Ознака: Бакојани

Бакојани и Нимиц

Нимиц ги продолжува преговорите во Атина

Post Views: 6 Медијаторот Метју Нимиц денеска е на разговори со властите во Атина, ден откако се сретна со државниот врв во Скопје, во нов обид да ги приближи страните за договор околу разликите за името. Специјалниот посредник на Обединетите нации по прашањето за разликите околу името Грција и Македонија претпладнево ќе има средба со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, соопштено е официјално во Атина. Според агендата, не е предвидено Нимиц да има средби на повисоко ниво во Атина. Нимиц пристигна во Грција, по дводневната посета на Македонија, во рамки на која оствари средби...

Continue reading

Dora Bakojani

Бакојани со нови барања

Post Views: 4 Ова го изјави шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, откако во понеделникот се одржа нова рудна преговори за името. „Тие добија пораки од сите влади на Европските земји и на членките на НАТО. Се надевам дека ќе пристапат кон преговорите со поинаква политичка логика“, рече Бакојани. Од друга страна македонскиот премиер деновиве повтори дека предложеното име ќе оди на референдум. Преговарачите на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис се сретнаа во понеделникот во Женева со медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц, кој на почетокот на...

Continue reading

Dora Bakojani

Бакојани нападната на Крит со камења и јогурт

Post Views: 3 Маскирани лица ја нападнаа лидерката на Демократската алијанса Дора Бакојани во градот Ираклион на островот Крит. Напаѓачите носеле железни прачки и фрлале кон Бакојани со камења и кисело млеко, објавија грчките медиуми. Засега нема информации дали Бакојани се здобила со некаква повреда. – Долги години по ред влади, политички лидери, судски и полициски власти не направиле ништо за да ги спречат нападите на маскирани лица… Насилството и беззаконието во Грција добиваат неконтролирани размери, се наведува во соопштението на партијата во врска со инцидентот. {loadposition...

Continue reading

Bakojani

Што доби Дора Бакојани за роденден?

Post Views: 5 Водечата грчка опозициска партија Нова демократија ја казни Дора Бакојани со исклучување од своите редови, заради нејзината поддршка за мерките на социјалистичката влада Со личната одлука да гласа во парламентот за мерките за штедење, предложени од социјалистичката влада, Дора Бакојани го загуби своето место во Нова демократија, партијата во која членува веќе три децении и која некогаш беше раководена од нејзиниот татко Константинос Мицотакис, поранешниот премиер на Грција. Жестината на одговорот на нејзината довчерашна партија се огледа и во фактот дека „експресното“...

Continue reading

Дора Бакојани

Најавена средба на Дора Бакојани со Метју Нимиц во Њујорк

Post Views: 7 Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани на 27 септември ќе отпатува за Њујорк, каде ќе присуствува на заседанието на Генералното собрание на ОН. Како што соопшти грчкото Министерство за надворешни работи, на 28 септември Бакојани ќе се сретне со посреднкиот на ОН во преговорите за спорот околу името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц. За време на престојот во Њујорк, меѓу останатите, предвидени се и средби на Бакојани со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, со американскиот државен секретар Хилари Клинтон и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.{loadposition...

Continue reading

Kirijakos Micotakis

Експлозија на бомба пред канцеларијата на братот на Дора Бакојани

Post Views: 3 Рачно изработена бомба експлодира ноќеска пред канцеларијата на пратеникот на грчката владејачка партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис во Атина, предизвикувајќи само материјална штета, соопшти локалната полиција.Бомбата експлодирала на скалите пред канцеларијата на 41-годишниот Мицитакис, кој инаку е брат на грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани и син на поранешниот премиер Константинос Мицотакис. Полицијата информира дека за време на експлозијата во зградата во која се наоѓа канцеларијата немало никого, напоменувајќи дека не добила предупредување...

Continue reading

Dora Bakojani

Бакојани во посета на Белград

Post Views: 1 Местото на Србија е во европското семејство, изјави за српскиот весник „Блиц“ грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани пред денешната посета на Белград во улога на претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).Бакојани истакна дека Србија одиграла клучна улога во формирањето на ОБСЕ, со оглед на тоа што првата конференција на Организацијата, по основачката конференција во Хелсинки, се одржала во Белград. Таа напомена дека Србија упорно работи на зачувување на човековите права и правата на малцинствата, за почитување на владеењето...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top