Ознака: атракција

Фиќо во лилава боја е новата атракција во Вевчани

Post Views: 4 Нова атракција за жителите на Општина Вевчани, но и за гостите кои го посетуваат ова прекрасно место е познатото Фиќо, кое што е офарбано во лилава боја, украсено со цвеќиња и поставено пред еден од локалните кафичи. Деновиве сите посетители се фотографирааат со Фиќото, а до нашата редакција пристигна слика за рубриката „Ти си твојот град“.  

Continue reading

(ВИДЕО) Нова струшка атракција

Post Views: 31 Шарените чадори кои се поставени долж Струшката чаршија се нова атракција во градот на поезијата.  Снимка од наш гледач од Струга испратена во рамките на проектот #Ти Си Твојот Град, со коментар „Струга имаТ, Охрид немаТ“. Погледнете го видеото! https://www.youtube.com/watch?v=PWMCb-dQOYU  

Continue reading

„Небо од чадори“ во Струга е новата туристичка атракција

Post Views: 9 Шестотини чадори во различни бои висат на шеталиштето во Струга и привлекуваат внимание на минувачите. Шарената туристичка атракција, која обезбедува и убава сенка во топлите денови ја има во повеќе европски метрополи.  Чадорите се поставени од страна на Јавното Комунално претпријатие. -„Со овој декоративен проект , сакавме да направиме уште едно привлечно катче во Струга. Тука цел булевар се анместени околу шестотини чадори инцестиција која целосно чини 120 000 денари. Финансирана од нашето претпријатие“, вели Икмет Ислами директор на Јавното Комунално претпријатие...

Continue reading

samoubiec

Обид за самоубиство во срцето на Лондон

Post Views: 0 Пред Бакингемската палата во Велика Британија човек се обиде да се самоубие со нож. Човекот со себе имал два ножа, а откако бил забележан, тој бил опкружен од неколку полицајци кои му го одземале оружјето пред да стане опасен за себе или за другите. Од полицијата велат дека веруваат дека мажот сакал само да привлече внимание за време на одвивањето на позната туристичка атракција. {loadposition content9}

Continue reading

Поствулканската појава Дувало ќе стане туристичка атракција

Post Views: 6 Поствулканската појава Дувало ќе стане туристичка атракција. Оваа идеја датира одамна но сега во тек е имплементација на проектот „Дувало“ : од предизвик до решение – Промоција и заштита за одржлива заедница”. Основна цел на проектот е да се подигне степенот на заштита и промоција на природната рекост „Дувало“ преку вклучување на локалната заедница. „Дувало“ претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел, недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5м и длабочина од 30см. „Дувало“ претставува последен...

Continue reading

crkva

Се повлече водата во Мавровско Езеро

Post Views: 20 Мистеријата на Мавровското Езеро, црквата „Св. Никола“ која поголем дел од годината е потопена под вода, викендов беше вистинска атракција за туристите во викенд-населбата поради ретката можност да стапнат во неа. Викендов исполнетоста на Мавровското Езеро беше 40 проценти, па црквата беше на суво. Таа е изградена во 1857 година во тогашното Мавровско Поле и во неа се до шеесетите години на минатиот век се одржувале богослужби. Интересно е што ѕидовите на објектот кој е во распаѓање, издржуваат под напливот на водата од Езерото, па дел од покривот ѕирка над водата...

Continue reading

Катамараните и годинава атракција на Охридското Езеро

Post Views: 6   Како едно од најатрактивните доживувања на бројните туристи кои го посетуваат Охрид се охридските катамарани. Во овие приватни сепариња гостите уживаат да пловат по Охридското Езеро, разгледувајќи ги крајбрежните културно историски споменици. Не постои охриѓанец кој не го познава бродарот Наум Матов. Неговите очекувања за оваа сезона се дека ќе биде најубава, бидејќи веќе присутни се Холанѓаните а имало најава за англичани, руси, турци и кинези. Матов раскажува кои водени рути најчесто му ги бараат гостите. „Најчести прошетки ни се од пристаниште до Канео, Лабино,...

Continue reading

logo

„Монистра“ пред охридската публика

Post Views: 1 Во сабота, 22-ри Ноември 2014 година почеток 20.00 часот, за само 100 денари, охридската публика ќе може да ужива во перформансот на музичката етно атракција „Монистра“. Младата етно група  е формирана во 2002 година, во состав : Александар Јовевски              –    кавал, тамура, гајда, тапан Јован Стрезоски                      –    тамбураНиколовски Филип                 –    тамбура  Борче Ѓоргиев                         –    клавијатури Марјан Андоновски                –    тапан, тарабука, перкусииДамјан Зифовски                   ...

Continue reading

баскер

Уметничко шоу под отворено небо со Баскерфест

Post Views: 2 Љубителите на перформанси под отворено небо два дена ќе уживаат во  уличниот театар Баскерфест. Голтачи на пламен, музичари,  танцувачи, жонглери и останати уметници ќе ги покажат своите вештини и ќе ги анимираат посетителите. Ваков вид на забава  два дена ќе има на  на трите охридски плоштади како дел од уличниот театар Баскерфест.   Охриѓани и гостите  ќе имаат можност да ги проследат случувањата во сабота и недела од 19 часот па се доцните  вечерни часови. Организаторите на Баскерфест 2014 , за овој викенд во Охрид ветуваат добра забава со интересни и разновидни...

Continue reading

postament

Поставени темелите на постаментот на споменикот „Фаќач на крст“

Post Views: 8 Осветен камен темелникот на споменикот за Водици.  Денес на православниот празник Свети Атанасиј Велики, на свечен начин беше поставен камен темелникот за изградба на новото спомен-обележје за Водици кај градското пристаниште во Охрид.Чинот на осветувањето и поставувањето на камен темелникот го извршија свештеници на МПЦ, преставници на Здружението „Богојавление“, Претседателот на Совет, Гордана Коњановска и Кумот на Водици  Охрид во 2012та, Ванчо Чифлиганец кој е и донатор на споменикот. Јас како кум на Водици 2012та дадов збор и пред бога и пред граѓаните на Охрид...

Continue reading

lizgaliste

Охриѓани го сефтосаа лизгалиштето

Post Views: 0   Охриѓани го сефтосаа лизгалиштето. Синоќа тоа беше свечено отворено со неколкучасовен музичко сценски хепенинг и настап на музичката ѕвезда Ламбе Алабакоски. Градоначалникот Никола Бакрачески се обрати пред бројната публика искажувајќи задоволство од реализацијата на овој проект. Тој најави интересни содржини и за наредните денови до дочекот на Новата година и вети дека организацијата на Новогодишните, Божиќните и Богојавленски празници секоја наредна година ќе биде се подобра. Се надевам дека ние како Општина, заедно со јавните претпријатија и сите луѓе кои го сакаат...

Continue reading

lizgalka

Охриѓани и туристите за новогодишните празници ќе се лизгаат на монтажно лизгалиште на плоштад

Post Views: 8 Освен стандардната новогодишна понуда, годинава охриѓани и туристите ќе имаат можност да уживаат и во нова атракција, монтажно лизгалиште пред споменикот на „Свети Климент“. Од денес започна монтирањето на ова лизгалиште, кое според зборовите на раководителот на Секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолов, ќе биде пуштено во употреба во наредните неколку дена. „Активно се работи, вклучени се сите јавни претпријатија и покрај самото украсување на градот, сметаме дека ова ќе биде една вистинска атракција за охриѓани и за гостите кои што ќе дојдат во Охрид, затоа што за прв пат вакво...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top