Ознака: апелираат

Лидерите на верските заедници во земјава апелираат граѓаните да бидат поодговорни кон себе и блиските за опасноста на корана вирусот

Post Views: 6 Едногласен апел упатија денес лидерите на верските заедници во земјава до сите граѓани. Повикаа за одговорен однос кон себе си и ближните, а опасноста од вирусот да ја сфатат како реална и сериозна по животот и здравјето. Имајќи ја предвид сериозноста на заканата од пандемијата предизвикана од коронавирусот тие го пофалиле неуморниот труд на лекарите и на медицинскиот персонал при справувањето со вирусот. Според нив, најсоодветниот израз на благодарност за подвигот на здравствените работници треба да се покаже на дело – со почитување на изречените мерки од надлежните...

Continue reading

Од охридската ТППЕ апелираат до граѓаните да внимаваат при палење на нивите и стрништата

Post Views: 4 Охридските пожарникари секоја година во овој период се соочуваат со интервеници на отворени пожари кои ги предизвикуваат граѓани кои ги палат на нивите за да се ослободат од сувата вегетација, вели Спасе Прентоски командир на ТПП. При тоа запалениот оган им бега од контрола и ја загрозува околината, напоменува командирот Прентоски. Апелира граѓаните да внимаваат при палење на нивите и стрништата, а посебно да се внимателни на излетиштата доколку нема карантин за време на Првомајските празници. „Доколку бидеме ослободени и овој викенд на 2 мај се искористи како излетнички...

Continue reading

Пчеларите апелираат внимателно со употреба на инсектициди

Post Views: 0 Пчелите се помалку ги има во овоштарниците во фаза на цветање и опрашување на дрвата. Одгледувачите на пчели постојано се соочуваат со грижи за опстанокот на пчелите. Сега стравуваат за безбедноста на пчелните семејства по сознанието дека на македонскиот пазар годинава го нема инсектицидот Маврик. Овој хемиски препарат не е штетен за пчелите за разлика од други видови на инсектициди кои ги користат овоштарите во фаза на цутење на овошките. Пчеларите, стравуваат доколку овоштарите применат други препарати може да доведат до помасовно угинување и ќе го загрозат опстанокот...

Continue reading

Загрижени угостителите апелираат Елем совесно да стопанисува со водостојот на Охридското езеро

Post Views: 5 Високиот водостој на Охридското езеро кој во моментов е 20 см над дозволената кота им прави големи штети на угостителите и на жителите на крајбрежниот појас. Подолго време трае загриженоста и на угостителите и на жителите. Угостителските објекти трпат високи штети бидејќи и при мртов бран, од осцилација на водната површина, им се поплавуваат терасите, а жителите пак стравуваат од нарушување на стабилноста на куќите, вели Михаил Мишев претседателот на угостителскиот еснаф Охрид. „ Таков висок водостој не се памети многу долго време. Мислиме дека е резултат на несоодветно...

Continue reading

Туристичките работници апелираат повторно да се обнови уништениот Мост на желбите

Post Views: 2 Туристичките работници очекуваат повторно ставање во функција на мостот на желбите. Мостот кој настрада во саботата при силниот ветар и брановите и пред невремето на одредени делови беше оштетен. Туристичките водичи меѓу кои и Горан Пинза од Битола апелираат што побрзо мостот да се обнови. Тој појаснува дека најчесто турите со гости ги почнуваат од Горан Порта кон Св Јован Канео па се спуштаат по мостот кон Света Софија. „ Гостите ги гледаат двете плажи Канео и Потпеш и стигнуваме брзо до Света Софија. Од приватен аспект кога доаѓам во Охрид  тие плажи ми се омилени....

Continue reading

Епидемиолози и доктори апелираат да се намали изолацијата на асимптоматските случаи

Post Views: 5 Комисијата за заразни болести ќе се состане по божикните празници за да ја разгледа можноста да се намали траењето на изолацијата на асимптоматските случаи на заразените со коронавирусот.Деновиве епидемиолози и доктори апелираат изолацијата за асимптоматските случаи да се намали од десет на седум дена, поради различните карактеристики што ги манифестира сојот омикрон кој веќе се шири во земјава. Според актуелните протоколи, позитивните одат во изолација 10 дена доколку се без симптоми, а 20 дена ако покажуваат знаци на болеста. Во услови на ширење на омикрон кој ги...

Continue reading

Велосипедистите повторно апелираат за изградба на безбедна велосипедска патека на стариот пат Охрид Струга

Post Views: 0 Безбедна велосипедска патека на стариот пат Охрид Струга, бараат велосипедистите. Апелот доаѓа, откако пред неколку денови повторно беше тешко повреден велосипедист од Струга на патот Охрид Свети Наум, кај населбата Елешпец. Претпоследната тешка сообраќајка на стариот пат кон Струга кај Подмолје , во која   животот го загуби 17 годишен велосипедист од струшко Ливада  се случи пред два  месеци.   Спортистите се жалат, велат немаат рекреативни патеки за тренинг, па најчесто тренираат на стариот пат мегу двата градови. Тој сообраќајен  правец е потполно небезбеден, често...

Continue reading

treva

Пристигнаа крлежите

Post Views: 8 Внимавајте, почна сезоната на крлежите. Наглото зголемување на температурите после долгата и влажна зима се идеални услови за нивно размножување. Ги има во грмушките, високите треви, на дрвјата, а граѓаните често се жртви на овој пајаковиден членконог. Директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов вели дека добро треба да се искоси тревата во дворовите и парковите затоа што крлежите најмногу ги има во тревата и на влажните места. Лекарите објаснуваат дека не секој крлеж е заразен, но апелираат каснатите да побараат помош оти болеста може да се развие и по...

Continue reading

ujp

Истекува рокот за поднесување на годишната даночна пријава

Post Views: 7 Поднесувањето на годишната даночна пријава и натаму задава главоболки и на вработените во УЈП и на самите граѓани. Најголемиот број на граѓани сеуште се неинформирани за оваа обврска и начинот на нејзино исполнување. За оваа цел, УЈП подготви информативни материјали кои бесплатно можат да се преземат од официјалната страна на Управата, од каде што може да се преземе и образецот за годишната даночна пријава или пак истиот да се побара на шалтерите во Управата. „Секој граѓанин кој што остварил приходи во земјата или во странство за 2010 година, должен е да ги пријави...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top