Ознака: ансамбл

Фолклорниот ансамбл „Отекс“, со прва награда од Хрватска

Post Views: 8 Фолклорниот ансамбл „Отекс“, остануваат вистиниските фолклорни амбасадори. Нивниот настап и презентацијата на кореографијата на „Биљана платно белеше“, им ја донесе, Шампионската титула „Лоран“ на истоимениот фолклорен фестивал, кој неодамна се одржа во Водњан Хрватска. Во конкуренција од десет ансамбли од Македонија, Италија, Австрија и Хрватска, охридските играорци и играорки, се покажаа како најдобри. Бојан Трајчески – менаџер ФА „Отекс“ истакна дека се презадоволни од ова признание добиено во толку силна конкуренција и дека сеуште се под импресии од реакцијата на...

Continue reading

На културно – забавното лето „На зајдисонце“ гостуваа Фолклорен ансамбл и оркестар од Модра – Чешка

Post Views: 2 Беше тоа една исклучително интересна вечер во која публиката уживаше во фолклорот од Моравија, носиите и уникатните инструменти кои се обележје на регионот Модра. Гостите од Чешка претходниот ден настапија во Охрид, во детското одморалиште „Славејче“. Тие беа гости на Здружението „За Трпејца со љубов“. Синоќа на сцената кај Бунарот како што ја викаат трпејчани гостуваше куклениот театар „Си беше еднаш“ од Охрид. Децата и возрасните уживаа во изведбите на брачната двојка Снежана и Тони Попови. „На зајдисонцето“ тие премиерно ја изведоа куклената претстава „Трите најверни...

Continue reading

Прекрасен концерт одржа Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“. Играорците одбележаа 3 и пол децении постоење, а за настапот се бараше билет повеќе. Маестрално беа одиграни ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава.

Post Views: 2 Јубилејот 35 години постоење на Фолклорниот Ансамбл „Отекс фолк“ беше одбележан со прекрасен целовечерен концерт на 4 генерации играорци и 2 музички постави. Сегашните и поранешните членови на ансамблот го прикажаа нашето фолклорно богатство пред преполната сала во Центарот за култура „Григор Прличев“. Љубителите на народниот фолклор ја исполнаа салата до последното место. Се бараше билет повеќе за да се ужива во македонскиот мелос и традиција. Играорците маестрално одиграа ора од охридско, но и од останатите краишта на земјава. Се виеја ора од Источна Македонија, Егејска...

Continue reading

Oteks Folk

ФА „Отекс Фолк“ на романскиот фестивал Карпати

Post Views: 15 Фолклорниот ансамбл „Отекс Фолк“ од 9 август  па се до 17 август ќе учествува на Меѓународниот фестивал „Карпати“ во Питеши, Романија. Фестивалот има натпреварувачки карактер и на него ќе учествуваат уште единаесет други ансамбли од светот. Во исклучително силна конкуренција фолклорните ансамбли ќе се борат за  главната награда од 5000 долари. ФА „Отекс Фолк“, кој дo 2011 година функционираше како КУД „Отекс“ е формиран во 1983 година. Во својата 31-годишна традиција има учествувано на многу реномирани меѓународни фолклорни фестивали како во Европа така и во САД, Канада...

Continue reading

Balkanski

„Танец“ ќе го отвори 53 -тото издание на Балкански фестивал

Post Views: 5 Националниот ансамбл „Танец“ ќе го отвори годинешното 53-то издание на Балканскиот фестивал. Заедно со  „Танец“ на отварањето ќе настапи и фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Бугарија. Директорот на  националниот ансамбл за народни песни и игри Зоран Џорлев открива дека членовите на „Танец“ подготвуваат квалитетна програма која ќе биде премиерно изведена на сцената на Долни Сарај. „ На отварњето на Балканскиот фестивал ќе одиме  за прв пат со нова изведба. За прв пат ќе ја изведеме новата игра „Кумановка“  која  е атрактивна, доста е интересна. Ние бегаме од стилизација,...

