Ознака: азил

logo

Да се умре за азил

Post Views: 5 Едно лице го изгуби животот, а 77 се повредени во понеделникот во австралиското прифатилиште за баратели на азил во Папуа Нова Гвинеја, соопштуваат австралиски претставници. Австралија сите бегалци кои илегално влегуваат на нејзина територија ги испраќа во оддалечени прифатилишта во Тихиот океан, за да ги одврати од опасните патувања во трошни и претоварени чамци. Триесет и пет лица до сега побегнале од прифатилиштето на островот Манус во неделата вечерта, при што неколку од нив беа повредени. Министерот за внатрешни работи Скот Морисон изјавил дека во прифатилиштата...

Continue reading

avion

Киднапирал авион, за да добие азил

Post Views: 11 На аеродромот во Женева утрово принудно слета етиопски авион со повеќе од 200 патници и членови на екипажот. Киднаперот – копилотот на авионот бара азил во Швајцарија. Киднапирањето на патнички авион од Етиопија мина без поголеми последици. По безбедното слетување повеќе од 200 патници и членови на екипажот без никакви повреди го напуштија авионот. Според информации на швајцарсакта полиција копилотот своеволно ја презел командата врз авионот, кога капетанот бил во тоалет. Копилотот потоа издејствувал принудно слетување во Женева. Потоа тој се спуштил со сајла...

Continue reading

“Ограничување за азилантите од екс Ју”

Post Views: 1 Министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман побарал од Берлин да превземе мерки за ограничување на азиланти од земјите на бивша Југославија. Во интервју за германската новинска агенција DPA, која ја пренесуваат германските медиуми, Херман рекол дека станува збор за “масовна злоупотреба на правата за азил” која мора да биде ограничена и предложил да им се укине државната помош која им се дава на овие луѓе, поради која и доаѓаат многу во Германија. Баварскииот министер министер рекол дека огромниот број на барања за азил им штети на азилантите од другите делови...

Continue reading

imigranti

Во Австралија и до азил, малку потешко

Post Views: 1 Во Австралија стапи на сила кодекс за бегалец,преку кој се утврдуваат правилата на однесување на странците кои побарале азил во земјата. Согласно кодексот, од бегалците се бара да ги почитуваат локалните закони, вклучувајќи ги и правилата на сообраќајот, да ги почитуваат правилата на властите по секакви прашања, како и да не го вознемируваат локалното население, да не го плашат, да не влегуваат во конфликти и да не учествуваат во антиопштествени појави. „Кодексот им дава право на властите, на оние кои нема да го почитуваат кодексот, да им ја одземат визата или да им...

Continue reading

gadafi

Гадафи ќе бара азил во Србија или Хрватска?

Post Views: 1 Членката на преодниот национален совет на Либија Фатима Махмуд изјави дека Моамер Гадафи би можел да побара азил во Чад, Алжир, Венецуела, Хрватска и Србија – објави Танјуг.Таа за „Вечерњи лист“ изјави дека Гадафи е се уште во Либија но го напуштил Триполи.„ Располагаме со информации дека ако не биде уапсен или убиен Гадафи би можел да бара азил во 5 држави со кои има добри односи“ вели Махмуд, наведувајќи дека тоа се Чад, Алжир, Венецуела, Хрватска и Србија. Махмуд вели дека тој со моќни политичари или со официјалната власт од овие земји има добра комуникација и дека...

Continue reading

logo

Зголемен бројот на барањата за азил

Post Views: 3 Бројот на поднесени барања за азил во развиените западни земји се зголемил за 10 отсто во првите шест месеци оваа година, а 80 отсто од тие барања доаѓаат од Авганистан. „Вкупно 185.000 барања се поднесени од јануари до јуни оваа година, посебно поради лошата состојба во Авганистан и Сомалија“, се наведува во соопштението објавено во среда во седиштето на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци(УНХЦР) во Женева. Од тој број, околу 12.000 Авганистанци и 11.000 Сомалијци побарале азил во 40 индустриски развиени држави.И покрај тоа, Ирачаните и натаму поднесуваат...

