Ознака: АСНОМ

СОВРЕМЕНА ВЕРТИКАЛНА И ХОРИЗОНТАЛНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦА „АСНОМ“

Post Views: 7 Деновиве завршија предвидените работни активности за обележување на хоризонталната и поставување на соодветна вертикална сигнализација на улицата „АСНОМ“. Вертикалното обележување е направено по сите современи стандарди за сообраќајно обележување. Покрај основната сообраќајна сигнализација, обележани се велосипедски патеки од двете страни на коловозот, во две насоки, со попречно поврзување помеѓу нив. Со овие активности значително се подобруваат условите за велосипедистите во Охрид и се придонесува во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај. Општина Охрид во...

Continue reading

УЛИЦАТА „АСНОМ“ ДЕНЕС ВРЕМЕНО ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА

Post Views: 0 Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека денес 15.11.2019 година од 04.00 час до 18.00 час, целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „АСНОМ “, од пресек со булевар „Туристичка“ до пресек со ул. „Сирма Војвода“. Од одделението за сообраќај, комунални дејности и улици информираат дека причина за ова се завршните асфалтерски работи на улица.

Continue reading

ПОРАДИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ОГРАНИЧЕН СООБРАЌАЈ НА „АСНОМ“

Post Views: 3 Општина Охрид ги известува сите учесници во сообраќајот дека од денес (21.10.2019 г) целата улица „АСНОМ“ или нејзини делови ќе биде затворени за сообраќај во одредени периоди од денот поради изведба на градежни активности. Се молат сите учесници во сообраќајот да го избегнуваат овој потег за сообраќање со цел непречено да се реализираат предвидените активности.

Continue reading

ИНТЕНЗИВНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „АСНОМ“

Post Views: 3 Деновиве интезивно се изведуваат градежни активности од првата фаза за реконструкција на улицата „АСНОМ“. Во моментот се работи на отстранување на старите тротоарски површини и рабници.Според проектот за реконструкција предвидено е комплетно асфалтирање на коловозот, нивелирање на шахтите и сливниците и реконструкција на тротоарите. Вкупната инвестиција за овој проект е 8.807.073,оо денари. Работите ги изведува АД „Илинден“ од Струга под надзор на АД „ЗИМ“ од Скопје.

Continue reading

116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ

Post Views: 0 Денеска се навршуваат 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ што се одржа во манастирот Прохор Пчињски, на кое беа поставени темелите на современата македонска држава. Овие два датуми се длабоко врежани во колективната меморија на нашиот народ. Двата Илиндена претставуваат историски темелник на македонската самобитност, непокор и слобода. Годишнините од Илинден и АСНОМ ќе бидат одбележани со народни собири и свечености во Скопје, Пелинце и Крушево, каде оваа година ќе се одржи централната манифестација. Празникот свечено ќе биде...

Continue reading

Расфрлан градежен шут на булевар „АСНОМ“

Post Views: 1 Неконтролираното фрлање на градежен шут се` почесто создава проблеми во тековното работење на Ј.П.„Охридски Комуналец„.  Граѓанската неодговорност во овој поглед е видлива на многу локации во градот и околината. Последниот пример на кршење на Законот за јавна чистота со кој е забрането депонирање  и фрлање на градежен отпад на јавни површини и во и околу контејнерите наменети за комунален отпад е на булевар „АСНОМ„. Големи количини од градежни материјали и шут завршиле околу контејнерите кои треба да им служат на граѓаните за депонирање комунален отпад.

Continue reading

Непријатна миризба се шири од ЈП Охридски Комуналец на улицата Асном

Post Views: 9 Огнен Шешоски во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати слика на која се гледа дворот на ЈП Охридски Комуналец на улицата Асном. Тој вели дека целиот простор наликува на депонија, но многу пострашно е тоа што од ова место се ширело доста непријатна миризба. Во продолжение прочитајте го неговиот коментар во целост :Дворот на Р.Е. Механизација од Ј.П. Охридски Комуналец што се наоѓа на ул. Асном наликува на депонија и се шири непријатна миризба во цел тој дел од градот. Во текот на летните месеци, тука и делумно се префрла собраниот отпад од едни во други...

Continue reading

Prohor Pcinski

Опожарен дел од манастирот Прохор Пчински

Post Views: 0 Изгоре обновениот Кралски конак во манастирот Свети Прохор Пчински. Иако огнот е изгаснат пожарникарите се уште дежураат на терен. Пожарот избувнал утрово во 10.20 часот, изгореле 80 проценти од конакот, јавуваат срспките медиуми, кој бил во фаза на реновирање. Портпаролот на полициската управа во Врање, Драги Стаменковиќ рече дека според досегашните сознанија нема човечки жртви и дека противпожарните екипи се на терен. Изгорел покривот, но причината за избувнување на пожарот засега е непозната. Манастирот се наоѓа на непристапен терен во подножјето на планината Козјак...

Continue reading

Тротоарите на улиците „АСНОМ“ и „Сирма Војвода“ во целост ќе бидат завршени во 2017-та година

Post Views: 0 Комплетирањето на тротоарите на овие две улици догодина ќе биде дел од програмата на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Пред три години локалната самоуправа ги уреди тротоарите од едната страна на двете многу фрекфентни улици во градов, улиците „АСНОМ“ и „Сирма Војвода“. Со овие зафати делумно беше решен проблемот со безбедноста на пешаците кој беше навистина сериозен поради фрекфентноста особено на улицата „АСНОМ“. Со завршувањето на изградбата на станбениот комплекс на оваа улица беа завршени и дел од тротарите со што изведувачите си ги исполнија обврските....

Continue reading

asnom

Асфалтирање на ударните дупки и реконструкција на тротоарите на „АСНОМ“

Post Views: 4 Улицата „АСНОМ“, една од најдолгите улици во градов, годинава ќе помине само со крпење на ударните дупки. Жителите на оваа улица ќе мора да почекаат за нејзина целосна и темелна реконструкција по теркот на неодамна реконструираните „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“. „Во тековната 2016та година покрај предвидената реконструкција на тротоарските површини, планираме и крпење на ударните дупки долж улицата „АСНОМ“ во рамките на тендерот кој што се приготвува во одделението за јавни набавки за крпење на ударни дупки, прекопи и навлаки на улиците на територијата на Охрид, каде што...

Continue reading

delegacija

Одбележување на Денот на Републиката

Post Views: 4 Годинава Македонија слави 109 години од Илинденското востание и 68 години од Првото заседание на АСНОМ.Во чест на големиот македонски државен празник, висока владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, министерот за финансии Зоран Ставрески и министерот за одбрана Фатмир Бесими, положи цвеќе пред спомениците на истакнатите македонски дејци. Покрај владината делегација на Илинденците и борците од НОБ почит им оддадоа и Делегацијата на Собранието на Република Македонија, Делегацијата на Кабинетот на...

Continue reading

Тротоарите на Булевар АСНОМ небезбедни за движење

Post Views: 3 Александар Карадимче ни испрати слика во рубриката „Ти си твојот град“, преку која реагира на несовесните граѓани кои паркираат каде што ќе им текне. Ова е неговиот коментар:Знам дека има многу слични ситуации со паркирање на тротоар, но ова е претерано. Не можеме безбедно да се движиме по тротоарите на Булевар АСНОМ во Охрид – вели Карадимче.

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top