Ознака: Атина

Бакојани и Нимиц

Нимиц ги продолжува преговорите во Атина

Post Views: 6 Медијаторот Метју Нимиц денеска е на разговори со властите во Атина, ден откако се сретна со државниот врв во Скопје, во нов обид да ги приближи страните за договор околу разликите за името. Специјалниот посредник на Обединетите нации по прашањето за разликите околу името Грција и Македонија претпладнево ќе има средба со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, соопштено е официјално во Атина. Според агендата, не е предвидено Нимиц да има средби на повисоко ниво во Атина. Нимиц пристигна во Грција, по дводневната посета на Македонија, во рамки на која оствари средби...

Continue reading

Czhakimarkakis

Грција да го промени името

Post Views: 0 Германскиот европратеник со грчко потекло Јоргос Шацимаркакис оценува дека Грција поради должничка криза со која се соочува има потреба од нов имиџ и предлага ново име за меѓународна употреба кое ќе и помогне на земјата за нов почеток. – За многумина во Европа името Грција асоцира на нефункционален политички систем, непотизам. Како дел од еден чесен нов почеток грчкиот Устав треба да се промени и земјата да се преименува во Хелас на сите јазици, вели Шацимаркакис во неделното издание на германскиот весник „Билд“. Тој појаснува дека „Хелас“ е името кое Грците го...

Continue reading

[„Бакни ме насекаде“ - геј парада во Атина]

Грците порачуваат: „Бакни ме насекаде“

Post Views: 1 Илјадници дефилираа синоќа низ улиците на Атина во знак на протест поради анти геј предрасудите. Шаренило низ улиците на градот и концерт со познати грчки ѕвезди – вчера по седми пат се одржа Атенс прајд, но прв пат под под покровителство на Атина и градоначалникот.Хомосексуалци, лезбејки, трансвестити наидоа на неколку пречки од полицијата, но сепак успешно го изодеа планираниот марш, приклучувајќи им се пред парламентот на огорчените Грци. Организаторите велат дека на парадата годинава и се придружиле 10 000 луѓе, двојно повеќе од лани. „ Како поминува времето...

Continue reading

protest

Грците не го сакаат антихристот на своите лични карти

Post Views: 0 Кон средината на ноември Грчката православна црква официјално побара бројот 666, како симбол за антихристот во христијанската традиција, да не се појавува во биометриските лични исправи.Неколку илјади православни фундаменталисти маршираа во неделата низ центарот на Атина. Демонстрантите веруваат дека во дизајнот на личната карта се крие „бројот на ѕверот“ и тврдат дека државата се обидува да ја засили контролата над своите државјани. Поголемиот дел од протестантите беа лица на постара возраст, меѓу кои имаше стотина православни свештеници, монаси и монахињи, како и...

Continue reading

Експлодира бомба во центарот на Атина

Post Views: 0 Силна експлозија на бомба доцна ноќеска го потресе центарот на Атина. Во експлозијата се направени огромни материјални штети на станбена зграда, уништени се десетина продавници и две возила, но за среќа нема човечки жртви. Бомбата експлодира нешто пред 23 часот пред полноќ во густо населениот кварт во населбата Ексархија. Како што јавуваат грчките медиуми, никој не бил повреден. Половина час пред експлозијата, анонимно лице се јавило во редакцијата на весникот „Ефемерида тон Синтактон“ за да предупреди на поставената бомба. Подрачјето веднаш било затворено од полицијата. Полицијата...

Continue reading

Atina

Бомбашки напад врз комплекс на банки во Атина

Post Views: 3 Бомба експлодира утрово пред деловна зграда во јужниот дел на Атина, во која меѓу останатите се наоѓаат и седиштата на грчката „Алфа Банка“ и на француската кредитна компанија „Сетелем“. Како што соопшти грчката полиција, при експлозијата е предизвикана само помала материјална штета и нема човечки жртви. Досега никој не презеде одтговорност за овој бомбашки напад.Минатата ноќ беше подметнат пожар во канцеларија на грчката владејачка партија Нова демократија во атинската населба Кипсели. И за овој напад досега никој не презеде одговорност. Полицијата смета дека зад овие...

