Ознака: бучава

tivka soba

Најтивкото место на светот

Post Views: 10 Во оваа празнична бучава, најтивката соба на светот може да звучи примамливо. Само треба да знаете дека во неа никој не издржал повеќе од 45 минути. Најтивкото место на оваа планета се наоѓа во лабораториите Орсфилд во Минесота. Тивко е толку што звукот во неа се мери во негативни 9 децибели.Ниедно човечко тело досега не издржало повеќе од 45 минути во оваа соба во која апсолутно нема никакво одбивање на звукот, никакво ехо. “Колку потивка е просторијата, толку повеќе звуци слушаш. Почнуваш да си го слушаш срцето, дишењето на белите дробови, работата на стомакот....

Continue reading

„Дивеење“ со мотори во доцните часови низ улиците на Охрид

Post Views: 6 Љуба Алекс преку рубриката  „Ти си твојот град“ споделува со јавноста еден доста значаен проблем со кој се соочуваме сите ние во текот на летната сезона во Охрид. Големата бучава од „трки“ со мотори во доцните часови, најчесто предизвикана од млади лица. Ова е нејзиниот коментар: Токму во екот на туристичката сезона во Охрид, кога градот е полн со туристи, особено во доцните ноќни часови, се забележува голема бучава од моторцикли (мотори) кои ги возат млади луѓе. Бучавата доаѓа оттаму што тие заради мода или престиж ги турираат своите мотори со цел да предизвикаат што...

Continue reading

Sruga

Гласните маки за стружани започнаа

Post Views: 2 Апелираат до сопствениците да бидат крајно внимателни колку гласно музика ќе се слуша од нивните локали. Инспекторите најавија зачестени контроли. Стружани летово  нема да водат битка со прегласната музика која излегува од кафулињата и ноќните клубови во градот. Инспекторите за заштита на животна средина од Струга, најавиа дека веќе превземаат активности за контрола на бучавата. „Минатото лето, инспекторите  реализираа акција за мерење на нивото на бучава во сите угостителски објекти во градот. Сега работата ни е олеснета, секој ноќен клуб, кафуле, дискотека, ресторан...

Continue reading

merenje bucava

Бучавата сериозно атакува врз здравјето на мештаните, но и врз туризмот

Post Views: 7 Останавме без здравје, се жалат граѓаните на бучавоста која доаѓа  од угостителските објекти во градот и во Пешатани. Од  година во година бучавоста  станува се посериозен проблем кој негативно се одразува  врз здравјето на мештаните. Туристите  пак кои престојуваат во  стариот дел од градот и во околните туристички места се почесто бегаат од неподносливата бучава. Оние кои се занимаваат со приватно сместување резигнирано велат ,„останавме и без здравје и без пари“. За да се надмине проблемот со бучавоста, од пред три години е донесен и Закон за заштита од бучавост во...

Continue reading

Opshtina Ohrid

Ставен на увид ПРЕДЛОГ “АКЦИОНЕН ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БУЧАВАТА“

Post Views: 1 Од денес, во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при локалната самоуправа, ставен на увид предлог акционен план и програма за управување со бучавата во Охрид. Граѓаните своите забелешки и сугестии по ова прашање ќе можат да ги доставуваат до 21 Јануари идната година, а јавната расправа по истиот план ќе се одржи на 25-ти Јануари. Еден од главните проблеми со кои се соочува општина Охрид , градот Охрид , а особено стариот дел од Градот е зголемено ниво на бучава .Илјадниците гости, зголемената фрекфенција на возила, забавните и рекреативните активности...

Continue reading

merac

Агонија која не се мери

Post Views: 6 Агонијата на жителите во стариот дел на Охрид, продолжува. ТВМ синоќа сведок на уште една бесона ноќ. Во контрола извршена  од инспекторите од пазарниот инспекторат и СВР констирани  низа непрваилности во работењето. Ноќните забави и прегласната музика се причини што жителите во стариот дел на Охрид остануваат без сон. Понесени од низа поплаки на граѓани кои секојдневно пристигнуваат во нашата ТВ куќа, а се поврзани со бучавоста во зоната за домување, синоќа отидовме на лице место, со цел да видиме како изгледа Охрид во ноќните часови. Од нашата прошетка по улиците во...

Continue reading

Ohrid

Нова туристичка сезона, стари проблеми

Post Views: 1 Неподносливата бучава од кафулињата и терсите во старот ден на градот и оваа сезона ги остави жителите без сон. Раководителот на општинскиот инспекторат признава дека под притискок ја искинал пријавата за летната тераса „БАС“, лоцирана во строгиот центар на градот, во зона на домување. Група граѓани неможејќи да најдат решение за овој проблем кај надлежните, се обратија со писмо до нашата редакција. „Од најавите дека конечно ќе се стави ред на ноќниот живот во Охрид, нема ништо. Од година во година продолжува нашата агонија, меѓутоа она што се случува во моментов се...

Continue reading

fonometar

Продолжува бучавата од кафулињата

Post Views: 14 Странските гости ги откажуваат резервациите за сместување во стариот дел од градот. Прегласната музика од околните кафулиња, спиењето во овој дел од градот го прави невозможно, велат тие. Никаде во светот нема толку гласна музика онаму каде престојуваат гостите. За жал, на овој начин се уништува романтиката која некогаш беше белег на Охрид, потенцира брачен пар од Германија, кој години наназад престојува во една од куќите на самиот брег од езерото. Со ваквите изјави во целост се согласува нивниот домаќин, Павел Филев. „Никој не е против тивката музика од рестораните,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top