Ознака: апелира

ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ АПЕЛИРА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ОБЕЛЕЖАНИТЕ ПАРКИНГ МЕСТА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Post Views: 6 Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ја информира јавноста, а особено несовесните граѓани, кои спротивно на правилникот за регулирање на начинот за користење на паркинг место, одобрен од Советот на општина Охрид, ги паркираат своите возила на места обележани за паркирање на лица со попреченост, дека во иднина секој таков прекршок ќе биде пријавуван до надлежните служби. Подолг период вработените на јавните паркинзи им укажуваа на несовесните граѓани, но проблемот продолжува. ЈП „Билјанини извори“ уште еднаш апелира до сите граѓани да го почитуваат правото за користење...

Continue reading

Охриѓани да помогнат со почитување на мерките апелира медицинскиот кадар од Општа болница

Post Views: 3 95 пациенти позитивни на ковид 19 се лекуваат во охридската болница, а од нив 40 се на кислородна поддршка, информира д-р Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница. Постојано се менува состојбата со болничкото лекување на пациенти позитивни на ковид 19, а во моментов има 15 слободни болнички кревети. Дополнителен број на болнички кревети ќе се добијат со поставување на модуларната болница. Во меѓувреме, доколку има потреба од болничко лекување, ние нема да оставиме ниеден пациент без болнички третман, вели директорот Балевски. Болницата се очекува да биде ставена...

Continue reading

„Ова не е шега“ – апелира Филипче до граѓаните

Post Views: 1 Во регионот на општините Дебар и Центар Жупа од денеска се воведува кризна состојба  поради коронавирусот, откако таму се откриени четири нови случаи на заразени со Ковид-19. Се работи за лица кои биле во контакт со  брачниот пар повратници од Италија.  Со тоа вкупниот број на заразени од коронавирусот во Северна Македонија се искачи на 13 лица, но се очекува отпуст на првозаболената пациентка, која веќе не покажува симптоми на болеста. Севкупно, во изолација во моментов се 45 лица.  Во регионот на  општините Дебар и Центар Жупа  ќе биде ограничено движењето, , соопшти ...

Continue reading

Ковид 19

Рекордно заразени со ковид во Албанија, Рама апелира на вакцинација

Post Views: 2 По рекордниот број заразени со ковид-19 во Албанија, премиерот Еди Рама упати јавен апел за вакцинација до сите што тоа до сега не го сториле. Вакцинирајте се што побрзо. Имунизацијата не ве заштитува од зараза но болеста ќе ја минете полесно. Од тие што болнички се лекуваат дури 90 отсто не се вакцинирани – апелираше Рама. Во последното деноноќие во Албанија, според тамошното Министерството за здравство од направените 5.694 тестирања регистрирани се 1.236 нови случаи на заразени со ковид, починале четири, а оздравеле 329 лица. Активни на болеста се 7.952 случаи,...

Continue reading

ОПШТИНА ОХРИД АПЕЛИРА ДА СЕ ОТСТРАНАТ ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД „САРАИШТЕ” И „КАНЕО”

Post Views: 4 Општина Охрид упатува апел до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас во „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок. Пловните објекти треба да се отстранат заради тековно одржување, уредување и чистење на крајбрежјето во овој потег од општината.

Continue reading

Цветановска апелира: Најдете време за превентивни прегледи

Post Views: 0 Билјана Цветановска е само една од охриѓанките кои се соочиле со борбата против карцином на дојка. Пред 4 години, сосема случајно и бил дијагостициран ран стадиум на ова заболување. Не е ни малку пријатна веста, збунувачка е и полна со прашалници, вели за тие моменти Цветановска. Поминала моменти, како што вели, на сooчување со стрaвот и борбата со болеста. Во лавовскатa борба со неа било и нејзиното семејство. Цветановска не сака да зборува низ што се поминала во текот на лекувањето, но сака во знак на розовиот октомври да помогне со добронамерен совет до своите сограѓани....

Continue reading

logo

Детска порнографија преку „Facebook“ профил

Post Views: 1 МВР апелира родителите да пријават ако нивните деца добиваат пораки од профилот на „Тони Монтана“. „Tonyy Montana (Montana)“ е профилот Фејсбук на кој скопјанец објавувал слики со детска порнографија. Полицијата поднесе пријава против 34-годишниот Т.Ч. од Скопје кој е осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија. МВР апелира доколку родителите забележат дека на „Фејсбук“ профилите на нивните деца се забележат пораки од профилот на Тони Монтана да пријават во најблиската полициска станица. Како што потврдуваат од полицијата, на 3 март годинава, Т.Ч....

Continue reading

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Post Views: 7 Владата на Република Северна Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите. Од денес (вторник, 3 август) стапува на сила  целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката.

Continue reading

sini kartoni

ФЗОМ апелира невработените побргу да се пререгистрираат

Post Views: 0 Во денешното соопштение, Фондот апелира до невработените да се пререгистрираат во подрачните единици. Пререгистрацијата се врши со потпишување изјава за остварени приходи и презаверка на здравствените легитимации и со потполнување на барање за издавање електронска здравствена картичка. – Иако ФЗОМ ги повика сите невработени два месеци пред стапувањето во сила на Законот за социјални придонеси и Законот за здравствено осигурување, а со цел обезбедување континиутет на здравствено осигурување кај невработените лица, мораме да констатираме дека одѕивот на невработените...

Continue reading

завод

Советот на Хидробиолошкиот Завод апелира за строга заштита на Студенчишкото блато

Post Views: 2 На седницата на Советот на Хидробиолошки Завод, одржана на 28.11.2014 година беше разгледувано Барањето за мислење по однос на измените и дополнувањата на ГУП за Охрид. Ставот на научните работници кој се однесува за Студенчишко блато е следниот: „Советот посебно апелира да се обрне внимание на строга заштита на Студенчишко блато кое е природен резерват на ендемични растителни и животински видови и плодишта за многу видови ципринидни риби. На крај напоменуваме дека на овој локалитет треба да се избегнуваат секаков вид на градежни активности“. Овој став стои и во записникот...

Continue reading

logo

Водата безбедна за пиење

Post Views: 2 Од Центарот за јавно здравје велат дека последните параметри кои се направенои пред десетина минути покажале дека во водата има дезинфекционо средство и дека е безбедна за пиење. Бромологот Сашо Точков апелира до граѓаните дека доколку повторно дојде до подолг прекин на напојување со електрична енергија да не се користи водата за пиење без претходно да се проврие бидејќи во тој случај поради нефункционирањето на пумпите за дезинфекција водата не е хлорирана. {loadposition content9}

Continue reading

akcija

Исклучете ги светилките за спас на нашата планета

Post Views: 8 Македонските граѓани масовно да ја поддржат Глобалната акција „Час за нашата планета“ („Earth hour“) со исклучување на светилките од 20 часот и 30 минути до 21 часот и 30 минути, апелира Министерството за животна средина и просторно планирање. Акцијата е на глобално ниво, односно се спроведува во сите земји во светот, почнува во 20 часот и 30 минути по локално време и ќе трае еден час. Со исклучувањето на светилките се покажува солидарност во борбата против климатските-промени. Покрај домаќинствата, во акцијата можат да се вклучат и останатите потрошувачи на електрична...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top