Ознака: Белград

Лажна дојава за бомба на летот Белград-Москва

Post Views: 7 Дојавата за наводно поставената експлозивна направа во авионот што летал на релација Белград-Москва и овојпат била лажна, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Како што соопшти МВР на 14 март во вечерните часови, ова било констатирано со контрадиверзивен увид на леталото, а полицијата работи на откривање и гонење на лицето кое испратило лажна пријава до аеродромот Никола Тесла преку е- пошта. Се додава дека во контрадиверзионата проверка на авион и безбедното евакуирање на патниците, учествувале припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЈ),...

Continue reading

Јаневски за српска Политика: Неопходна е авионска врска помеѓу Белград и Охрид

Post Views: 9 Во вчерашното издание на српскиот весник Политика, директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски после две години прави осврт и споредба на движењето на туристичката индустрија од почетокот на пандемијата до сега. При самиот почеток на пандемијата со Ковид 19, Јаневски изјави за Политика дека треба да се гради заеднички, регионален пристап за да зацели туристичката индустрија. Две години подоцна, туризмот почнува да ги регистрира првите резултати и да закрепнува. Јаневски во интервјуто за Политика вели дека развојот на туристичката индустрија се заснова на зелен турисзам, оносно...

Continue reading

Син на српска политичарка пронајден мртов во Белград

Post Views: 8 Ј.И.(25), син на српската политичарка Санда Рашковиќ Ивиќ, утрово е пронајден мртов во Белград. Според првите информации тој бил пронајден на тротоарот пред зградата во која живеел во центарот на Белград, пишува српски Курир.Ј.И. студирал на Факултетот за филозофија.

Continue reading

Спортскиот арбитражен суд (CAS) одлучи за инцидентот во Белград

Post Views: 6 CAS ја отфрли жалбата на фудбалскиот сојуз на Србија, а ја прифати онаа на Албанскиот, бидејќи не пронајде никакви докази дека Албанците одбиле да го продолжат натпреварот кој беше прекинат поради настанатите нереди. Судот смета дека прекинот настанал поради лоша организација на натпреварот и втрчување на српските навивачи на теренот, кои потоа ги нападнаа гостинските играчи. Спортскиот арбитражен суд (CAS) го прогласи фудбалскиот сојуз на Србија како главен виновник за прекинот, поради кој победата ѝ ја додели на Албанија со службени 3-0. Истовремено CAS го казни и...

Continue reading

Билдер крвнички претепа вработена во теретана во Белград

Post Views: 4 На инстаграм е објавена снимка од ужасната сцена, на која се гледа како крупен маж влетува позади пунктот, ги турка работите на под и крвнички ја напаѓа вработената. Уплашената вработена пробува да се оттргне, додека напаѓачот ја трга другата девојка од патот која му го попречува и потоа со тупаница ја удира. Сопственикот на теретаната вели дека повеќе нема да трпи вакво однесување и дека тоа е за секоја осуда. -Никогаш да не се повтори! Денеска во теретана во Нов Белград влета силеџија и претепа вработена. Ја удираше со тупаници по главата затоа што не му дозволила...

Continue reading

Првиот авион на новата црногорска компанија слета во Белград

Post Views: 7 Првиот авион на новата црногорска авиокомпанија Ер (Air) Монтенегро слета утрово на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, со што е означен почеток на комерцијални летови.Црногорскиот министер за економски развој Јаков Милатовиќ пристигна со авионот од Подгорица. По банкротот на Монтенегро ерлајнс, Владата на Црна Гора ја основаше авиокомпанијата ТоМонтенегро, која лета под брендот Ер Монтенегро.  (МИА)

Continue reading

Експлозија во Белград, има повредени

Post Views: 5 Неколку лица се повредени во експлозијата на шише со гас што се случи во центарот на Белград. Од силната експлозија се скршиле прозорците на блиските локали, додека пак од Брзата помош велат дека две лица се пренесени во Ургентниот центар, како и дека едно лице е на реанимација. Полицијата соопшти дека пет лица биле повредени во експлозијата. Според првите информации, експлозијата се случила во ресторан за брза храна, а повредени се работници и човек кој дошол да помогне, а еден од нив е со тешки повреди. Екипите на Брзата помош се на терен, а истрагата е во тек.  

