Ознака: Божиќ

Охриѓани ги посетија храмовите за Божиќ

Post Views: 2 Христовото раѓање, Божиќ е највеселиот празник во Христијанската вера и се слави три денови. Каде и да си за Божиќ дома да си! Е добро позната македонска изрека. Овој ден сепоминува дома со семејството, со богата трдиционална трпеза. Вториот ден на Божиќ се нарекува „Божји ден“, кој е посветен на Мајката Богородица. Тогаш луѓето се дружат, одат на гости кај роднини и пријатели и се поздравуваат со поздравот „Христос се роди!“ Вистина се роди! Нашата богата традиција изобилува со многу обичаи поврзани за Бадник и Божик. Палење на Бадниково гранче, посна бадникова вечера...

Continue reading

Денес се празнува Рождеството на Исус Христос празник познат како Божиќ

Post Views: 9 Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството, со посна но, свечена вечера и прераскажување на библиски приказни. Во Македонија Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани,...

Continue reading

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ЗА БОЖИЌ

Post Views: 1 Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитки до православните христијани по повод најголемиот христијански празник, рождество господово –Божиќ. – Упатувам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник- Божиќ. Ова е најрадосниот ден меѓу христијаните, денот кога секој од нас во кругот на нашите семејства најмногу треба да се радува и да биде со Бога. Нека празникот ви дарува полно срце, чиста мисла и бистар ум. Бидете среќни, а душата и срцето нека ви бидат исполнети со топлина и милост . Во мир и хармонија со најблиските да...

Continue reading

За Божиќ бесплатен паркинг за сите корисници

Post Views: 0 ЈП “Билјанини Извори” во пресрет на големиот христијански празник Божиќ ја известува јавноста дека утре, 07. 01. 2021 ( четврток) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе биде бесплатен за сите нејзини корисници. ЈП “Билјанини Извори:” им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет.

Continue reading

pozar

Трагичен Божиќ во САД

Post Views: 0 Три деца загинаа, а седум лица се повредени во пожар што избувнал на Божиќ во камп со приколки во Луизијана, држава на јужниот дел на САД, изјавија официјалните лица на противпожарната служба. Во пожарот загинаа браќата на возраст од 9 и 12 години, и нивната 13-годишна сестра. Родителите на жртвите и уште едно дете од семејството, како и уште четири деца биле пренесени во болница во Батон Руж, главниот град на Луизијана. Пожарот избувнал во текот на ноќта, а кога пожарникарите пристигнале околу 2.30 часот наутро приколката била во пламен. Таткото успеал да спаси само...

Continue reading

rozdestvo Hristovo

Божиќ, денот на Христовото раѓање

Post Views: 6 „Христос се роди“ и „Вистина се роди“, се зборовите со кои денеска се поздравуваат православните христијани, одбележувајќи го денот на христовото раѓање, Божиќ. Рожденството Христово на 7 јануари според Јулијанскиот календар, го слават верниците во дел од православниот свет, Македонците, Србите, Црногорците, Русите и Украинците. Божиќ е ден на семејна топлина и блискост, и претставува најрадосен христијански празник. Тоа е ден кога семејството се собира заедно и во топла и пријатна атмосфера го поминува целиот ден. На Божиќ се оди и во црква, христијаните да запалат...

Continue reading

Gospodin Stefan

Божик – празнувања, обичаи, верувања

Post Views: 4 Божик е Господски празник и се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Евангелието го опишува настанот кога се родил Господ Исус Христос. Настанот ни сведочи дека римскиот император Август заповедал да се изврши попис на населението во Империјата. Тогаш праведен Јосиф и Света Дева Марија пристигнале во Витлеем, бидејќи биле од родот Давидов.Немајќи каде да преноќат, тие отишле во пештерата каде ноќевале пастирите. И токму тука се роди Господ...

Continue reading

Бесплатен паркинг за Божиќ, подарок од ЈП „Билјанини извори“

Post Views: 12 ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07. 01. 2020 (вторник) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе биде бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божиќ и на таков начин ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање. ЈП Билјанини Извори им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет.

Continue reading

ekipaz

Екипажот на Меѓународната вселенска станица го празнува Божик во вселената

Post Views: 1 Божик денеска се празнува не само од католиците на земјата, туку и од тие кои се наоѓаат во вселената. Екипажот на Меѓународната вселенска станица (МКС) ќе го празнува католичкиот Божик со подароци, кои им беа доставени со вселенскиот брод „Прогрес М-01М“ уште пред еден месец, како и со вистинска божиќна елка. Астронаутите од НАСА Мајкл Финк и Сандра Магнес, како и нивниот руски колега Јуриј Лончаков, планираат за време на празникот да ги гледаат нивните омилени филмови и да ја слушаат омилената музика. На МКС атронаутите планираат да одбележат уште три празници во следните...

Continue reading

Православните ортодоксни христијани го слават Божиќ, Христовото раѓање

Post Views: 0 Охридските храмови по повод Божик, Христовото рождество беа преполни со верници. Црквата Св Никола во населбата Долна Влашка маала беше исполнета со голем број верници кои присуствуваа на божествената литургија. Граѓаните кои со молитва и пост во изминатите шест недели се подготвува за овој голем христијански празник, ја примија светата причест. Меѓу возрасните, голeм беше и бројот на дечиња од различни возрасти кои присувуваа на литургијата и исто така се причестија, а при тоа добија и новогодишни пакатечиња. Отец Сашо Ристески, парохиски свештеник од овој храм за ТВМ...

Continue reading

Охриѓани забрзано се подготвуваат за големиот христијански празник-Рождество христово-Божиќ

Post Views: 2 Пред Божиќ, зад Божиќ кај да си дома да си. Оваа стара поговорка се кажува и денес и не само тоа таа и се применува. Сите православни христијани за најголемиот празник Божиќ, кога се слави раѓањето Христово се во своите домови со најблиските, правејќи ги сите оние обичаи и симболи поврзани со овој ден. Празнувaњето на Божиќ започнува да се слави со Бадник, денот пред Божиќ охриѓани забрзано се подготвуваат за достојно да ги дочекаат овие убави денови. На градскиот пазар денес беше прилично раздвижено. Се купуваше овошје, зеленчук, костени, ореви и се она што е посно...

Continue reading

bozik

Божиќни адети низ светот

Post Views: 5 Славењето на Божиќ низ светот се јавува во многу различни форми. Некои можеби ќе Ви изгледаат бизарно, но за жителите во местото се сосема вообичаени. Во Шпанија постои една традиција во која луѓето ставаат трупец со нацртано насмеано лице во својот дом. Луѓето се грижат за дрвото во текот на целиот декември – го покриваат со прекривка за да му биде топло и го „хранат“ со вкусни оброци. На Божиќ, децата го кршат дрвото и му пејат. Во украинските домови, луѓето кријат пајак во елката. Личноста која ќе го пронајде пајакот ќе има добра среќа целата година. Традицијата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top