Continue reading

Muntadar Zaidi

Новинарот кој го гаѓаше Буш со чевли бара азил во Швајцарија

Post Views: 2 Ирачкиот новинар Мунтадар ал-Заиди, кој со чевли го гаѓаше американскиот претседател Џорџ Буш бара азил во Швајцарија. Заиди, кој во затвор во Багдад чека почеток на судењето, се плаши за својата безбедност, пишува весникот цитирајќи го неговиот адвокат. Од моментот на апсењето тој повеќе пати е претепуван, има скршена рака и ребра и внатрешни крварења, изјави минатиот месец за Би-Би-Си неговиот брат Дархам. Адвокатот Погија рекол дека го конактирало семејството на Заиди кое испратило писмо до швајцарското Министерство за надворешни работи и побарало помош Заиди да...

Continue reading

Omar i Osama

Шпанија одби политички азил за синот на Бин Ладен

Post Views: 2 Шпанија одби да му даде политички азил на Омар бин Ладен, еден од синовите на водачот на терористичката Ал Каеда, Осама бин Ладен. Шпанија смета дека безбедноста на Омар на Блискиот исток не е загрозена, како што тој тврди. „Причините кои ги наведе не се уверливи дека неговиот живот е во опасност”, изјави синоќа неименуван шпански извор, цитиран од западните агенции. Портпаролот на шпанското Министерство за надворешни работи не можеше ниту да ја потврди, ниту да ја демантира информацијата. Омар бин Ладен (28), кој најчесто престојува во Египет и има саудиски пасош, побара...

Continue reading

Груевски во Будимпешта, бара политички азил

Post Views: 0 На фејсбук-профилот на поранешниот премиер Никола Груевски, по кого е распишана потерница заради издржување на двегодишна затворска казна, се појави порака дека тој е во Будимпешта и дека побарал политички азил од унгарските власти, откако последните денови добивал закани по живот. Засега не се знае дали профилот на Груевски е хакиран или навистина тој самиот ја напишал пораката. „Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија....

Continue reading

azilanti

Барањата за азил ќе се решаваат за самo седум дена

Post Views: 8 Со измените на законот кој ги регулира прашањата за азилантите, а кои Министерството за внатрешни работи на Сојузна Република Германија ги подготвува деновиве, ќе биде ставен крај на лажните азиланти што доаѓаат од балканските држави. Како што пренесува “Дојче веле”, процедурата е проста. Македонија и останатите балкански земји ќе бидат декларирани во листата “земји на сигурно потекло”, со што барањата за азил ќе се решаваат во куса постапка за само седум дена. Тоа, според законските измени , ќе се оствари со едноставно колективно категоризирање...

Continue reading

azilant

Германија, дестинација број еден за македонските азиланти

Post Views: 2 Минатата година безмалку 10 илјади барања за азил од македонски државјани биле поднесени до германските служби. Податоците на Сојузната служба за миграција и бегалци покажуваат дека ако пред две години бројот на македонски азиланти изнесувал 1700 денеска е 5 пати повисок. Вицепретседателот на службата Михаел Гризбек за Дојче Веле, истакнува дека околу 130 илјади барања за азил минатата година пристигнале во Германија. Според него Србија е лидер во регионот по бројот на азиланти, додека Македонија е на 4-та позиција. Од воведувањето на визната либерализација бројот на...

Continue reading

viza

Суспендирањето на слободниот визен режим за Македонија сеуште актуелно

Post Views: 4 Иако бројот на македонски баратели на азил во Германија е намален, суспендирањето на слободниот визен режим е актуелно, особено по писмото до Даблин на министрите на Германија, Австрија, Холандија и Велика Британија, информира Дојче Веле. Укинувањето на слободното движење во Европа поради стотината сиромашни луѓе од Македонија кои бараат подобар живот во Германија го сметам за – авантуристички. Алармот на министерот Фридрих го гледам само како тема која е во контекст на престојните избори. Но, до толку повеќе е загрижувачки ако се знае дека германското МВР заедно...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top