Ознака: ваквите

oktisi

Oктишани се грижат за своето здравје

Post Views: 62 Контрола на здравјето на октишани. Медицински екипи денес вршеа испитување на холестерол и шекер во крвта, а воедно мереа и крвен притисок, на мештаните од Октиси струшко. Луѓето соработуваат и задоволни сме од одзивот изјави д-р Боро Пешиноски, директорот на Здравствениот дом од Вевчани. „Овие акции се спроведуваат континуирано неколку години и има доста заинтересираност од населението, им нудиме поблиски контакт со нас. На ваквите контроли детектираме аномалии доколку ги има со цел на пациентите да им укажеме што понатаму“. Бројката од 12 000 превентивни прегледи...

Continue reading

dijabet karavan

Дијабет карван во Струга

Post Views: 0 „За здравје се потребни двајца“. Ова е мотото на караванот на дијабет кој е во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, заедно со Министерството за здравство. Тие денес беа во Струга. Бесплатни совети и мерење на шекер во крвта. Стружани денес беа дел од карванот на дијабет кој годинава е под мотото „За здравје се потребни двајца“. Овој карван предизвика голема заинтересираност кај граѓаните на општина Струга, бидејќи пред влезот на подвижната дијабет амбуланта имаше голема редица на пациенти. Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари...

Continue reading

Stefan Fule

Штефан Филе доаѓа во Скопје

Post Views: 9 Еврокомесарот Штефан Филе не издржа- доаѓа утре во Скопје заедно со известувачот во ЕП, Ричард Ховит и Јижи Бусек. Целта е да направи клучен притисок околу политичката криза во земјата, за да како што најавија од Брисел, Македонија да добие позитивен извештај во април. Иако се очекуваше посетата на известувачот Ричард Ховит да се случи денеска, тој до пладнето се` уште беше во Брисел и учествуваше на состанок на НАТО за Авганистан. За утре пак беше најавено и враќање на вицепремиерот Фатмир Бесими во Брисел, за да се сретне со Стефано Санино, па ваквите збунувачки најави...

Continue reading

oblozuvalnica

Ќе се менува Законот за игри на среќа

Post Views: 15 Сопствениците на казина, клубови со автомати и обложувалници добиваат нова давачка. Наместо досегашните 4 % од секоја уплата кои ги плаќаа на државата, сега ќе плаќаат паушал од 100 000 денари за секој уплатен објект. Ова е само преодно решение кое ќе важи во текот на оваа година. Вицепремиерот и Министер за финансии, Зоран Ставрески излезе со нов предлог Закон за игри на среќа. Овој закон ќе биде поднесен во Собранието на Р. Македонија и се очекува да биде донесен во наредните месеци. Истиот ќе стапи во сила на 1ви Јануари 2012 година. Новиот закон вклучува значајни...

Continue reading

sneg na patishtata

Укината забраната за товарни возила

Post Views: 1 Забраната за товарни возила на планинските превои Стража и Маврово е укината и сега овие два превои се отворени за сообраќај за сите видови на моторни возила, информираат од Авто мото сојузот. Сепак сеуште има остатоци од снег на коловозот и движењето е отежнато, па затоа се препорачува прилагодена брзина на движење на ваквите услови. {loadposition content9}

Continue reading

agencija

Отворени денови и во Охрид

Post Views: 11 Охриѓани денес имаа можност да се информираат за активните мерки за вработување. Во подрачната единица на Агенцијата за вработување се одржа отворена средба помеѓу граѓаните и  директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски. Таа е дел од отворените денови кои ги спроведува Агенцијата со цел да се утврди дали се применува оперативниот план за активни мерки и програми за вработување согласно насоките коишто ги дава. Директорот на Агенцијата рече дека сака да ги сослуша невработените лица, со какви проблеми се соочуваат при имплементацијата на мерките. Присутните...