Continue reading

ДРАМА НАД БЕЛГРАД: Авион со 80 патници итно слетал поради дефект

Post Views: 2 Авионот на германската туристичка организација ТУИ, со 80 патници, итно слета на белградскиот аеродром. Според „Блиц“, авионот што летал од Санторини кон Брисел слетал на аеродромот „Никола Тесла“ поради дефект и истекување на гориво. Како што може да се види на веб-страницата на Flightradar, проблемот во авионот се појавил додека летал над Тузла, па тој веднаш свртел и се упатил кон најблискиот аеродром, а тоа бил белградскиот. Авионот со 80 патници направил круг над Шабац, а потоа слетал на аеродромот во Белград.

Continue reading

Одложена е одлуката на Уефа за натпреварот Србија-Албанија

Post Views: 3 Уефа требаше во текот на денешниот ден да донесе одлука за прекинатиот квалификациски натпревар во Белград, но тоа е пролонгирано за петок. Уефа во петок ќе донесе одлука, но треба да се нагласи дека ова нема да биде одлука за евентуалните казни за српскиот и албанскиот фудбалски сојуз Можни се четири сценарија за расплет на натпреварот. Победник со службен резултат за Србија или Албанија, во зависност кого Уефа ќе го обвини за неодигрувањето на натпреварот. Може да се повтори натпреварот во Белград без присуство на гледачи, а може натпреварот да се одигра и на неутрален...

Continue reading

За Албанците еден милион евра

Post Views: 6 Бизнисменот од Косово, Бесник Бенц, им ветил еден милион евра на фудбалерите на репрезентацијата на Албанија доколку ја совладаат Србија во квалификациите за Еуро 2016. Бенц бил разочаран што на албанските навивачи не им било овозможено да дојдат во Белград, со закани за нивно апсење. “Длабоко сум разочаран со реакцијата на државата, која направи голем геноцид над нашиот народ во минатото, а сега не дозволува ниту навивачи да присуствуваат на спортски настан, односно тие нѐ ограничуваат”, рекол Бенц. “Поради тоа, ветувам, дека во случај на наша победа, ќе уплатам премија...

Continue reading

cucla

Кој е таткото?

Post Views: 1 Во Србија најчеста причина поради која мажите бараат ДНК тест е сомнежот за неверство од страна на нивните сопруги. „Мажите повеќе бараат утврдување на татковство додека жените најчесто на суд ги бараат правата над своето дете. Мажите најмногу се сомневаат во неверство а за волја на вистината зоколу 30 проценти од нив се покажува дека биле во право“, вели за Блиц др. Оливер Стојковиќ кој раководи со ДНК лабораторијата во Белград. Тој раскажува дека еден татко тестирал дури 6 деца но имал и случај во кој мајката донела четири различни мажи додека да открие кој е вистинскиот...

Continue reading

libya rebbels

Руски новинари во Либија ги најдоа заробените Срби

Post Views: 0 Новинарите од „Комсомолска правда” ги најдоа во Либија петте Срби, кои ги затворија либиските бунтовници под обвинение дека се платени снајперисти. Рускиот весник наведува дека во затвор се Зоран Николиќ и Недељко Милановиќ од Лазаревац, Милорад Јуниќ од Лозница, Милич Мартиновиќ од Аранѓеловац и Војислав Никифоровиќ од Белград, кои кажале дека бунтовниците се однесуваат коректно со нив и дека не ги тепаат. На заробениците им е кажано дека наскоро ќе бидат префрлени во Зинтан, а потоа и дома доколку сė биде во ред. Руските новинари до заробените Срби стигнале откако...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top