Continue reading

univerzitet

Обид за убиство и самоубиство во Атина

Post Views: 2 Еден ученик отвори оган врз своите сооученици во школа на Агенција за вработување во Атина, по што се самоубил, јавија грчките медиуми. Засега нема други детали за инцидентот. Според првичните информации, напаѓачот бил пренесен во болница во тешка состојба, а тројца од неговите соученици се полесно повредени со прострелни рани во рамо, рака и дланка.Пред нападот тој разговарал со тројцата соученици, но потоа при неразјаснети околности  извадил пиштол и почнал пукал на еден од нив. Тој пукал и во другите двајца откако се обиделе да се вмешаат. Напаѓачот потоа избегал...

Continue reading

Atina

Напад врз салон за автомобили во Атина

Post Views: 2 Непознати лица нападнаа со „молотови коктели“ еден салон за продажба на автомобили во Атина, притоа потпалувајќи неколку возила, но нема настрадани, соопшти денеска грчката полиција. Според еден очевидец, биле уништени четири автомобили. Околу еден час по инцидентот, група од дваесетина момчиња нападнала полициска патрола во центарот на Атина и оштетила едно возило.Вчера во експлозија на рачна бомба во грчкото пристаниште Пиреј оштетени се три згради и осум возила, но немало повредени лица. Инцидентот во кој полицијата уби едно 15-годишно момче во декември минатата година...

Continue reading

Atina

Силна експлозија во центарот на Атина

Post Views: 6 Силна експлозија одекна пред Грчката корпорација за државен имот во централниот дел на Атина, при што е нанесена сериозна материјална штета, јавија грчките медиуми. Во експлозијата нема убиени и повредени.Во инцидентот е причинета штета на соседните згради и на паркираните автомобили кои се наоѓале во близина. Експлозивната направа била поставена во најлонска кеса и заврзана за уличен столб до влезот на зградата. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.Првично беше соопштено дека пред зградата експодирал автомобил-бомба.Грчката корпорација за државен имот,...

Continue reading

sudiri

Нови демонстрации во Атина

Post Views: 6 Околу 30 момчиња се судрија со полицијата во центарот на Атина, откако претходно протестираа пред парламентот, и предизвикаа штети на автомобили и продавници, соопштија грчките медиуми. Стотици демонстранти се собраа на протестна прошетка кај парламентот, која тргна од квартот „Егзархија“, каде пред три месеци полицаец уби тинејеџер и отпочна бранот протести и насилиство. Демонстрантите развиорија црвени знамиња и скандираа „државниот тероризам нема да помине“. По протестот момчињата запалија канти за ѓубре и почнаа да фрлаат камења и „молотови“ коктели кон полицијата,...

Continue reading

Atina

Три бомбашки напади во центарот на Атина

Post Views: 2 Непознати лица поставиле експлозивни направи на вториот спрат на една зграда, во која се наоѓа канцеларијата на пратеникот од опозициската Социјалистичка партија ПАСОК, Теодорос Пангалос, а исто така и пред домот на неговата ќерка и пред канцелариите на сметководството на весникот „Ризоспастис“, кој е печатен орган на грчката Комунистичка партија. Трите експлозии причиниле незначителна материјална штета и пожари, кои биле многу брзо изгаснати.Портпаролот на Владата Евангелос Андонарис остро ги осуди нападите, сметајќи дека „тие се насочени против демократијата во земјата“.       {loadposition...

Continue reading

Solun

Инциденти на новогодишната ноќ во Атина и Солун

Post Views: 0 Новогодишната ноќ помина со инциденти во грчката престолнина Атина.Непознати напаѓачи со молотови коктели ги нападнаа канцелариите на 10 банки и на два автосалона во центарот на градот. Нема настрадани во нападите, а се трага по напаѓачите. Прославата на Нова година во Атина помина во засилени мерки на безбедност поради бранот протести што ја зафатија Грција во декември, по убиството на 15-годишно момче во атинскиот кварт Екзархија. Во вториот по големина грчки град Солун во текот на новогодишната ноќ имаше судири на млади луѓе со полицијата. Околу 150 момчиња поставија...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top