Continue reading

svr

Приведен 24 годишен охриѓанец за сексуална злоупотреба на малолетник

Post Views: 5 Приведен  24 годишен охриѓанец за сексуална злоупотреба на малолетник. Во почетокот на ноември минатата година,  пријавениот креирал лажен фејсбук профил и воспоставил контакт со 13 годишен ученик од Охрид. Во меѓусебната комуникација на оштетениот му кажал дека има 24 години и дека ќе му даде мобилен телефон „Ајфон“ доколку дојде во неговиот дом лично да се запознаат. Притоа си разменале и телефонски броеви. „ Средбата  се остварила во семејната куќа на приведениот каде што се случил половото дејствие. Најнапред со убави зборови, а потоа и со закани се обидел да го...

Continue reading

advokati

Македонските адвокати со австриски искуства за примена на современа технологија во работењето

Post Views: 1  Македонските адвокати ќе влечат австриски искуства за примена на современи технологии во адвокатското работење. Ваквите искуства, според претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Никола Додевски во голема мера ќе придонесат во унапредувањето на двањето на правна помош од страна на адвокатите. 17Ина адвокати од македонската комора денес на заедничка средба австриските искуства во оваа област ги слушнаа лично од претседателот на Австриската комора на адвокати. „Кај нив има интересни искуства околу ангажманот на адвокатите во земање на тестаментални изјави на...

Continue reading

kontejner

Полни раце работа за ЈП „Комуналец“

Post Views: 3 Градов полека, но сигурно се полни со гости. Се очекува во викендов што доаѓа Охрид да биде дестинација за голем број домашни туристи поради престојните илинденски празници. Но, тоа значи и полни раце работа за ЈП „Комуналец“ бидејќи зголемениот број на гости носи и преполни контејнери со смет. Од ова јавно претпријатие велат дека превземени се сите мерки за поголема ангажираност на вработените за подигање на сметот, одржување на хигиената на јавните површини и на јавното зеленило. –За подобра организација во работата воведовме и трета смена. Возилата ќе подигаат...

Continue reading

kanal studencista

Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка

Post Views: 2 Каналот Студенчишта прекриен со маслена дамка. Очевидците кои ги затекнавме таму велат дека таа вчера во попладневните часови била многу поголема, а денес остатоци од масло можеа сеуште да се забележат на десниот кеј од каналот. Радован Димитриески, претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“ вели дека тоа се должи на несовесното однесување на сопствениците на пловните објекти кои ги гаражираат таму. Димитриески додава дека не е прв пат на ваков начин да се загадува каналот, а инспекциските служби да не излезат на терен. –Досега такво нешто...

Continue reading

kiosk

Хаварисаните возила, камп приколки и киосци да се тргнат од улиците

Post Views: 3 Хаварисани возила, стари камп приколки, киосци, кајчиња, претставуваат грд декор во дворното место  на неколку приватни локации во Охрид. Станува збор за објекти за кои  години наназад никој нема преземено никакви мерки за нивно отстранување.  Согласно Законот за јавна чистота и одлуката за комунален ред, општинскиот комунален инспекторат е задолжен да ги санкционира сопствениците на ваквите објекти кои не водат грижа за нив. Обраснати со трева, искршени, оставени на забот на времето, а некои од нив претставуваат и извор на зараза и собиралиште на змии и други штетници....

Continue reading

ogledalo

Скршено сферното огледало на ул.„Марко Нестороски“

Post Views: 2 За зголемување на сообраќајната безбедност, од пред некоја година градските власти во Охрид на неколку „црни точки“ низ градов поставија сферни огледала. Но, изгледа дека некому овие сообраќајни помагала му пречат. Веќе неколку дена скршено е едно од ваквите огледала, поточно огледалото на ул. „Марко нестороски“. Поставувањето на овие огледала  иако даваше позитивни повратни резултати и во голема мера ги намали сообраќајните незгоди на тие точки бидејќи обликот на огледалата придонесува да се зголеми прегледноста при сообраќање на раскрсницата. Во очекување на замена...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top