Continue reading

ohrid open 14

Музика, фолклор, танци и прекрасни носии-прв Охрид Опен 2014

Post Views: 2 Нов фестивал на народни песни и игри, Охрид Опен 2014. Четиринаесет фолклорни групи од повеќе различни земји, како и два домашни фолклорни ансамбли ќе ги презентираат своите народни игри, песни, и прекрасните и колоритни традиционални носии. Од Русија, Литванија, Украина и Полска, па се до балканските Словенија, Србија, Бугарија. Во своето премиерно издание, Охрид Опен успеа во нашиот град да собере преку 480 учесници. „Целта е да се дружиме со фолклорните групи, со некои групи и соработуваме, ќе ја покажат сите групи традицијата, обичаите на самата држава, носиите и...

Continue reading

Танец

„Танец“ ќе го отвори Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Post Views: 0 Утврдена програмата која ќе се изведува на 52 -то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. На ревијалниот фестивал, во текот на 4 дена колку што трае, ќе се претстават 10 -тина земји од Балканот и Европа.  На 6-ти јули, на сцената на Долни Сарај, фестивалот ќе биде отворен со македонскиот национален ансамбл „Танец“. „ Фестивалот ќе го отвори националниот ансамбл „Танец“ со  досега неизведувана  кореографија, информира Драгана Боцевска. Игрите се од Малешевскиот крај на Источна Македонија  и досега не се прикажувани или пак одмна не биле изведувани од...

Continue reading

FA Oteks

Отексовите играорци 3 децении амбасадори на нашиот фолклор

Post Views: 7 Поранешните и сегашните играорци од  фолклорниот ансамбл „Отекс“ со  свечен концерт го одбележаа своето 3 децениско постоење. Со беспрекорна изведба на народни игри и песни, пратени од нивниот оркестар, за охриѓани приредија музичка вечер за паметење. Програмата беше спој на поискусните и помладите играорци кои пред пред многубројната публика покажаа како се игра со срце  и потврдија дека се на врвот меѓу фолклорните ансамбли. На свечената прослава, синоќа, на игарорците од Отекс,  со музички настап им се прилкучија и нивните гости,  фолклорните ансамбли од Ваљево, Србија...

Continue reading

ansambl Biljana

60 години ансамбл „Билјана“

Post Views: 66 Неповторливите изведби на  старите охридски песни од нашиот познат ансамбл „Билјана“ овековечени преку нивните настапи, со години ги воодушевувале почитувачите на староградската музика. Овој пат по повод еден прекрасен јубилеј, мајсторските звуци на овој ансамбл ќе ни ги пренесат нивните подмладоци од групата „Билјана Јуниор“. „Ова е музички хепенинг по повод шеесет години постоење на ансамблот „Билјана“ кој го организираме ние, групата Билјана јуниор во нивна чест. Ќе се одржува во месноста Сараиште на 8 Септември со што воедно се приклучуваме и кон одбележувањето...

Continue reading

Kuzman Pop Stefanija

Обновен ансамблот „Билјана“ под менторство на Кузман Поп Стефанија

Post Views: 51 Ансамблот јуниор „Билјана“ во нов состав настапи синоќа на Охридскиот староградски фестивал. Настапот на младите музичари се гордост на доенот на охридската староградска музика, оснивачот на некогашниот легендарен ансамбл за строградски песни „Билјана“, Кузман Поп Стефанија. Под негово менторство талентираните музичари работат повеќе од шест месеци.Тој  вели никогаш во животот немал трема како синоќа пред  нивниот настап. Но, покрај тремата почувствувал и неизмерна гордост што се  продолжува негувањето на охридската старограска песна. „Пред нас беше Садило, ние инспирарани...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Центарот „Порака“ и ансамблот „Македонка“, добија нови простории

Post Views: 6 Едногодишните преговори со локалната самопуправа, вродија плод.Она што ни вети, градоначалникот го исполна, велат од овие невладини организации.    Градоначалникот Александар Петрески,ги пушти во употреба новите простории на центарот Порака и ансамблот Македонка. „Овие локации градоначалникот ни ги додели пред година и пол. Локланата самоуправа максимално се заложи во решевањето на нашиот просторен проблем, на што сме максимално задоволни, затоа што конечно некој се сети и на нас, и нашите нереализирани желби“, рече претседателот на невладината организација Порака. На...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top