Успение на Пресвета Богородица – Празник на мајката Божја
Post Views: 16
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско денес го одбележува големиот христијански празник Голема Богородица. Овој ден спаѓа во дванаесетте големи христијански празници а поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Река од луѓе денес ја посетија истоимената црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, се помолија за здравје, ксмет, запалија свеќи, каснаа нафора наполнија од осветената вода а некои се причестија после двонеделниот Богородичен или Преображенски...