етна е највисокиот активен...

Continue reading

Pietro Ferrero

Загина кралот на чоколадото

Post Views: 4 Во велосипедска несреќа, загина првиот човек на чоколадната империја на Нутела, Киндер и Фереро Рошер, 47-годишниот Пјетро Фереро. Несреќата се случила додека Фереро, кој е страстен велосипедист, бил на одмор во Кејптаун, Јужна Африка. Деталите сe уште се оскудни а обдукцијата треба да покаже дали причина за смртта бил пад од велосипед, инфаркт или удар од автомобил. Пред 14 години, тој и неговиот брат Џовани го наследиле бизнисот од својот татко, 84-годишниот Микеле Фереро, 32-от најбогат човек на светот, чие богатство Форбс го проценува на 18 милијарди долари. Пјетро...

Continue reading

Пецаков најавува велосипедска патека Охрид-Свети Стефан

Post Views: 4 Изградба на велосипедска патека Охрид – Свети Стефан ветува Кирил Пецаков, кандидатот за Градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.Со велосипедската патека Охрид – Свети Стефан се овозможува безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба „Свети Стефан“.Охриѓани и гостите со оваа патека добиваат ново место за рекреација на современ и модерен начин и можност да го користат своето време активно практикувајќи здрави навики за возење велосипед. Проектот е и во функција на заштита и унапредување на животната...

Continue reading

Alberto Kontador

Контадор:„Месото е виновно за позитивниот тест“

Post Views: 1 Во анти-допинг лабораторијата во Келн, на тестот кој бил направен на 21 јули во урината на Контадор пронашле „многу мала“ количина на забранетата супстанца кленбутерол. „Ова со што сега се соочувам е јасен случај на контаминација со храна“, рече на денешната прес конференција, која ја организираше во својот роден град Пинто, Алберто Контадор. Шпанскиот велосипедист меѓудругото рече дека месото го консумирал за време на денот предвиден за одмор. Тој тврди дека поплаки на хотелската храна имало од целиот тим кој бил сместен во хотелот во Франција. Времената суспензија...

Continue reading

Започна изградбата на пешачката и велосипедска патека кај каналот Студенчишта

Post Views: 6 Започна изградбата на современа пешачка и велосипедска патека, на потегот од бараките на АД „Трудбеник“ до „Билјанини извори“. Според планот патеката треба да биде направена од природни материјали како што се камени плочи и дрво, а ќе има и атрактивни содржини како што се мали мостови од дрвена конструкција кои ќе се протегаат од пешачката патека до малиот канал и ќе се поврзуваат со спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“. Ќе се исчисти и малиот канал , ќе се постават платформи кои ќе се дрвени и ќе служат за пристапување на пловните објекти и неколку видиковци....

Continue reading

Потребна е добра велосипедска инфраструктура за поголема безбедност за велосипедистите

Post Views: 0 Како најдобро да се заштитиме себе си и другите кои користат алтернативни форми на мобилност, беше синоќешната тема на едукативна трибина за младите, организирана од Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот. На трибината стана збор за тоа како зголеменото користење на алтернативните форми на мобилност, велосипеди, ролери, или пешачењето, можат да придонесат до намалување на ризиците во сообраќајот. Љупчо Ставрески претставникот на Републичкиот совет за безбедност појасна што прави Републичкиот Совет во таа насока. „Се додека не се сменат неколку фактори, едниот...

Continue reading

патека Загреб

Та не сме саде ние, та не сме саде тука

Post Views: 8 „Уште една бесмислена велосипедска патека“ со овие зборови започнува написот на Dnevnik.hr по повод реакциите на Здружението на велосипедисти за начинот на кој се исцртуваат велосипедските патеки во Загреб. Градските власти се фалат со велосипедските патеки низ Загреб но во нивното изработување не се запазуваат меѓународните стандарди. Пример за тоа е најновата патека на плочникот на Савска.- реагирале од здружението. „Овие жолти линии не се од корист за велосипедистите. Единствен резултат ќе биде додавање на дополнителна напнатост бидејќи создаваат илузија дека велосипедистите...

Continue reading

Втора велосипедска тура во Дебрца

Post Views: 3 Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја започнаа Втората велосипедска тура во Дебрца, која годинава се вози од село Годивје до Бабин Срт ( 2241 м.н.в. ) , врвот на Стогово и назад. -Поздравувајќи ги учесниците, посебно истакнав дека општина Дебрца располага со идеални терени за организација на планински велосипедизам, а особено пределот на Славеј планина, Алипашица, Караорман, Лисец, Стогово со Бабин Срт, со своите природни убавини и недопрена природа е еден од најдобрите во Македонија за организирање на планинска велосипедска тура. Посебна...

Continue reading

den na ezero

Велосипедска тура, јога на плажа, еко акции за чистење на брегот по повод Денот на езерото

Post Views: 1   Охриѓани масовно ќе го одбележат 21ви јуни, Денот на Охридското Езеро. 15 години откако е воспоставен со заеднички сили на претставниците на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Македонија и Албанија годинава по  шеснаесетти пат ќе се потсети на значењето на постоењето, но и заштитата на езерото. „Шеснаесет години подоцна се соочуваме со нови предизвици кои произлегоа овие години најмногу за интересот на економски развој на општините од двете страни и кои предизвици ќе бараат од нас дополнителни напори и дополнителни вложувања за да можеме да...

Continue reading

Велосипедистите повторно апелираат за изградба на безбедна велосипедска патека на стариот пат Охрид Струга

Post Views: 0 Безбедна велосипедска патека на стариот пат Охрид Струга, бараат велосипедистите. Апелот доаѓа, откако пред неколку денови повторно беше тешко повреден велосипедист од Струга на патот Охрид Свети Наум, кај населбата Елешпец. Претпоследната тешка сообраќајка на стариот пат кон Струга кај Подмолје , во која   животот го загуби 17 годишен велосипедист од струшко Ливада  се случи пред два  месеци.   Спортистите се жалат, велат немаат рекреативни патеки за тренинг, па најчесто тренираат на стариот пат мегу двата градови. Тој сообраќајен  правец е потполно небезбеден, често...

Continue reading

velosipedska pateka

На Охрид му е потребна велосипедска инфраструктура

Post Views: 1 Освен на булеварот „Туристичка“ во градов нема обележани велосипедски патеки ниту пак уредени паркиралишта за точаци и друга велосипедска инфраструктура. Граѓаните реагираат дека патеката на булеварот Туристичка во делови е избришана а на делови се вратени назад контењерите врз патеката. А на добар дел од неа се паркираат автомобили. Факт е дека во општина Охрид не постои велосипедска инфраструктура, но и основна култура на третирање на велосипедистите и пешаците како рамноправни учесници во сообраќајот, вели Жанко З`Ш Голабоски од ВК З`Ш Точак. Тој смета дека итно треба...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top