Спасителите од Црвен крст ангели чувари на охридските плажи
Post Views: 3
Во еден ден спасени три животи. Спасителите на вода, вистински херои, само вчера извлекоја три активни давеници. Две деца спасени од давење во базен и едно лице од плажата „Парк“.
Спасителите на вода ова лето подарија вкупно 15 животи. Од давење спасиле деца, непливачи, пијани и лица кои си ја прецениле силата.
„Најчести причини за кои настапува давење се топлотни разлики , значи неправилно влегување во вода, прејаденост, влегување во вода под дејство на алкохол и наркотици, неумеење да се излезе од вода односно незнаење да се плива. И други општи причини кои...