Ознака: Богородица

Манастир Калишта

Во Калишта вечерва започна одбележувањето на празникот Мала Богородица

Post Views: 5 Во манастирот „Света Богородица“ кој се наоѓа во струшкото село Калишта, вечерва и утре се одбележува големиот христијански празник „Рождество на Пресвета Богородица“. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. Манастирскиот комплекс Св. Богородица кај струшкото село Калиште е...

Continue reading

Утре се празнува Воведение на Пресвета Богородица Пречиста

Post Views: 18 На 4-ти декември православните верници го празнуваат големиот христијански празник Мајката Божја Воведение на Пресвета Богородица или кај народот познат како Пречиста. Овој празник спаѓа во дванаесетте големи празници. Тој  се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што уште немаат деца. Според прологот кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Ерусалим има три дена пат,...

Continue reading

Православните верници денес го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица

Post Views: 5 Православните верници денес го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица. Во манастирскиот комплекс во селото Калишта струшко се наоѓа единствената икона т.н. Црна Богородица која на овој ден е масовно посетена. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што се молеле пред нејзините икони за да добијат пород. И денес ако го посетите овој манастир ќе се сретнете со луѓе кои сведочат...

Continue reading

Sv.bogorodica Perivlepta

Американски грант за црквата „Света Богородица – Перивлепта“

Post Views: 21 Примарна цел на проектот кој ќе трае три години се конзерваторско-реставраторски зафати врз архитектурата и фрескоживописот на црквата. Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на САД во Република Македонија Филип Рикер денеска во Охрид ќе потпишат Договор за доделување грант за реставрација и ревитализација на манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, еден од најрепрезентативните сакрални објекти во Република Македонија. Примарна цел на проектот кој ќе трае три години се конзерваторско-реставраторски зафати врз архитектурата...

Continue reading

Православните верници денес го одбележуваат празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Post Views: 1 Православните верници денес го одбележуваат празникот на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Приказната вели дека кога Дева Марија наполнила три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја довеле од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени...

Continue reading

ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ЈА ОПРЕМУВААТ БОЛНИЦАТА „МАЛА БОГОРОДИЦА“, ЛЕКУВАЊЕТО ТАМУ НА ТОВАР НА ДРЖАВАТА

Post Views: 7 Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, по состанокот со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, во изјава за медиумите истакна дека е постигнат договор и обезбеден е дополнителен капацитет од 100 кревети за третман на ковид пациенти. Станува збор за ресурси коишто државата ќе ги користи од приватните болници. -Заеднички се договоривме тоа да биде болницата „Мала Богородица“ – старата болница на Систина, каде може да се сместат 100 пациенти. Целосно ќе бидат опремени од сите приватни болници со нивни заеднички договор. Од таму ќе...

Continue reading

Денес се празнува Рождеството на Пресвета Богородица

Post Views: 2 Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко и беше од племето Давидово, а мајка и од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи...

Continue reading

Денес е празникот „Успение на Пресвета Богородица“

Post Views: 2 Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува своите верни чеда дека за време на претстојните празници Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј ќе чиноначалствува и тоа: 1. На 28 август 2020 год. во 08:45 часот ќе биде отслужена архиерејска литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско. 2. На 29 август 2020 година, во 08:45 часот ќе биде отслужена архиерејска литургија во манастирот св.Климент и Пантелејмон...

Continue reading

Финализирана е конзервацијата и реставрацијата на црквата св. Богородица Захумска

Post Views: 8 Финализирана е конзервацијата и реставрацијата на куполата и на кровните покривачи од црквата св. Богородица Захумска која датира од 1361 година. Со конзервацијата на покривната конструкција и со замената на транзените се обезбедуваат основните предуслови за заштита од атмосферските влијанија и појава на влага во самата црква која делува деструктивно на архитектурата и на ѕидното сликарство. Во тек се подготвителните работи за отпочнување на активностите за статичко зајакнување на црквата, со што ќе се обезбеди целосна заштита на овој средновековен архитектонски бисер. Проектот...

Continue reading

Богослужби по повод храмовиот празник Успение на Пресвета Богородица–Голема Богородица

Post Views: 11 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27-ми август, сабота, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, со почеток во 17 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело, по повод храмовиот празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 28-ми август, недела, со почеток во 9 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство...

Continue reading

„Покров на Пресвета Богородица и Св. Јован Кукузел“

Post Views: 4 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 14. октомври (понеделник), во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција на Плаошник – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св. Јован Кукузел“ во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој...

Continue reading

Денес се празнува Покров на Пресвета Богородица

Post Views: 1 Православните верници денес празнуваат уште еден ден во чест на Мајката Божја- Покров на Пресвета Богородица. Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top