Ознака: буџетски

Буџетски форум во Струга

Post Views: 2 Центарот на заедницата на Струга во соработка со општината организираат граѓански буџетски форум. Форумот ќе се одржи утре 13ти декември со почеток во 11 часот и 30 минути во хотел Дрим Струга.Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на општината и зголемување на транспарентноста на општината. Во текот на буџетскиот форум ќе бидат презентирани општински програми за наредната година и средствата предвидени за реализирање на прокети и услуги од страна на општината  Граѓаните ќе имаат можност да достават свои предлози за...

Continue reading

persiski zaliv

Една валута за земјите од Персискиот залив?

Post Views: 52 Шест земји од Персискиот залив би требало да реализираат план за воведување единствена валута, слична на онаа која ја користат 17-те земји членки на еврозоната, истакна поранешниот главен економист на Меѓународниот финансиски центар во Дубаи, Насер Саиди. Тој потенцира дека Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Оман имаат ниска стапка на долгови, мал буџетски дефицит, голема количина девизни резерви и огромни природни ресурси, што потврдува дека воведувањето на заедничка валута има смисла. {loadposition content9}

Continue reading

ВО ОХРИД ОДРЖАН ПРВИОТ БУЏЕТСКИ ФОРУМ СО НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Post Views: 11 Во малата сала на општина Охрид се одржа првиот буџетски форум на општина Охрид, на кој учествуваа триесетина претставници на здруженија на граѓани, спортски клубови и културно – уметнички друштва. На форумот на кој присуствуваа и заменик- градоначалникот, Ристо Николески и раководители на повеќе сектори, беа истакнати повеќе проблеми со кои се соочува граѓанскиот сектор во градот. Меѓу другото, се спомена и потребата од формирање локална канцеларија за млади, изградба на младински културен центар, формирање локален совет на млади и донесување младински буџет. Се разговараше...

Continue reading

piggy bank

Македонците и со дупнати џебови, штедат

Post Views: 10 Расте штедењето- граѓаните и фирмите и во криза штедат, најмногу во денари. Банките евидентирале пораст на штедењето за 7,5% или за 178 милиони евра.,,Луѓето штедат, затоа што имаат верба во банкарскиот сектор и покрај финансиските случувања надвор, во Македонија расте штедењето, но не како минатата година,, вели претседателот на здружението за банкарство, Ѓорги Јанчевски.Вкупните штедни влогови изнесуваат 3,6 милијарди евра. Се штеди бидејќи денарот е стабилен, а банките се сигурни- уверува гувернерот Богов.,, Се зголемува довербата особено во денарско штедење, тоа...

Continue reading

lokalna

Најмногу буџетски средства за проекти од јавен интерес локалната издвоила за областите на културата и спортот

Post Views: 1 1.475.000 денари издвоени годинава од буџетот на локалната самоуправа за поддршка на проекти од интерес за општина Охрид. Се финансираат проекти од облста на културата, спортот, животната средина односно екологијата, социјалата и проекти кои се однесуваат на најмладата популација. Годинава локалната, меѓу другото ќе ја поддржи изградбата на подна површина на прифатилиштето за бездомни животни на здружението Анималиа, проектот за пренуркување на Охридското Езеро на нуркачкиот центар Амфора, Поетската ноќ во Велестово, Охрид низ виртуелни панорами, проектот на сојузот...

Continue reading

benzini

Бензините поевтинуваат од полноќ

Post Views: 3 Регулаторната комисија на денешната седница ја коригираше цената на бензините по одлуката на Владата да ја намали акцизата. Со тоа цената на безоловниот бензин ќе се намали за 4,5 денари по литар, а цената на дизел горивото ќе се намали за 2,5 денари по литар. Владата го намали и надоместокот за задолжителна резерва на нафта за 0,5 денари. Со оваа мерка Владата се откажа од 10 милиони евра буџетски приходи од акцизи. Важи за период од четири месеци, до средината на август. {loadposition content9}

Continue reading

piom sredba so gragjani

Фондот за пензиско очи в очи со Охриѓани

Post Views: 4 Само дваесетина пријавени граѓани за средбата со претставниците од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Заинтересираните граѓани, оние кои имаат реални проблеми поврзани со Фондот, имаа рок до 18ти овој месец да ги достават своите прашања со што Фондот би добил време да го разгледа нивниот проблем. Или Охриѓани немаат никакви проблеми околу своите пензиски права или се слабо информирани или пак се незаинтересирани. Од оние присутните, најмногу прашања имаше околу непризнаените години работен стаж и неостварените права од странски пензии. „Бидејќи се ова регионални...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top